ВИДЕО: Мицковски му се закани на Заев, но не вети ништо ново

Интегрално обраќање на Христијан Мицкоски, на кое го објави исклучувањето на пратениците од ВМРО ДПМНЕ кои гласаа за уставни измени:

,,Денес во Република Македонија се случи тажен ден, црн петок, најцрниот петок во демократијата на современа, независна Македонија.

Имаше луѓе кои се бореа за делото сочувано во идејата за Македонија, и оние кои се бореа против.

Но останува историски траг на кој мора да се биде горд, а тоа е дека народот не ја изневери државата,  туку Зоран Заев и неколкумина до него кои ја спроведуваат неговата идеја.

Волјата на мнозинството граѓани потврдена на референдум, дека се против договорот со Грција беше погазена од две третини од пратениците во Собранието. Но и од 8 пратеници од опозицијата, кои тргнаа против волјата на граѓаните.

На ова претходеа информации и сведоштва кои ми беа пренесувани за силни притисоци и закани. Се говори дека било ветувано ослободување од обвиненијата за кои денес е повеќе од јасно дека се дел од прогон кој има политичка намена, да ги уцени пратениците за да гласаат за овој договор.

Велат дека биле и понудени пари, и дека наместо Собранието да биде храм на демократијата имавме киднапирана институција од ордите на Зоран Заев и неговите луѓе. Сакам да изразам благодарност и огромна почит за пратениците кои одолеаја на заканите и уцените, вие сте пример како се брани и сака својата земја и својот народ.

Но не сите издржаа на таквите притисоци, и денот кога требаше да се гласа за овој договор, се претвори во лов на пратеници.

За овој нивен чекор, на оние 8 пратеници од опозицијата, без оглед на фактот што и добар дел од нив се опфатени од случаите на политички прогони, тука мислам пред се на СЈО и 27 април, и што над глава им висат сериозни обвиненија кои можеби ќе ги чинат слобода, можеби некој ќе изрази разбирање, но јас како човек не можам да ги оправдам, ниту пак можам да ја разберам нивната постапка. Ние не одбираме кога и каде ќе живееме, тоа е Божја работа, но самите одбираме како ќе живееме, со каков углед и каква чест. А верувајте обврската спрема граѓаните е поголема и поважна од било каков притисок, или закана. Најпосле треба да се биде свесен дека има и пратеници кои исто како и тие што гласаа за уставните измени беа опфатени со политичкиот прогон, но се одважија и гласаа согласно партискиот став и согласно волјата на граѓаните на Република Македонија.

Оние 7 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои постапија спротивно на партискиот став и волјата на граѓаните на Република Македонија, кој беше пак партиски став  едногласно донесен и на Извршниот Комитет и на Централниот Комитет и во координација со пратеничката група ме разочараа мене, но и тоа не е толку важно, затоа што пред се ја разочараа партијата и татковината, и ќе треба со тоа да живеат. Токму затоа вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ одржа вонредна седница и на мој предлог едногласно се усвои веднаш исклучување на овие 7 пратеници од партијата, а тоа се:

•        Елизабета Канческа Милеска

•        Емилија Александрова

•        Нола Исмаиловска Старова

•        Сашо Василевски

•        Љубен Арнаудов

•        Крсто Мукоски

•        Зекир Рамчиловиќ

Ова денес е акт на насилство на државата. Ова не е одлука на народот туку на корумпираното водство на државата кое се бори за својата фотелја поддржана од структури кои решија да работат во нивна полза.

Почитувани граѓани,

Денес Зоран Заев на сила пристапи кон преименување на државата и реализација на договор со кој се губи името Македонија, се губи идентитетот, ќе се преименува историјата, археологијата, образованието и културата. Договор со кој се менуваат личните документи, лицето на Македонија онаква каква што ја знаеме и онаква каква што ја наследивме од нашите дедовци.

Заев нема мандат од народот ова да го прави. Ова е силување на процедурите, насилство врз државата. Срамно дело кое ќе се памети. Заев нанесе срам кон Македонија.

Македонија е во тешка ситуација, токму поради оваа гарнитура на власт. Имавме референдум каде имаше фалсификати, притисоци, имаме гласање за договор кое е постигнато со истите принципи. И ова е се друго, само не европски вредности. Затоа што Европа е пред се принципи и вредности.

ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже од европските вредности, од членството во НАТО, тоа е нашата иднина и тоа е патеката по која се движиме, но во исто време се покажува дека најголемиот непријател на овие вредности е токму првиот човек на Владата, Зоран Заев.

Затоа што договорот е само праванот, а во позадина се бизнисите, и  криминалот кој не престанува.

И многумина ќе си речат ова е крајот, ова е поразот за Македонија, нема иднина веќе овде, не, јас ќе речам ова е почетокот за Македонија, ова почетокот за нас Македонци. Ова почетокот на крајот на Зоран Заев и неговата срамна улога во нашата историја.

Кој друг ако не ние. Не очајувајте. Мораме да се спротивставиме на ова заедничко зло кое ја гуши нашата земја, на оваа криминална насилничка власт. Не чека напорна работа, и кој друг ако не ние имаме обврска да се спротивставиме. Македонецот се борел, не затоа што секогаш победувал, туку затоа што никогаш не се откажувал. А ние заедно ќе победиме и тоа ви го ветувам.

Затоа почитувани избегаа од избори. Фактот што наместо на избори одлучија со сила и притисоци да ја кршат демократијата и државата говори дека се слаби и очајни. Слаби се и очајни и свесни се за тоа. Заев сега избега од избори, ама ќе дојдеш еден ден, ќе те победам, без разлика дали сега или на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, или кога и да е. Ќе добиеш жестока казна од народот. Било да се изборите сега, или да бидат тие предвремени кога и да се. И верувај ми дека треба да бидеш свесен за тоа.

Најтемно е пред зората, а Гоце Делчев рекол ќе дојде светлото и зората за нас да не огрее, затоа што нашата љубов за Македонија е најголема“-рече на прес конференција Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Сведочење на убиецот на Саздо: Не сакав да го убијам, само да видам зошто ме гледа така!

Судењето за убиството на Никола Саздовски продолжи по паузата по барањето на адвокатот на обвинетиот Бесир Беља, Насер Рауфи, кој побара прво да се изврши реконструкција на настанот, а потоа да се врши вкрстено испитување на обвинетите, што беше одбиено од Судечкиот совет.

Прв сведочеше Беља, кој диреткно беше испитан од адвокатот, кој побара обвинетиот да каже дали кога давал исказ во ЈО бил испрашуван во врска со кривично дело убиство или насилство.

-Ме испрашуваа за насилство, односно за кривично дело насилство кое го признав, и за кое сакав да се спогодам со обвинителствотото, рече Беља.

Тој објасни дека критичниот ден околу 3.30 часот ги повикал Јетон и Скендер да одат на кафе или на јадење, па кога се собрале влегле во автомобилот, но не одлучиле каде да одат.

– Носев шорцеви црни или тегет, црна мајца и папучи бидеќи беше жешко. Јетон носеше фармерки и некоја сина мајца, а на нозете не се сеќавам ,а Скендер не се сеќавам како беше облечен. Потоа движејќи се кон автобуската станица ми се причини дека ја видов братучетка ми, па откако ја одминавме станицата застанав со автомобилот. Излегол од возилото и пеш се вратив кон станицата, но видов дека не беше братучетка ми и кога тргнав кон автомобилот го видов Саздовски како ме гледаше провокативно и почуствував како да сакаше да ми направи нешто. Јас му пријдов и му реков „кој си ти што ме гледаш“? Ме опцу и јас го опцув. Почна расправија и го видов Јетон како излегува од автомобилот и тргна кон нас со намера да не раздвои. После дојде и Скендер со истата причина и двајцата влегоа меѓу нас во расправијата. Во турканицата дојдоа и луѓе кои беа наоколу за да не смират и после тргнавме кон автомобилот за да си одиме- рече Беља.

На прашање на адвокатот Рауфи дали некој го удрил Саздовски, обвинетиот рече дека на почетокот имало удари и од него и од Саздовски.

-Кога се тепавме и кога се доближуваа Јетон и Скендер, Саздовски почна да се повлекува и тогаш падна. На местото видов дрво и лисја наоколу, кутија не забележав. Видов дека му се заплеткаа нозете и падна на задниот дел на главата. Откако падна се доближија други луѓе, не пцуеја, а ние заминавме кон возилото. Не забележав дали Саздовски е свесен или не, рече обвинетиот.

Беља рече дека веднаш си заминале, но и дека не забалежал дека некој од нив со нога го газел Саздовски.Кажа дека не му побарале лична карта, но кога му се доближил видел дека држи лична карта во раката.

-Немав намера да го убијам, многу ми е жал за сето ова. Јас само се доближив до него да видам зошто ме гледа така. Не го познавав по лик, го знаев само по име и презиме бидејќи ме има опцуено на Фејсбук. Јас не сум член на „Шверцери“ туку симпатизер. Помеѓу мене и други навивачки групи имало таква случка,тепачка кога ми се пуштија да ме тепаат.

На прашањето на адвокатот на Демири, Беља потврди дека со Скендер и Јетон биле другари од деца и дека секојдневно оделе на кафе.

-Скендер седеше на задното седиште, а Јетон напред. Автомобилот е марка „мерцедес С“ сива боја, јас го возев, а е сопственост на мојот вујко, кој му го даде на татко ми за семејни потреби и порано го користевме. Скендер и Јетон дојдоа да не раздвојат и не видов дека некој од нив го удри Саздовски, рече Беља.

ВИДЕО: Груевски на шопинг во трговски центар во Будимпешта!

Унгарскиот портал 444.hu објави видео снимка од поранешниот македонскиот премиер, Никола Груевски, како се шета во трговскиот центар WestEndCity, лоциран во центарот на Будимпешта на популарната улица Ваци.

Порталот објави дека поранешниот премиер се шетал во саботата навечер, кога трговскиот центар почнал да се празни, а продавниците да се затвораат“.

Што значи ова: Груевски ја повлече тужбата за Заев!

Утре нема да се одржи судско рочиште за тужбата за клевета и навреда од бегалецот Никола Груевски против премиерот Зоран Заев, потврдиле од судот за „Макфакс“. Причина е тоа што Груевски преку адвокат во меѓувреме ја повлекол тужбата против Заев за неговата изјава за случајот „Македонска банка“.

<div id="mvp-content-body-top" class="left" relative"="" style="margin: 0px; padding: 0px; border: 0px; vertical-align: baseline; outline-style: none; float: left; width: 820px;">

Од Основниот суд Скопје 2 за „Макфакс“ изјавиле: „Тужителот преку својот полномошник со поднесок го извести судот дека се откажува од тужбеното барање во целост. Со оглед на наведеното, на  8.01.2019 година, вон рочиште донесена е пресуда врз основа на одрекување, согласно со чл.318 од Законот за парнична постапка“.

Ова следува откако во септември лани пет врховни судии oдлучија позитивно за барањето за ревизија кое го поднесоа адвокатите на Заев. Со правосилна пресуда Заев беше осуден дека јавно го наклеветил експремиерот Никола Груевски за продажбата на „Македонска банка“.

Со пресудата на судијката Весна Калковска од Основниот суд Скопје 2, Заев беше требаше да му плати 50 илјади евра за клевета и навреда на Никола Груевски. Никола Додевски, тогашниот адвокат на премиерот Груевски, го намали побарувањето од Зоран Заев од првично побараните половина милион евра на 50 000 евра, со објаснување дека парите не се мотив за поднесување на тужбата, туку да се докаже чесноста на премиерот. Потоа Груевски преку Додевски се откажа и од таа сума.

Апелационите судии Лидија Димчевска, Радица Василевска и Енвер Беџети, во правосилната пресуда потврдија дека Груевски е наклеветен, но во решението побараа да се повтори постапката само за висината на изречената казна и повторно да се преиспита колку тежи душевната болка на поранешниот премиер.

Заев во изјавата пред јавноста тогаш рече дека таткото на криминалот во Македонија не е никој друг  туку Никола Груевски и дека примил пари во кеш во износ од 1,5 милиони евра од странски бизнисмен и дека ја оштетил државата за 225 илјади евра за неплатен данок, како и дека лично ја продал „Македонска банка АД“ од Скопје на контроверзниот српски бизнисмен Јовица Стефановиќ, познат како газда Нини, преку четири офшор и две домашни компании коишто официјално поседувале 51% од акциите на банката, а биле под контрола на Никола Груевски.

Популарно