Најголемото поевтинување оваа година

Цената на суровата нафта на светските берзи се спушти на најниското ниво во последните три месеци. Утрово, барел нафта на берзата во Лондон, се продава за 72,5 долари за барел што е намалување за повеќе од 5 долари само во последните 7 дена. 

На највисоко ниво, цената на нафтата се качи на почетокот на октомври кога еден барел се продаваше за 85 долари.

Во Македонија, следната корекција на цените ќе се врши идниот понеделник. Доколку продолжи ваквиот тренд и цената на нафтата се спушти околу границата од 70 долари за еден барел, би требало од идниот вторник да сведочиме на големо поевтинување на нафтените деривати во малопродажба.

Актуелната цена е на нивото од почетокот на август годинава кога цените на бензините биле речи си идентични како и актуелните но дизелот бил за 4 денари поевтин.

Во моментов, литар дизел чини 67,5 денари, а бензините се 71,5 односно 73 денари за литар.

Минатиот понеделник, регулаторот ги намали цените на бензините за 3,5 денари, а на дизелот за 1,5 денари по литар.

За очекување е и идниот понеделник, да има значително намалување на цените кое можеби ќе достигне и до 4 денари за еден литар.

Од полноќ ОГРОМНО намалување на цената на горивата во Македонија

Цената на бензинот од полноќ ќе биде пониска за 4,5 денари, додека дизелот ќе биде поевтин за 3 денари, најавија денеска од Регулаторната комисија за енергeтика. Се намалува и екстра лесното гориво за 3,5 денари.

„Денеска имаме едно од најголемите намалувања на цените на бензините и дизелот од кога постои Регулаторната комисија за енергетика. Тоа не е наша заслуга, ниту претходно по наша заслуга или вина беше зголемувањето на цената на горивата, едноставно такви се трендовите на берзата за нафта. Ние само ја применуваме методологијата која што е дел од купопродажниот договор за ОКТА ратификуван од Собранието во 1999 година, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергтеика Бислимовски.

Еве колку пати ви следуваат по основ К-15

И годинава вработените во приватниот сектор едвај го чекаат декември за кај нив да легне регресот за годишен одмор познат како К15.

Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари (40 отсто од износот на просечната нето плата во последните три месеци) до 14.090 денари (40 отсто од износот на просечната бруто плата во последните три месеци), пренесе Букефал.

Тоа значи дека вработените ќе добијат минимални 9.610 денари.

ОГЛАСИ ЗА РАБОТА: Стартна плата и до 31.000 денари

KARIERA.mk нуди преглед на актуелните огласи за работа во Македонија, достапните пракси, стипендии и останати можности за неформално образование со што цели да стане централно место кое ќе ти помогне да напредуваш во твојот професионален развој. Секој кандидат ќе може да си креира свој профил со прикачување на своето CV и со само еден клик на копчето Аплицирај да се пријави како заинтересиран за определено работно место, пракса или стипендија.

Погледнете ги најатрактивните огласи за неделава и аплицирајте на некој од нив: 

Продавачи во Нептун за Скопје и Куманово - за да аплицирате кликнете ТУКА

Инсталатер на мрежна опрема IM-FIB/001 - за да аплицирате кликнете ТУКА

Game Data Analyst во Matrix Global - за да аплицирате кликнете ТУКА

Продажен агент во Термалифт со стартна фиксна плата од 25.000 до 31.000 денари - за да аплицирате кликнете ТУКА

Комерцијалист за Источна Македонија - за да аплицирате кликнете ТУКА

Продажен персонал во М1 киоск на повеќе локации - за да аплицирате кликнете ТУКА

Почетна плата од 20.000 денари за работа "Live Booking" - за да аплицирате кликнете ТУКА

Асистент на проект и лице за односи со јавност - ЦУП - за да аплицирате кликнете ТУКА

Дизајнер на ентериер за Pierre Cardin Home - за да аплицирате кликнете ТУКА

Популарно