ВИДЕО: Мајка монструм ги масакрирала своите деца!

Ејми Хол (38), Американка од Оклахома, ги масакрирала сопствените деца на спиење, а на зачудените полицајци мирно им ги раскажала деталите од крвопролевањето.

Таа крвавиот пир го започнала околу 6 часот во четвртокот, на 1. ноември.

Ејми им рекла на полицајците дека прво влегла во собата на својот син, Кејсон Толивер (18). Момчето спиело, а мајката му пукала во глава. Кејсон починал на местото. Неговиот другар кој спиел кај него скокнал и се скрил, па така преживеал. Ејми вели дека него не сакала да го убие, туку само своите деца.

Потоа одела со ред низ куќата и влегла кај постарата ќерка (16) која исто така спиела. И на неа и пукала во глава. Девојчето преживеало, но е во критична состојба. Лекарите се борат за нејзиниот живот, веќе трети ден и не се сигурни дали ќе се спаси.

Потоа се свртела да ја убие најмладата ќерка (14), но девојчето за среќа веќе било будно и влетало во бањата и се заклучило. Ејми вели дека нејзината ќерка плачела во бањата, а потоа и рекла „мамо, се е во ред“, мирно излегла, и се доближила и и го зела пиштолот.

Полицијата добила повик во 6.30 часот утровото и затекнала ужасно крвопролевање. Кејсон бил мртов, постарата ќерка тешко повредена, а помалата се тресела и плачела, а мајката чедоморка никаде ја немало. Седнала во автомобил, возела неколку километри и застанала.

Мајката чедоморка им рекла дека имала намера да си убие сите свои деца, а потоа да си пресуди на себе. Во тоа ја спречила помалата ќерка, која и го грабнала пиштолот. Рекла дека децата сакала да ги убие за да ги заштити од нивниот татко, кој, како што рекла бил постојано насилен кон нив.

Се покажало дека таа и мажот живееле одвоено и дека две години воделе огорчена битка околу старателствоот. Ејми минатиот месец поднела итно барање за старателство, а нејзиниот поранешен маж во 2016 година поднел тужба против неа зошто наводно била ментално нестабилна, како и поради психичко малтретирање на децата.

Ејми прелиминарно е обвинета за убиство со предомисла и два обиди за убиство.

ФОТО: Ова се монструмите кои децата ги чувале во кафези полни со измет

Двојка од Тексас е уапсена откако полицијата откри дека на монструозен начин се однесувале кон четири деца: две биле држени неухранети во кафези за кучиња, а другите две биле прекриени со измет.

Еддру Јосеф Фабиља и Пејџ Исабов Харкинг, двајцата на возраст од 24 години, се лишени од слобода и обвинети по четири точки од обвинението за загрозување на децата.

Харкинг исто така е обвинета за нанесување на тешки повреди на Фабиља, поради што полицијата морала и да реагира на имотот оддалечен неколку километри од Форт Ворт.

Како што се наведува, тие двајца четирите деца на возраст од една, три, четии и пет години ги држеле во неадекватни, нехигиенски и монстуозни услови. Според зборовите на шерифот двете најстари деца биле заклучени во кафези за оси, додека двете помали биле неухранети и прекриени со фекалии.

Она што е најбизарно во целиот случај на злоставување е тоа што децата на Харкинг, како и тоа што целата куќа била полна со храна која била под клуч и не им била достапна на децата.

„Во куќата имаше доволно храна, но таа беше заклучена и децата не можеа да дојдат до неа. Освен тоа, тие беа и жедни, па нашите офицери освен што ги нахранија, им дадоа и вода. Насекаде имаше валкана облека, душеци, ќебиеа, фекалии, урина, мачки, целата куќа беше апсолутно валкана“, изјави шерифот Лејн Акин, додавајќи дека се работи за три момчиња и едно девојче.

Кафезите во кои децата биле заклучени се наоѓале внатре во куќата, во спалната соба.

Несовесната мајка и нејзиниот партнер се наоѓаат во затвор, додека децата се сместени кај старатели каде се опоравуваат од траумите.

„Се надевам дека детето кое мама ќе го роди, ќе биде подобро од мене“

Дванаесетгодишниот Никола Марковиќ, ученик на шесто одделение, во себеси пукаше со пиштолот на неговиот татко, затоа што на полугодие имал послаб успех на училиште.

Никола Марковиќ од селото Негосавље кај Медвеџе извршил самоубиство во понеделник во семејната куќа, откако со пиштолот на својот татко пукал во својата уста.

Телото на детето го нашле домашните во 18. часот, а покрај телото е најдено и проштално писмо, во кое Никола наводно навел причина поради која одлучил да си го одземе животот.

Како што информира Курир.рс во писмото било напишано:

„Не можам веќе да поднесам критики поради лошите оцени. Сега веќе нема да има кој да критикувате. Се надевам дека детето кое мама ќе го роди ќе биде подобро од мене, се надевам дека тоа ќе ве усреќи. Немам ништо да ви оставам освен заштедата од 15 евра“, напишал Никола.

Детето живеело со родителите, мајката која е во седмиот месец од бременоста, таткото и помала сестра. Според информациите на српските медиуми, момчето во неделата ја отворил насила фиоката во која татко му го чувал пиштолот. Неговиот татко е ловец и поради тоа имал оружје кое легално го поседувал. Го чувал заклучено во фиока, но за жал, Никола успеал да ја обие фиоката.  Во моментот на самоубиството бил сам дома.

ВИДЕО: По неговиот настап на „Јас имам талент“ интервенираше Брза помош!

Брза помош морала да интервенира по настапот на Мет Џонсон во британското издание на шоуто „Јас имам талент“.

Неговиот настап бил вистинско „коцкање со животот“ – требало две минути да издржи со заклучена глава во коцка со вода, без можност да вдише воздух.

Тој сепак не успеал да ја одработи точката до крај, па побарал помош.

Судиите биле згрозени од неговата точка, а Сајмон Кауел во негов манир му кажал на Мет дека е „лудак“.

Мет Џонсон со неговата точка не помина понатаму во натпреварувањето што ги довело гледачите до лудило. Тие оставаа фуриозни коментари на Твитер.

-Како е возможно дека тој не помина. Па тој конечно донесе возбуда и опасност во ова патетично шоу, но не…Британците мора да го уништат, е само еден од коментарите.

Популарно