Не сме првата држава која го менува името - овие 7 земји го сториле тоа пред нас

Синоќа во Собранието со 80 гласови „за“ беше изгласана одлуката да пристапување кон уставни измени,  заради имплементација на Договорот од Преспа.

Со ова се отвора патот за спроведување на Преспанскиот договор за промена на името, со цел Македонија да продолжи кон членство во ЕУ и НАТО.

Ова се седумте земји кои го променија своето име, пред нас:

Бангладеш

После раздвојувањето на Пакистан од Индија, неговиот источен дел се одвоил од новонастанатата држава и го променил името од Источен Пакистан во Бангладеш.

Шри Ланка

Шри Ланка првично се викала Цејлон.

Индонезија

Оваа држава претходно се викала Источна Индија. Недолго по отцепување од матичната земја, го променила и името.

ДР Конго

Бидејќи се одвоил од Белгија во 1960 година, се викал Република Конго, по истoимената река, за да во 1971 година стане Заир. Заир во 1997 година се преименувал во Демократска Република Конго.

Мјанмар

За да раскрсти со колонијалното минато, Бурма го сменила името во Мјанмар. Светот долго се спротивставувал на ова име, но од 2012 година ситуацијата се менува, на што влијаела и демократската транзиција.

Буркина Фасо

Француската колонија Горња Волта во декември 1984 година се преименувала во Буркина Фасо. Ова име значи „земја на исправените луѓе“, на најраспространет домашен дијалект.

Камбоџа

Камбоџа двапати го менувала името. Режимот на Црвените кмери и го дал името Кампучи по доаѓањето на влас во 1975 година, што била само транскрипција на првичното име на кмерски дијалект. Името на Камбоџа е вратено во 1989 година.

ВИДЕО: Драган Спасов Дац му подари метла и лопатка на Заев

Ќе излезам овде и како првиот и единствен човек кој даде оставка од морални причини, имам и морална одговорност да ја дадам оваа метла за оваа чистка која треба да се направи, рече познатиот актер Драган Спасов Дац поклонувајќи му метла и лопатка на премиерот Заев.

На ова премиерот му одговори дека е убава метлата, а Дац дополни дека со истата може да се собере доста „ѓубре“.

Ова наиде на огромен аплаузи и скандирање од присутните.

Навистина сум човек кој од секогаш го сакал СДСМ како партија и сум гласал за оваа партија. Сум се гордеел со СДСМ и ќе продолжам да се гордеам, сигурен сум дека мојот иден претседател е Стево Пендаровски, рече Дац. Ова можете да го погледнете на 57 минута од видеото:

Михајловски: За референдумот се наполнети најмалку 300 000 фантомски гласови

- Станува појасно дека за референдумот се наполнети најмалку 300 000 фантомски гласови. Вистината е како шило ..:) – коментира Тони Михајловски на својот фејсбук профил.

Ваквата реакција на Михајловски доаѓа по вчерашниот изборен ден, на кој СДСМ, ДУИ и нивниот заеднички кандидат Стево Пендаровски освоија дури 300 000 гласа помалку од оние на референдумот. Тогаш излезе информација дека по еден гласач на секои 17 секунди е брзината со која во последните 90 минути пред крајот на референдумот се гласало на едно избирачко место во скопската општина Студеничани.

За референдумот на избирачкото место 0543 во Центар Жупа, од 18.30 до 19 часот, гласале 331 гласач, или по еден на секои 5,4 секунди. Тоа веројатно е светски рекорд! На избирачкото место 1913 во Велешта во општина Струга, од 18.30 часот до 19 часот гласале 199 избирачи, или по еден на секои 9 секунди. На избирачкото место 2453 во Долно Свиларе во општина Сарај, од 15 до 17 часот гласале 360 избирачи, или по еден на секои 20 секунди.

Богоевски се јави на ФБ по првиот изборен круг, но вакви коментари не очекуваше

По тесната победа на Стево Пендаровски и падот на довербата на гласачите во СДСМ и ДУИ, Павле Богоевски напиша ФБ статус со цел да ги мотивира симпатизерите.

- Резултатите покажаа дека Стево Пендаровски е кандидатот кој ужива најголема поддршка од граѓаните.

Сепак разликата е помала од посакуваната, а пораката која ја испраќаат нашите гласачи е јасна и гласна.

Време е за сериозна работа пред вториот круг, но и уште посериозно размислување за лекциите кои треба да ги научиме од денешниот ден.

Честитки за Стево. Тој е одличен кандидат, а ќе биде уште подобар Претседател. Продолжуваме, #ЗаедноНапред.

Сепак, коментарите од неговите пријатели на ФБ не тргнаа во насока во која тој се надеваше. Еве само неколку:

- Време е и ти да излезеш од кафани, и да вратиш 30 кила, ко што си беше на шарена! Да не треба па за брзо време, пак улици и згради да се бојат!

- Касно е Павле, касно е веќе. Лекциите никогаш нема да ги научите. 2 години по кафани дремете и глумите големи политичари. Оде воз у кукуруз, како што викаше еден слепи миш. Нема правда, нема мир, правда немало, а нема ни да има. Останува само мирот и трпението.

- Сериозна работа? Сериозно? Сега се сетивте? Иде Велигден, иде Први Мај, иде Лени Кравиц, иде Маратон, или у превод немате седум работни дена. Крстете се у Дуи и Беса пошто у друго и немате као и увек.

Популарно