Сопругата на Дарко Лазиќ со отворено писмо

Откако излегоа многу вести за неа, дека барала пари од осигурувањето и дека се забавувала, преку отворено писмо се огласи сопругата на Дарко Лазиќ.

„Фотографијата е направена пред некој ден. Сигурно ви изгледа како „нормална“, но секој кој ме познава знае колку труд требаше да го сокријам уморот и тагата, солзите и стресот по сите случувања. И покрај се ни ми одеше од рака. Нема филтер со кој може да се сокрие тагата бидејќи животот не е Инстаграм. Работам на тоа да ја вратам насмевката на лицето која можевте да ја видите пред некој ден, работат сите ги сакам и ме сакаат, кои сакаат да бидам среќна и насмеана бидејќи имам причина за тоа. Направив се што беше во моја моќ. Прво беше „што таа бара во болница“, потоа беше „види, не доаѓа во болница, патува“. Одамна сфатив дека не може да му угодиме на светот и само јас и Бог знаеме како е. Знаете што? Во болница барав сила која сакав да му ја пренесам на мојот поранешен сопруг во неговата најлоша борба, барав енергија во себе за да му ја дадам и на него, бидејќи му е потребна на таткото на моето дете. Знам дека му значеше и дека му помогна да ги преброди најтешките моменти. Дали одам или не. Како што кажав пред некој ден на „Инстаграм стори“, тоа е моја приватна работа, а само еднаш успеа да ме фотографираат бидејќи тоа беше не само борба на Дарко туку и моја. Секој од нас пред една година тргна по свој пат и си води свој живот. Секој си направи свој избор. Јас одбрав да бидам среќна и сакана бидејќи имам право на тоа. Среќата е избор. Секој заслужува да биде среќен. Моето дете заслужува да биде среќно, а не може да биде ако јас не му покажам како изгледа тоа. Јас немам право да бидам несреќна бидејќи имам дете кое зависи од мене дали ќе биде среќно или не, а јас ќе направам се секогаш да биде среќна и насмеана. Ве сакам и ви се заблагодарувам на сите убави работи,…од зборови до енергија“ напиша Ана на Инстагам.

ФОТО: Мелита покажа како се ужива во Дубаи

Некогашната македонска ТВ водителка  Мелита Ракичевиќ, откако ја отвори душата и јавно проговори за сите афери, озборувања, збиднувања… и сето она што и се случуваше последниве години откако не е на ТВ екраните, замина на пат, на егзотична дестинација – Дубаи!

И тоа не на недела-две, туку периодов таа ужив во убавините на ова светско чудо среде пустина, но и во убавините на животот. Оттаму постојано постира фотографии од различни локации и ситуации… Скапи хотели и ресторани, ноќни клубови и дискотеки, но се чини една локација и е омилена.

Во прашање е еден од најпознатите ланци на ресторани во кои се подготвуваат разни специјалитети, особено оние од месо и стекови поднебјето на Блискиот Исток, Турција, ориентот… Токму во познатиот „Нусрр Ет – Дубаи“, Мелита е чест гостин, кај еден од најпознатите готвачи, прочуениот Нусрет.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 💫MELITA ♏👑 (@melitameli) on

Овој пат за неа специјално, еден од неговите стек специјалитети на жар, проследен со гастрономски перформанс на сечење и сервирање специјално за Мелита. И се’ си е потаман освен едно нешто, кое се наметнува како прашање? Кој тоа го плаќа? Самата Мелита или…?

Имено, за оние што не знаат, престојот сам по себе во Дубаи е скап, а особено цените во луксузните ресторани како што е омилениот „стекхаус“ на Мелита. Колку за пример, еден таков стек чини ни помалку ни повеќе, околу 1100 – 1250 емиратски дирхами, што во превод би значело од 300 до 340 американски долари!

Вкусно, ама и солено, зарем не?

Е сега, според едни теории и написи во некои македонски портали се тврди дека на фотографиите кои  ги објавува на социјалните мрежи поранешната водителка позира сама, но пред повеќе од еден месец во интервју за „Бекстејџ“ откри дека поранешниот дечко Виктор живее во Дубаи, па од тука се наметнува прашањето дали зад објективот стои токму тој или Мелита е навистина сама на патувањето?

Ама, нели во истото тоа интервју  таа рече дека заедно со бившото момче „банкротирале“, што значи дека и да е така, ниту тој,  ниту таа немаат повеќе пари за расфрлање?!

Тогаш останува некоја трета варијанта… Блиски извори тврдат дека таа таму претстојува кај една своја пријателка, некогашна македонска манекенка и модел, Драгана Спасовска, која живее и работи во Дубаи.

Со неа Мелита има и неколку заеднички фотографии оттаму.

Како и да е, Мелита отсекогаш знаела да се снајде. Впрочем, на светот се’ уште има џентлмени со длабок џеб кои  ги платат луксузниот живот и скапата забава, за да бидат во убаво друштво! Особено во Дубаи!

Впрочем, кога Мелита ќе се врати, ќе има простор за нови прашања, изјави, разговори и нови интервјуа!

ФОТО: Карлеуша оваа песна ми ја посвети мене

Очигледно е дека на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ на членови од жирито им недостига Карлеуша, па често ја спомнуваат.

Најмногу публиката ја изненади Саша Поповиќ кој додека една натпреварувачка изведуваше песна од Карлеуша, тој цело време танцуваше.

Натпреварувачката на која ментор и е Џорџ приреди вистинско шоу, а Поповиќ го украде вниманието на сите во студиото, откако „одлепи“ и почна да танцува.

„Не знаев дека оваа песна „Саки“ е на ЈК. Посветена ми е менне, супер е “ бил воодушевен Саша и му заблагодарил на Џорџ што ја советувал кандидатката да ја изведе баш оваа песна.

Популарно