ФОТО: Глумецот конечно почестен со ѕвезда на патеката на славните

Глумецот Мајкл Даглас е почестен со ѕвезда на Холивудската патека на славните, а овој свечен животен момент го сподели со семејството.

Овој славен американски глумец во вторникот за време на свеченото доделување на наградата после речиси пет децении работа во Холивуд на присутните им се обрати со искрен говор. 

На Даглас му се придружиле најблиските членови на семејството, вклучувајќи ја неговата сопруга Кетрин Зета Џоунс, синот Камерон Даглас и неговиот татко Кирк Даглас.

Џејн Фонда, поранешниот менаџер на Даглас, Рон Маер, Ерик Мекормак и Енди Гарсија исто така беа присутни на церемонијата.

"Ѝ се заблагодарувам на поддршката на мојата сопруга Кетрин, на нејзината љубов и трпение. За седум дена ќе ја прославиме нашата 18 годишнина од бракот, па ова ќе го искористам за да ѝ се заблагодарам за 18 преубави години", рекол Мајкл.

Даглас бил посебно емотивен кога говореше за својот татко Кирк кој на церемонијата седел во инвалидска количка,

"Мојот татко е овде. За еден месец, Кирк ќе има 102 години. Тато, толку многу ми значи што си денес овде. Ти благодарам на советите, инспирациите и горд сум што ми си татко", додаде американскиот глумец.

ФОТО: Актерката од Фазилет поинаква во реалноста

Нејзиното име е Еџе и ја гледаме како злобната Селин во серијата која е хит на Сител, Фазилет и нејзините ќерка.

Та аима 24. години и е позната турска театарска актерка.

Во реалноста постојано намуртената Селин, сосема поинаква.

ФОТО: Турските актери Фахрие Евџен и Бурак Озчивит со новородениот син

Фахрие Евџен и Бурак Озчивит пред само неколку дена станаа родители, а славниот турски пар денес си замина дома со првото дете.

Локалните медиуми ја пречекаа двојката пред приватната болница во која Фахрие се породи.

32-годишната актерка накратко им одговори на новинарите дека сè поминало прекрасно и дека нејзиниот сакан бил покрај неа за време на породувањето.

Новороденото момче го доби името Каран, а на фотографиите се гледа дека Фахрие веќе носи накит со неговото име.

Ова е прво дете на Фахрие и Бурак кои се верија во март 2017 година, а стапија во брак во јуни истата година.

ФОТО: Турскиот актер во реалноста е среќно женет со убавица

Во серијата „Фазилет и нејзините ќерки" ја игра улогата на најстариот брат Ѓокхан кој има жена-змија.

Во реалноста актерот Толга Гулеч е среќно женет и има жена убавица.

Погледнете како изгледа таа.

Популарно