Вонредна временска прогноза

До крајот на денов и во текот на ноќта ќе се задржи претежно облачно и свежо време со слаби локални врнежи од дожд кој во теког на ноќта локално ќе бидат со умерен интензитет и тоа претежно во западните и во северните предели од државава. На високите планини ќе има услови за провејување на снег, информира метеорологот Славчо Попоски.

Потоа во текот на утрешниот ден (вторник) претежно претпладнето ќе има услови за сосема слаби и локални врнежи од дожд а времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен и од североисточен правец.

Поради продор на уште постуден воздух во четврток и во петок на повеќе места ќе дува засилен, повремено СИЛЕН ветер од северен правец кој локално ќе достигнува брзина до околу 80 км/час па затоа поради ваквата ситуација на граѓаните ги предупредуваме каде и како се движат и да внимаваат каде ги ставаат своите возила, односно истите да не бидат во близина на дрвја во случај на силен ветер.

Исто така во текот на ноќта среда кон четврток претежно во северните и во североисточните предели од државава ќе има локални послаби врнежи од дожд додека на планините ќе има услови за провејување на снег.

Максималните температури утре (вторник) ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени додека во среда ќе бележат мал пораст и истите ќе се искачуваат од 16 до 23 степени, меѓутоа доцна попладнето и вечерта нагло и значително ќе опаднат па така во четврток наутро ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 6 степени додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 9 до 18 степени во најтоплите предели од државава.

За Божиќ вистинска радост за децата

Времето денеска ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со услови за појава на утринска магла. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно со појава на утринска магла. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 11 степени.

Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2).

Во недела во текот на денот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во повисоките места, особено во западните делови.

Од понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец што ќе предизвика значително заладување во текот на следната седмица.

Во кои делови од Македонија е најстудено, а каде има најмногу снег?

Најстудено со измерени -3 степени целзиусови утрово е во Скопје-Петровец и Берово, снежната покривка во Маврови Анови е 30 сантиметри, соопштија од УХМР.

Во Струмица и Демир Капија се измерени -2 степени, -1 Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија, нула во Штип, Куманово, Велес, Кавадарци, 1 степен во Крива Паланка, 3 Прилеп, Дебар, Маврови Анови, Лазарополе и Попова Шапка, 4 Битола, Дојран, Виница, 5 Тетово, Крушево, 6 Претор и 7 степени во Охрид.

Висината на снежната покривка во 7 часот е 12 сантиметри во Крушево и 10 на Попова Шапка.

Времето во текот на ноќта и утрово, како што соопштија од УХМР, е малку до умерено облачно. Во западните делови дувало слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец и таму температурата утрово е повисока. Во останатите делови е постудено, а во некои котлини во Повардарието има магла.

Времето денеска во најголем дел од земјава ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност. По котлините, особено долж Повардарието постудено со појава на магла, која попладне ќе слабее. Во западните делови ќе дува слаб до умерен западен, а во југоисточните слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне од 8 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде магливо и тивко, попладне видливоста ќе се зголеми. Максималната температура ќе достигне 9 степени. 

Издаден портокалов аларм во Македонија

Според најновите информации на УХМР, претпладне променливо облачно и студено, понекаде и особено во источните делови ќе провејува слаб снег.

Од пладневните часови во поголемиот дел од земјата ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од северозападен правец (над 70 км/час).

Во Скопје претпладне променливо облачно, студено и ветровито, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен на повисоко и во источните делови од регионот, велат од УХМР.

Популарно