ФОТО: Манекенката тврди дека спиела и била во врска со таткото на сестрите Хадид

Манекената во подем, 25 годишната Џастинa Монде, тврди дека три години била во врска со 70 годишниот Мохамед Хадид, градежниот бизнисмен и татко на најуспешните манекенки Бела и Џиџи Хадид.

Џастинa тврди дека таа летала со неговиот приватен авион и престојувала во хотелите ширум Европа од 2014 до 2017 година со цел да се гледа со него, откако се запознале на Инстаграм. 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Hmmmmmm 😅🤗😅 #JustynaMonde #forever21

A post shared by Justyna Monde/Gap (@justynamonde) on

Проблемот е во тоа што Хадид веќе пет години е во врска со 36 годишната ријалити ѕвезда Шива Сафаи, а како што рекле и двајцата не сакаат да се венчаат.

Дејли Меил забележа дека Џастинa неверојатно наликува на 23 годишната Џиџи, а со Мохамед се запознале додека таа студирала во Франкфурт.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

⭐️Those who never believe in magic will never find it ⭐️ . photo: @yannickwansel

A post shared by Justyna Monde/Gap (@justynamonde) on

"Се запознавме на Инстаграм, му испратив порака во која го поздравив, а тој ми го испрати телефонскиот број. Со месеци разговаравме, па добро се запознавме. Многу долго се допишувавме преку WhatsApp, разговаравме за уметноста, бидејќи и двајцата сликаме и сакаме уметност. Започна невино, а потоа сексуално. Си праќавме фотографии. Сакав искуство со повозрасен маж, а тој е атрактивен. Во еден момент ми испрати порака дека сака да јаде пита од моето тело", рекла и додала дека барал да му испраќа "злобни" фотографии.

"Секако дека му праќав, голотијата ја сметам за вид на уметност. Беше многу заинтересиран, му се допаѓав", рекла таа.

Првично наводно не ѝ спомнал дека е во врска со Шива. Џастинa на Дејли Меил им даде пристап до фотографиите кои си ги праќале во кои тој ја нарекува добра девојка и ја прашува дали сака да го нарекува "татичкo".

За прв пат се сретнале во родната Полска, каде дошол со соработници. Тогаш за прв пат спиеле заедно, а нивното прво романтично бегство било прекинато од неговата девојка.

"Таа многу го контролира, па постојано му ѕвонеше. Мислам дека тој многу ја почитува, но таа врска нема да зврши со брак, бидејќи тој ја изневерува. Го прашав зошто не ја ожени, а тој рече дека не ја гледа онака како што ја гледаат другите", открила Џастинa.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

✈️flight attendant✈️ . . Planning next projects . . location: @alexeibazdarev1

A post shared by Justyna Monde/Gap (@justynamonde) on

Еден од најпосакуваните ергени во Холивуд ќе стане татко

Можеби еден од најпосакуваните ергени во Холивуд, Хенри Кавил откри дека го чека своето прво дете со неговата девојка Натали Вискузо.

Глумецот ја потврди среќната вест за „Аксес Холивуд“ (Access Hollywood) на премиерата на својот нов филм „Министерството за неџентлменско војување“ (The Ministry of Ungentlemanly Warfare).

– И јас и Натали сме многу, многу возбудени за тоа, изјави Кавил (40).

Кавил и Вискузо се во врска речиси три години. Во јавноста, првпат се појавија на црвениот тепих на премиерата на „Енола Холмс 2“ во 2022 година. Натали работи како директорка на холивудската телевизија

Видео: Хју Хефнер е погребан до Мерлин Монро- причината е бизарна

Многу фанови деновиве се сеќаваат на поранешниот шеф на Плејбој, а една од најбизарните работи што ги правел во животот се однесувала на Мерлин Монро. Имено, неговата желба била да биде погребан покрај познатата актерка.

Хефнер почина во септември 2017 година, а неговите посмртни останки се наоѓаат во криптата на гробиштата на Меморијалниот парк на селото Пирс Брадерс Вествуд во Лос Анџелес - веднаш до Монро. Тој платил 75.000 долари во 1992 година за да биде погребан покрај холивудската ѕвезда, иако парот никогаш не се запознал. Хефнер тврдеше дека таа е најзаслужна за успехот на Плејбој, а тие биле на иста возраст, поради што чувствувал „двојна врска“ со неа.

Хефнер одлучил години пред смртта да биде погребан до неа. „Верувам во симболични работи. Да се ​​помине вечноста покрај Мерилин е премногу слатко за да се избегне“, изјавил тој за Лос Анџелес Тајмс во 2009 година. Хефнер ја направи Монро икона на Плејбој откако тој купи неколку нејзини голи фотографии кои таа се согласила да ги направи кога немала пари.

Кога потврдил дека платил 75.000 долари за да биде погребан до актерката, феминистките истакнале дека Хефнер ги објавил нејзините разголени фотографии без нејзина согласност и не ѝ платил ни пара. Всушност, кога се согласила да се фотографира во 1949 година, за нив ѝ платиле само 50 долари, а потоа побарала од фотографот да се обиде да ги замагли за да не биде препознатлива.

Хефнер подоцна платил 500 долари и ги објавил на централно место во првото списание Плејбој. Во 2011 година, Хефнер му рекол на Пирс Морган: „Таа всушност беше во класата по глума на брат ми во Њујорк. Но, реалноста е дека никогаш не ја запознав. Еднаш разговарав со неа на телефон, но никогаш не ја сретнав. Таа замина, за жал , пред да дојдам овде“, призна тој.

Почина Роберто Кавали

На 83-годишна возраст денеска почина познатиот италијански моден дизајнер Роберто Кавали. Весникот „Кориере дела сера“ објави дека Кавали долго време бил болен.

Во светот на модата, тој стана познат по својот нетривијален, светол стил.

Дизајнерот инаку минатата година доби син кому му го даде името Џорџо по неговиот татко.

„Бебето, кое се роди пред една недела токму овде во Фиренца, е прекрасно и беше навистина емотивно да го видам веднаш по неговото раѓање. Неговото име е Џорџо, како неговиот дедо, татко ми кој беше застрелан од нацистите во Масакрот во Кавриља кога имав четири години“, изјави Роберто за списанието Новела 2000 .

Оваа вест буквално го шокираше светот со оглед на тоа дека Роберто беше 45 години постар од Сандра.

Роберто се забавувал со Сандра од 2008 година, т.е. уште од нејзини 23 години, додека манекенката се грижела за дизајнерот секојдневно во последните години бидејќи имал сериозни здравствени проблеми.

Злобниците шушкаа дека Сандра „му менува пелени“ и дека тој е со неа само за да се грижи за него, но сите беа шокирани кога дознаа дека парот има и дете.

Сандра е родена во Шведска, во светот на модата влезе на само 14 години, а со Роберто Кавали живееше во последните 15 години.

Во 2006 година Сандра беше прогласена за најубава жена во Шведска, додека една година подоцна се појави на насловната страница на познатиот магазин Плејбој.

Популарно