Верувал во чудо и ставил 800 евра на Ц.Ѕвезда: Денеска е милионер!

Навивач на Црвена звезда во иднина во својот дом како икона ќе ја има сликата на фудбалерот Милан Павков, двојниот стрелец во синоќешната сензационална победа над Ливерпул (2-0), која му донесе – вистинско богатство.

Србинот од Виена премногу верувал во триумф на црвено-белите, па на нивна победа уплати дури 800 евра, сума која му беше зголемена 15 пати колку што изнесуваше коефициентот за триумф на домашните на „Маракана“. На крајот, белграѓани дојдоа до големи три бода и бонус од околу три милиони евра за триумфот, додека умешниот обложувач инкасира скоро 1,5 милиони српски динари односно нешто повеќе од 12.000 евра.

Пораз на нашите ракометари од Русија

Македонската репрезентација на Светското првенство пораз доживеа уште еден. Русија успеа да се издигне по големото разочарување, не совлада со 30-28 и не прати во битката за 15. место на Мунидјалот. Противникот ќе го дознаеме по завршување на дуелот меѓу Чиле и Катар, кој почнува во 15:30 часот. 

Капитенот, Кирил Лазаров со девет погодоци беше најефикасниот играч во нашите редови, два гола помалку имаше Жарко Пешевски. Никола Митревси мечот го заврши со 15 интервенции.

Добро отворивме, поведовме со 4-2, не прочита одбраната на Русија, изгубивме две топки, примивме три гола во празна мрежа, противникот направи серија од 6-0 за 8-4 во десетата минута. Митревски и на овој дуел беше на ниво на задачата, во вистински момент конечно се разбуди и Гоце Георгиевски, украде топка и во серија од 4-0 постигна два гола. Изнедначивме на 8-8, но не го вративме водството.

Русите во последните десет минути дојдоа до нова позитива, 17-12 беше во 28. минута Во овој дел влезе и Крстевски на местото на Манасков. Токму тој заедно Кире намалија на 17-14, резултат со кој се замина на одморот. 

Продлживме да паѓаме и во второто полувреме. Русија за четири минути дојде на плус шест (20-14), Лазаров ја прекина агонијата на теренот. Противникот не дозволи резултатот да отиде во друга насока. Дојдовме на 26-22 во 48. минута, но тоа е се што направивме. Покрај Крстевски шанса добија, Серафимов, Танкоски и Поповски. Капитенот со деветтиот погодок намали на 30-27 на две и пол минути, имавме шанса да дојдеме на минус два, но не погодивме празна мрежа. 

Македонија мечот за 15. место го игра утре со почеток во 13 часот. 

Нашите ракометари во 13 часот на мегдан со Русија

Русија е првиот противник на Македонија во „Президент купот“, во разигрувањето за пласман од 13 до 16. место на Светското првенство , ривал со кој се соочуваме попладнево (13 часот) во „Ланксес“ арената во Келн.

Нашите ракометари премиерно се наоѓаат во една ваква ситуација во мундијалските настапи па од таму и првпат ќе ги измериме силите со „зборнаја“ во борбата за пласман.

Во последните две децении со нив сме играле трипати на големите натпреварувања, а историјата вели дека се противник со кој знаеме и можеме да се носиме со оглед на тоа дека скорот е една победа и две реми.

Последниот дуел на СП е оној на мундијалот во 2013 во Шпанија, кога во рамките од групната фаза одигравме 29:29. Победа имаме на СП 2009 во Хрватска, пред една деценија, 36:30 исто така во дуел во група.

Со „зборнаја“ сме играле и на европската премиера во 1998, кога во групната фаза исто така сме ремизирале 26:26.

Во последните година дена, поточно во април лани, Македонија и Русија одиграа во Скопје пријателски натпревар, во кој „зборнаја“ славеше со 32:27.

Денешната пресметка ќе биде интересна со оглед на тоа дека премногу актуелни или поранешни ракометари на Вардар ќе играат едни против други во Келн. Од капитенот Стојанче Стоилов, екс-капитенот Филип Лазаров, Дејан Манасков, Мартин Поповски...во нашиот национален тим, до Тимур Дибиров, Даниел Шишкарев, Галеб Калараш, Дмитри Кисељев во Русија.

Дури и пресметката на клупата ќе биде во знакот на „црвено-црната“. Селекторот Раул Гонзалез и Роберто Парондо како дел од стручниот штаб на Македонија, заедно со кинезитерапевтот на вардарци, Димитар Маневски, а „зборнаја“ ја предводи актуелниот спортски директор на Вардар, Едуард Кокшаров.

Гонзалез нема да прави промени во составот и со исти сили ќе влезе и во овој дуел, додека Кокшаров дополнително ја засили само дефанзивната линија со Глеб Калараш

Крај на нашите надежи за висок пласман на СП во ракомет

За жал Македонската репрезентација не успеа да обезбеди место во главната рунда на Светското првенство, важниот дуел со Исланд го загуби со и остана без шанса за олимписки квалификации, за првпат ќе играме во Президен Купот. 

Отворивме со техничка грешка и примивме гол на празна мрежа, но веднаш направивме серија од 4-0, за водство од три гола (4:1) по само седум минути игра.

Одлично игравме во одбраната, која беше поставена 5-1, Борко Ристовски беше сигурен меѓу диреците, а во нападот бевме трпеливи и одевме до сигурен, позиционен напад. Исланд по седеум минути го постигна два гола по ред за 6:4 (15 минута), но кога влезе во ритам и исландскиот голман Густавсон се играше егал од 6:6, па до финишот на полувремето.

За 17 минути игра противникот постигна пет погодоци, од кои само еден од позиционен напад, додека четири на празна мрежа, поради играта „7 на 6" на Македонија во нападот.

На пет минути до крајот од 9:9, нашите ракометари влегоа во серија. Талески со погодок од далечина, потоа одбрана од седум метри на Ристовски и гол за Лазаров за водство од два гола, 11:9, односно 12:10 по успешно реализираниот прв пенал на капитенот.

Второто полувреме беше хаотично. Талески со два гола и Филип Лазаров го одржуваа водството од два гола (14-12, 15-13, 16-14) до 34. минута, потоа направивме серија на грешки. Македонија девет минути беше без погодок, на другата страна Исланд со серија од 0-4 за првпат поведе со плус два 16-18 во 45 минута.

Талески ја прекина серијата на противникот, не ја искористивме одбраната на Борко, исклучување на другата странa, ниту втората интервенција на Ристовски од седум метри. Стигна казната, Исланд дојде на плус два 17-19. 

Лазаров својот прв погодок во второто полувреме го постигна во 49. минута за 18-19, не успеавме веднаш да изедначиме тоа го сторивме минута подоцна, по седмерецот на Исланд, Пешевски беше прецизен, Борко одбрани, а Поповски израмни на 20-20. Раул одлучи да промени во нападот, до крајот игравме шест на шест.

Палмерсон со вториот погодок зголеми на 20-21, Македонија со десетата техничка грешка се стави во опасност, на голема среќа нивниот капитен промаши, Кузмановски донесе нов израмнување (21-21), но Исланд одново беше чекор пред нас. На две и пол минути до крајот се искачи на 21-23. Во една изгубена ситуација Манасков погоди за 22-23, но судиите им подарија нов седмерец на Исланѓаните кои реализираа за 22-24. Тука беше крајот. 

Популарно