ФОТО: Кардашијанките прошетале како ангелите на Викторија Сикрет

Ким Кардашијан и нејзините славни сестри, оваа година за Ноќта на вештерките се маскирале во ангелите на Викторија Сикрет. Ким на себе носела огромни крилја и минијатурна долна облека.

"Не одиш ваква во рајот", искоментирал еден од нејзините следбеници под фотографијата. Бројните обожаватели повторно ја пофалиле нејзината фигура, но имало и такви кои ја критикувале поради тоа што постојано се соблекува.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Halloween 2018

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Сестрите се пофалиле со креациите на социјалните мрежи, а најмногу внимание привлече најбогатата членка на семејството, Кајли Џенер.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

The VS Angels are shaking. #MakeupByMario 🔥 #kimkardashian

A post shared by MAKEUP BY MARIO (@makeupbymario) on

И најмладите членови на кланот Кардашијан биле маскирани со што успеале да измамат симпатии со своите смешни маски. Кајли ја маскирала својата ќеркичка Сторми во пеперутка, а потоа и во "невреме" со цел да се пошегува на сметка на нејзиното име кое во превод значи "бура".

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

I love it

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Кајли неодамна ѝ подарила автомобил на својата мајка Крис за нејзиниот 63-ти роденден, во вредност од 250 илјади долари.

"Одам кај мојата мајка да ја изненадам со роденденски подарок. Го чувам веќе еден месец и многу сум возбудена што конечно ќе ѝ го подарам", рекла Џенер.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Dream car goals

A post shared by Kylie Jenner Snapchats (@kyliesnapx) on

Кога Крис ја отворила вратата, пред нејзината куќа било паркирано скапоцено црвено Ферари 488.

 

ВИДЕО: Кога раскошната манекенка го пере автомобилот

Линдзи Пелас, една од најпознатите манекенки но и една од најпосакуваните жени на денешницата, позната по своето бујно деколте, покажала како се пере автомобил на вистинскиот начин.

Имено, убавицата објавила видео во кое оскудно облечена ја пере хаубата од автомобилот, а за популарноста на објавата говори и фактот дека таа има повеќе од 133 илјади лајкови.

Славата на оваа манекенка расте од ден во ден, а на Инстаграм таа има речиси 8 милиони верни следбеници.

Нејзината магија е добро позната кај посилниот пол, а многумина тврдат дека на ваквите облини не останува имун ниту еден маж.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by lindsey (@lindseypelas) on

ФОТО: Емили Ратајковски речиси гола на плажа

Моделот и актерка Емили Ратајковски го покажа вајаното тело кога се појави на плажа во Сиднеј во црни минијатури бикини на врзување.

Атрактивната 27-годишна бринета е во Сиднеј за доделувањето на наградата Маж на годината на австралиското издание на списанието GQ.

ФОТО: Искра Лоренс бесрамно прошета полугола низ Холивуд

28-годишната манекенка Искра Лоренс стана славна поради своите облини, а на социјалните мрежи ја следат 4,2 милиони луѓе. Таа редовно се соблекува и покажува дека, како другите плус сајз манекенки, е задоволна со своето тело.

Овој пат таа не се соблекла но сепак покажала со какви атрибути располага. Низ црниот проѕирен фустан кој Искра го носела, се забележувала нејзината долна облека.

Со ваквата креација, таа прошетала на црвениот тепих на претставување на новата колекција на британскиот бренд "Pretty Little Thing", а потоа се упатила кон ресторанот "Catch" во Западен Холивуд.

Лоренс има позитивен став кон сопственото тело, токму како и 31-годишната Ешли Греам која исто така е плус сајз модел. Сепак, таа не крие дека патела од пореметување во исхраната кога пробувала да се пробие во модната индустрија.

Веќе на 15 години, Искра била подложена на ригорозни диети и напорно вежбала бидејќи сакала да изгледа како жените од насловните страници.

"Се трудев да ги намалам своите природно бујни облини, но никогаш не бев задоволна со себеси. Постојано бев уморна, се разболував и не се грижев за своето психичко здравје", изјавила Британката.

Иако признала дека ѝ смета називот "плус сајз", таа нема проблем со истакнување на своите облини.

Популарно