Што има за Бугарија во договорот од Преспа?

Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека „изгледите за развој на нашите билатералните односи и нивното расчистување со идеолошките наслаги од блиското минато се од исклучително значење за зацврстување на поддршката на Република Бугарија за интеграцијата на Република Македонија во Европската унија и НАТО.

Според него, гласањето на промените во македонскиот устав се само почеток на еден пат кој треба да доведе до уште поголема блискост, пренесе БГНЕС.

-Резултатот од спроведеното гласање на 19 октомври 2018 година во парламентот е важен чекор за Република Македонија по еден долг историски пат. Тој треба да доведе до уште поголема блискост меѓу нашите две земји на принципите на пријателството, добрососедството и соработката, изјави денеска претседателот на Бугарија.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Популарно