(ВИДЕО) Говорот на пратеничката на ВМРО која гласаше ЗА: Немаме право да го менуваме името!

По вчераното гласање за отварање на процесот за измена на усавот во Собранието на Република Македонија,  да се потсетиме што зборуваше пратеничката од Берово, Емилија Александрова.

Имено, пред само неколку дена таа се обрати пред пратениците и рече дека ќе го почитува Уставот и ќе ги брани интересите на Република Македонија.

Јавноста е заинтересирана да дознае која е причината за пратеничката на ваков начин да го промени својот став и да гласа против вољата на народот изразена на референдумот на 30 септември.

Како избегал Груевски и дали имал бугарски пасош?

Сите очи се вперени во власта на Виктор Орбан која се смета дека можеби и соучесник во организацијата на бегството на Никола Груевски, за кој се зборува дека можеби користел и бугарски пасош за да ја премине границата.

Но најсериозната информација која ја објави еден унгарски медиум е дека е можно Никола Груевски да го реалзиирал патот Скопје-Будимпешта со бугарски пасош.

-Проверете со бугарските власти, бил одговор на член на унгарската влада кој има јурисдикција врз прашања поврзани со азилот на Груевски, кога новинарите на весниокот Непшава го прашале како успеал поранешниот македонски премиер да стигне до центарот на Будимпешта без документи кои му се одземени од судот во Македонија.

Како се организирало бегството на Груевски?

Две истраги во моментот се водат во Министерството за внатрешни работи за да се утврди како било организирано бегството на поранешниот премиер Никола Груевски и кој му помогнал во тоа. Владиниот портпарол Миле Бошњаковски на прес-конфереција информира дека во рамките на МВР во тек е постапка за утврдување на начинот на кој Груевски, кој е осуден на двегодишна затворска казна, ја напуштил територијата на Република Македонија.

„Одделот за внатрешна контрола спроведува постапка за можна инволвираност на полициски службеници дека му помогнале во бегството, а дополнително Секторот за внатрешни работи Скопје го утврдува начинот на бегството, како и евентуално надворешни помагатели. По завршување на овие две постапки, МВР ќе излезе во јавност со целосна слика за тоа како се организирало бегството на Никола Груевски“, рече Бошњаковски.

Статус на Софија Куновска: Он е познат по тоа дека секогаш ја говори вистината

Поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Софија Куновска со одличен фејсбук статус за случувањата во последните два дена.

Остро и категорично отфрлам шпекулации за некаков договор со Никола Груевски, изјави Зоран Заев. А он е познат по тоа дека секогаш ја говори вистината.

Популарно