НОВИТЕ CITROËN BERLINGO И CITROËN C4 CACTUS СЕ ФИНАЛИСТИ ЗА НАГРАДА НА AUTOBEST 2019

Жирито на европскиот AutoBest ги објави 6-те финалисти од повеќе од 20 кандидати. Во рамките на овој престижен натпревар Citroën во финалето учествува со 2 модели, новото Citroën Berlingo и новиот Citroën C4 Cactus. Oткако постои оваа награда, веќе 18 години, за прв пат се случува еден производител да има 2 модели во финалето. Освојувачот на наградата "Best Buy Car of Europe" за 2019 година ќе биде објавен на 15-ти декември. Воедно, Линда Џексон, извршниот директор на Citroën доби награда за најдобар врвен менаџер, прва жена во ManBest алејата на славните.

Citroën Berlingo, најпродаваниот модел на Citroën во речиси 17 земји во 2017 година, во моментов е  најпродаван модел на Citroën веднаш по C3. Во Европа тој е вториот најпродаван модел на повеќенаменски возила и останува во топ три во својот сегмент. Oд лансирањето во 1996 година па сѐ до денес, произведени се повеќе од 3,3 милиони возила. Оваа нова генерација, инспирирана од очекувањата на клиентите, е совршена илустрација на новото мото “Inspired by You”. Новото Citroën Berlingo со својата просторност и функционалност како и иновативна понуда во смисла на дизајн, прилагодливост и практичност, е идеален избор за луѓето со активен стил на живот.

Со својот уникатен карактер, новиот C4 Cactus е ултра комфорен компактен автомобил. Овој нов модел претставува надополнување на првичниот C4 Cactus, ставајќи го во нова димензија во однос на технологијата и опциите на моторот, додека продолжува да се издвојува преку својата единственост и удобност. Новиот C4 Cactus е дел од Citroën Advanced Comfort® програмата за сеопфатен пристап кон комфорот и нуди беспрекорна удобност во возењето со иновативната технологија за потпирање со Прогресивни хидраулични перничиња (Progressive Hydraulic Cushions™ – PHC), која ги филтрира нерамнините на патот така што имате чувство дека лебдите на летечки килим, а воедно е и првото возило во светот со седишта Advanced comfort.

Жирито составено од  31 член од 31 европска земја, ќе ја донесе својата финална одлука врз основа на 13 критериуми меѓу кои вредност за парите, дизајн, удобност и технологија, како и достапност на услугите за сервис и резервни делови во дистрибутивните мрежи. По групните тестови, кои ќе се одржат на 27 и 28 ноември, возилото кое ќе брои најмногу гласови ќе ја освои оваа престижна награда.

Победникот ќе биде официјално објавен на 15-ти декември.

Подгответе се за летно сметање на времето

Како и секоја година така и оваа година имаме промена од зимско во летно сметање на времето.

Во последниот викенд во март, односно оваа година летното сметање на времето почнува на 31 март во недела.

Така што со поместување за еден час нанапред, времето во 02 часот се смета како 03 часот.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.

Европските земји веќе неколку години се подготвуваат за конечно укинување на оваа практика.

Утре е младенци - Ова се обичаите кои треба да ги направат младите брачни парови на овој голем празник

Христијански обичај е во првата година од својот брак на 22 март младите да слават Младенци. На тој ден, во црква се носат свеќите од венчавката за да се догорат.

Навечер обично доаѓаат најблиските за да честитаат. Во некои краишта на денешен ден се оди на гости и во семејствата кои имаат новороденче.

Празникот на пролетта 22 март младите брачни парови го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. Истиот ден Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера.

Житијата за Светите четириесет маченици како и повеќето народни преданија за нив меѓусебно малку се разликуват, но во сите се зборува дека четириесетте војници од Севастија маченички загинале не откажувајќи се од христијанската вера. Во 320 година четириесет војници од еден полк во Севастија је одбиле наредбата да се поклонат пред римските идоли и да им принесат жртви. Кога изјавиле дека тоа го прават бидејќи веруваат во Исуса Христа најпрвин биле повикани кај градоначалникот и биле убедувани да се откажат од христијанството и да му се вратат на идолопоклонството, а кога тоа го одбиле биле затворени, мачени и изведени пред суд. Биле осудени цела ноќ да стојат во вода што смрзнува. Во близината имало бања со топла вода, а на војниците им било речено дека ако некој се предомисли и се откаже од Исуса Христа да појде во бањата каде што го чекаат топла вода и вкусни гозби. Но момчињата храбро ги издржувале страдањата, молејќи се на Исуса и меѓусебно храбрејќи се. Само еден од нив не можејќи да издржи во водата што смрзнувала тајно го напуштил базенот и се упатил кон бањата, но на самиот влез во неа починал.

Ноќта сите стражари заспале, само еден останал буден. Во еден момент тој забележал светли венци над главите на војниците и бидејќи бил христијанин веднаш влегол во водата молејќи го Бога и нему да му даде таков венец. И навистина набргу над сопствената глава забележал ист таков венец. Утрото измрзнатите војници ги натовариле на кола и ги одвеле надвор од градот каде што ги запалиле.

Како што запишал фолклористот Марко Китевски, тој ден ден во повеќе краишта на Македонија е поврзан и со враќањето на птиците преселници, а извесен број обичаи и верувања се поврзани со растенијата. Еден дел од нив, вели Китевски се поврзани со споменот за Светите 40 војници од Севастија, а другите со пролетната рамнодневица, со денот на пролетта и повторното оживување на природата.

Денес многу од овие обичаи се заборавени. Но сепак празникот Младенци е целосно посветен на младите, на младоста и љубовта, и со него се поврзани многу желби за среќен брак и убава иднина. Од понов датум е обичајот на Младенци да се оди на гости и да се носат подароци кај младите што стапиле во брак меѓу двата празника.

Еве кога ќе започне летното сметање на времето, не се разочарувајте!

Летното сметање започнува рано изутрина на 31 март во недела.

И тоа во 02 часот, така што со поместување за еден час нанапред, времето во 02 часот се смета како 03 часот.

Секоја година летното сметање се случува во последниот викенд во март, оваа година ретко како тоа се случува на последниот ден од месецот.

Популарно