Решена вечната дилема “Дали може да се забремени за време на циклусот“

Дефинитивно не постои период во месецот кога може во потполност да бидете сигурни дека е време за незаштитен секс. Пред да почнеме да ги објаснуваме причините заради кои може да се забремени за време на менструација, корисно е да се знае како воопшто  доаѓа до бременост. Кога женското тело ќе доживее овулација, сперматозоидите може да ја оплодат јајце клетката, што ќе резултира со бременост. Ѕидот на материцата се здебелува и е подготвен да ја вгнезди оплодената јајце клетка. Доколку не дојде до оплодување, нивото на естроген и прогестерон се намалува, а задебележниот ѕид на материцата се лупи, при што  доаѓа до менструално крварење.

Шансите да забремените за време на менструација се помали отколку во другиот период од циклусот, но сеедно, тоа е можно. Еве зошто:

Вашата менструација не е секогаш иста: жените имаат многу различни менструални циклуси и многу од нив имаат крварење меѓу циклусот.  Стресот, болестите и други состојби може да предизвикаат крварењето да изостане, или да крварите, а тоа да не биде менструален циклус, па е многу тешко да ги пресметате плодните и неплодните денови.

Овулацијата не може точно да се определи: жените овулираат 12-16 денови пред менструација, но тоа може да се случи и порано и подоцна.  Освен тоа жените на кои менструацијата потполно им изостанува заради доење, менопауза, некоја болест, или заради пиење на некои лекови, може да имаат потполно непредвидлива овулација.

Сперматозоидите живеат подолго: Истражувањата покажаа дека сперматозоидите во телото може да преживеат  и до 7 дена, иако просечниот век им е 3-4 дена. Бременоста може да се случи за време на менструација, заради тоа што сперматозоидите може да останат во телото неколку денови, а Вам да Ви се случи да овулирате набрзо по менструацијата.

Ако сакате да се заштитите од несакана бременост, паметно е да користите некој вид контрацепција секогаш кога имате полови односи.

Со овој тип на овошје бидете внимателни

Иако има доста благотворни дејства цитронот, со него треба да бидете многу внимателни доколку пиете лекови, бидејќи оваа комбинација може да предизвика несакани реакции.

Предностите на цитронот се бројни, – го штити срцето така што го намалува лошиот холестерол, го зајакнува имунитетот бидејќи изобилува со витамин Ц, го забрзува метаболизмот… Сепак бидете многу внимателни со ова овошје доколку пиете лекови бидејќи само еден цитрон дневно е доволен да предизвика несакани дејства од медикаментите.

Бидете особено внимателни кога пиете лекови кои се користат за намалување на холестеролот. Според извештајот на американската агенција за храна и лекови, паралелното консумирање на цитрон и лекови за намалување на холестеролот, го зголемува ризикот од заболување на црниот дроб, бубрезите и опасноста од откажување на мускулите.

Не се проблематични само овие лекови. Во потенцијално опасната група се и лековите за крвни садови и за заболено срце. Цитронот реагира и со лековите кои се препишуваат за анксиозност, заболување на централниот нервен систем, инфекциите на уринарниот тракт.

Затоа, пред да започнете со консумација на ова прекрасно овошје, проверете дали тој има штетно влијание на лековите кои ги користите. Најчесто во упатството на лекови е наведено доколку со одреден лек не се препорачува да консумирате цитрон, но и доколку не е наведено вие консултирајте се со вашиот лекар или доколку терапијата е кратка тие денови избегнувајте го ова овошје.

Чајот од ленено семе е ЧУДО

Лененото семе изобилува со минерали како што се: железо, калциум, натриум и фосфор, како и незаситени органски киселини, линолна киселина и голем број протеини и ензими. Ова семе е идеално за отстранување на мастите и токсините од телото, го подобрува метаболизмот, го намалува нивото на шеќер во крвта и го регулира апетитот.

Чајот од ленено семе ќе го поттикне разградувањето на мастите, а вашето тело ќе се снабди со важните минерали, што е од особено значење при здравото слабеење.

Состојки и подготовка:

1-2 лажици мелено ленено семе

250 мл вода

Сомеленото ленено семе ставете го во ладна вода. Нека отстои неколку часа со повремено промешување. Потоа смесата ставете ја на оган, а откако ќе зоврие гответе уште 5 минути. Потоа процедете.

Ако сакате да го подобрите вкусот можете да додадете некоја билка по ваш избор. на пример, додадете половина лажичка нане, дуња или камилица.

За оптимални резултати, пијте по 2-3 чаши дневно од овој чај, една на празен стомак наутро, односно, половина час пред оброк.

Со редовно консумирање на чајот од ленено семе, вашата кожа ќе стане мазна, сјајна и здрава.

Најбрзата диета: Слабеете килограм дневно

Нутриционистот Кенан Мандра од Босна и Херцеговина, со оваа диета изгубил 40 килограми за само 2 месеца. Тој е воедно и креаторот на оваа диета.

Исхраната треба да се состои од месо, риба, јајца, полномасни млечни производи, а забрането е да се конзумира индустриски преработена храна, алкохол и кафе.

- Во поширока смисла липосукција диетата значи да се консумираат само масти и протеини, а никакако не смеат да се внесуваат шеќери и јаглехидрати. Бидејќи од мастите и протеините добиваме многу повеќе енергија отколку од истата количина на внесени јаглехидрати, телото е создадено најпрво да ја троши енергијата од мастите. Очигледно е дека природата предодредила мастите да се нашиот главен извор на енергија, а не јаглехидратите. – вели Мандра

Оваа диета за многу кратко време ги освои познатите личности како Сузана Манчич, Тијана Дапчевиќ, а наводно и Џенифер Анинстон и Моника Белучи, кои имаат совршена фигура благодарение на липосукција диетата.

Популарно