Каракамишева: За промена на Устав се потребни 81 пратеник - постапката е ништовна

Професорката Тања Каракамишева на својот Фејсбук профил напиша дека за промена на Устав, како и за сите системски закони, 2/3 мнозинство секогаш било и ќе биде 81 пратеник.

Уставот не вели две третини од пратениците, туку 2/3 мнозинство од вкупниот број на пратеници.

Како што апсолутното мнозинство значи 60+1=61 така и 2/3 или квалификувано мнозинство значи 80+1=81 пратеник.

Таа праша дали зошто не успејаа од власта да убедат уште еден пратеник, па одлучија да си играат како мали Ѓокица замишља свет?

Како избегал Груевски и дали имал бугарски пасош?

Сите очи се вперени во власта на Виктор Орбан која се смета дека можеби и соучесник во организацијата на бегството на Никола Груевски, за кој се зборува дека можеби користел и бугарски пасош за да ја премине границата.

Но најсериозната информација која ја објави еден унгарски медиум е дека е можно Никола Груевски да го реалзиирал патот Скопје-Будимпешта со бугарски пасош.

-Проверете со бугарските власти, бил одговор на член на унгарската влада кој има јурисдикција врз прашања поврзани со азилот на Груевски, кога новинарите на весниокот Непшава го прашале како успеал поранешниот македонски премиер да стигне до центарот на Будимпешта без документи кои му се одземени од судот во Македонија.

Како се организирало бегството на Груевски?

Две истраги во моментот се водат во Министерството за внатрешни работи за да се утврди како било организирано бегството на поранешниот премиер Никола Груевски и кој му помогнал во тоа. Владиниот портпарол Миле Бошњаковски на прес-конфереција информира дека во рамките на МВР во тек е постапка за утврдување на начинот на кој Груевски, кој е осуден на двегодишна затворска казна, ја напуштил територијата на Република Македонија.

„Одделот за внатрешна контрола спроведува постапка за можна инволвираност на полициски службеници дека му помогнале во бегството, а дополнително Секторот за внатрешни работи Скопје го утврдува начинот на бегството, како и евентуално надворешни помагатели. По завршување на овие две постапки, МВР ќе излезе во јавност со целосна слика за тоа како се организирало бегството на Никола Груевски“, рече Бошњаковски.

Статус на Софија Куновска: Он е познат по тоа дека секогаш ја говори вистината

Поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Софија Куновска со одличен фејсбук статус за случувањата во последните два дена.

Остро и категорично отфрлам шпекулации за некаков договор со Никола Груевски, изјави Зоран Заев. А он е познат по тоа дека секогаш ја говори вистината.

Популарно