Четири пати пеев за Тито и мило ми е поради тоа

Секако една од најголемата музичка ѕвезда на овие простори и миленик на сите генерации Здравко Чолиќ по четири годишна пауза на 10 и 17 ноември ќе одржи два големи коцерта во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Легендарниот Чола е едно од ретките имиња на поранешната југословенска естрада, кое во своите 40 години солистичка кариера опстојува со речиси ненамалена популарност.

По сите овие години што уште Ве мотивира да се занимавате со музика?

Пред се, ве мотивира публиката и големиот број луѓе кои доаѓаат на концертите. Тоа е најголемата мотивација, но и самите песни во кои уживаш додека ги снимаш.

Како е да се биде Здравко Чолиќ?

И лесно и тешко… Од една страна, обврската кон ваков вид на јавна работа е тешка и мислам дека оние кои можат да ги издржат јавноста и притисокот од медиумите, да се борат со менаџерите и разни менаџменти, да се грижат за себе а пред се да воспостават најпозитивен однос со прекрасната публика, се всушност тие кои можат да се занимаваат со таква работа. А Здравко Чолиќ приватно е многу релаксиран, хедонист, човек кој ги сака луѓето, сака да се дружи, патува… и морам да признаам дека повеќе ми одговора овој поопуштен Здравко Чолиќ.

За која песна можете да кажете дека е Ваша „лична карта“?

Повеќе песни, тешко е да се определи во мојот случај, до да речеме тоа е „Песно моја“ и од последниот албум „Куќа полна народ“, бидејќи токму таа зборува за ширење на љубов и позитивна енергија кон луѓето, што јас цел живот го правам без разлика на работата со која се занимавам, а тоа е најубаво да се направи преку музика или преку филм или уметност… Најголем подарок од Бог е со гласот да развеселуваш луѓе и да шириш позитивна енергија.

Дали сте суеверен и имате ли некаков ритуал пред настап?

Не сум нешто посебно суеверен. Пред настап сум секогаш сам, во еден вид „карантин“, се осамувам и се посветувам себе си. Тие денови пред концерт храната е поприспособена, но тоа не е ништо посебно, се е во нормални услови за некој што се занимава со ваква работа.

Синглот „Друже Тито ми ти се кунемо“ е издаден во 1978 година. Имавте ли некогаш средба со Јосип Броз Тито?

Имав средби со Тито. Четири пати пеев за Тито и мило ми е поради тоа. Тоа беше такво време, песните за Тито беа дел од тие фестивали. Тоа беше едно убаво време кое не обединуваше, дел од нашиот живот и не треба да се бега од тоа.

Мислите ли дека светот на технологијата, интернетот и Јутјуб денес негативно влијаат врз квалитетот на музиката и колку сте активни на социјалните мрежи?

Приватно немам ниту една од тие социјални мрежи, тоа го прават моите фанови кои се многу активни. Технологијата и интернетот денес овозможуваат побрзо да дојдете до информации. Од друга страна, секој може да сними песна и да ја постави на Јутјуб, што во мое време кога ја почнував кариерата не можеше толку лесно да се дојде преку ред на сцена, до медиумите и публиката. Беше потребен многу поголем труд. Мислам дека се губи на емотивно поле, ако се спореди со некогашното слушање плочи, дружењето со музика и концертите кои беа поинакви. Добивме една глобална приказна, која во краен случај нема да ја спречи музиката да се развива и секој, индивидуално ќе најде начин како ќе ја слуша музиката.

Каква музика слуша Здравко Чолиќ приватно и каков е Вашиот коментар за денешната музичка сцена во регионот?

Слушам буквално се… Има моменти кога ти се слуша блуз, соул, а некогаш забавна поп и рок музика. Кога се оди во кафеана не бегам од добар народен мелос. Амбиентот секогаш одредува што треба човек да слуша. Ако заминеш на некој техно фестивал ќе влезеш во атмосфера на тој главно помлад свет. Сакам кога сум во странство да отидам на добра блуз или џез забава. Она што е интересно, сакам компилации кои имам навика да ги купувам.

Дали вашите две ќерки Уна и Лара имаат афинитети кон музиката, гледате ли во нив Ваш наследник и ја имаат ли Вашата поддршка?

Тие имаат афинитети и талент за музика, јас нема да им се мешам во изборот на нивната професија, ќе им помогнам и секогаш ќе им давам совети. Но тоа е тешка работа за жена. Некогаш изведувачите беа заштитени на поинаков начин. Тогаш издавачки куќи и телевизии се грижеа за нив, а денес се оставени сами на себе и тоа е многу потешко.

Во тек на Вашата долгогодишна кариера соработувавте со најпознатите музички имиња на просторот на поранешна Југославија. Постои ли во моментов некое име во Македонија кое би ја заслужило Вашата доверба за да стави потпис на некоја ваша песна во иднина?

Ја следам македонската музичка сцена, има перспективни млади музичари, но да не издвојувам сега некого посебно. Сигурно ќе има можност со некого и да соработувам. Григор Копров е мој пријател и жал ми е што не соработував со него. На минатиот албум соработував со Влатко Стефановски.

Досега трипати ја наполнивте Маракана и еднаш Ушќе. Имате ли предизвик повторно да го направите тоа и дали македонската публика може да очекува од Вас еден голем музички спектакл на стадионот во Скопје?

Во Арената во Скопје е малку поинтимна приказна, сега е времето постудено за концерти на отворено. Познато е дека јас сум учествувал на манифестации во многу градови во Македонија, па луѓето имаа можност да дојдат на концерти кои се одржуваа на плоштади, каде атмосферата е слична како на стадион, бидејќи присуствуваат голем број луѓе.

Може ли да ни откриете што подготвува Чола за публиката во Скопје и дали ќе имате музички гости на концертот?

Овој пат ќе имаме два концерта во ВИП Арената „Борис Трајковски“ и мило ми е што има таков интерес кај публиката. Ќе поминеме низ времето, ќе има некои стари песни кои не сме ги свиреле долго и некои нови. Една пригодна програма и на некој начин ќе го промовираме и новиот албум „Она малку среќа“ со околу шест нови песни кои ќе ги пееме, како и старите хитови без кои едноставно не можеме.

„Сè уште ја сакам таа жена“: Бред Пит не може да заборави поранешна девојка, а таа не е ниту Анџелина Џоли ниту Џенифер Анистон

Бред Пит отсекогаш важел за миленик на жените и за еден од најпосакуваните мажи во светот.

Покрај успешната кариера во Холивуд, Бред Пит можеше да се пофали и со титулата еден од најубавите мажи на светот, а на неговиот шарм не одолеаја бројни светски убавици.

Популарниот актер уживаше во романсата со филмските ѕвезди Гвинет Палтроу, Џенифер Анистон и Анџелина Џоли, но кога е во прашање неговиот љубовен живот, познатиот актер ја издвојува врската со актерката Џулиет Луис.

Џулиет и Бред уживаа во романса пред повеќе од три децении. Двојката се запознала во 1990 година на снимањето на заедничкиот филм „Too Young to Die“, а актерката тогаш имала само 17 години. Бред Пит е 10 години постар од Џулиет и во времето кога се запознале имал 27 години, а една деценија разлика не ги спречила на прв поглед да сфатат дека се еден за друг.

Актерската двојка се забавуваше три години, а врската ја прекинаа на почетокот на 1993 година. Години подоцна, кога се навраќаа на љубовната врска, атрактивната бринета изјави дека холивудскиот заводник воопшто „не е во нејзиниот универзум“, додека Бред Пит во повеќе наврати зборуваше во медиумите за одличното време поминато заедно.

„Сè уште ја сакам таа жена. Таа е вистински гениј. Прекрасно си поминав со неа“, изјави Бред Пит во интервју за „Vanity Fair“ и додаде:

„Тоа беше една од најдобрите врски во кои некогаш сум бил. Проблемот е што растеме со визија дека љубовта победува се, а тоа едноставно не е така, нели?’

Во 1993 година, кога се запознаа, Бред Пит и Џулиет Луис снимија уште еден заеднички филм „Калифорнија“.

Во тоа време, додека зборуваше за нејзината романса со Бред, кој веќе уживаше огромна популарност во Холивуд, Џулиет призна дека Бред и се допаѓал како актер уште пред почетокот на нивната љубовна приказна.

„Се запознавме на снимањето на филмот и почнавме да излегуваме кога заврши снимањето. „Веќе ми се допадна како актер и мора да почитуваш некој што е во истото поле како тебе“, изјави тогаш Луис.

„Ние сме во момент во љубов кога едноставно сакаме да се гледаме секој ден и не ни е досадно кога сме еден со друг, па затоа е навистина, навистина убаво. Исто така, можеме да бидеме заедно кога работиме и разговараме за тоа и соработуваме. Сакаме да работиме заедно повторно и повторно и повторно“, ја опиша својата врска со популарниот актер, Џулиет за Лос Анџелес Тајмс.

Години подоцна, актерката повторно се присети на врската со колегата и истакна дека се надева дека Бред Пит ќе ја најде среќата во љубовта, бидејќи искрено го сака.

„Тој воопшто не е во мојот универзум сега. Ми се чини како да била средношколска врска за мене бидејќи тој сега е толку славна личност. Ја гледам оваа личност со која имам малку заедничка историја. Се надевам дека ќе најде среќа затоа што јас навистина го сакав. Тој е многу лојален, добро момче“, изјави Џулиет Луис за медиумите.

Години подоцна, во 2009 година, актерката истакна дека единствената причина зошто луѓето ја прашуваат нешто за Бред Пит е затоа што тој има култен статус во Холивуд.

„Луѓето ме прашуваат за него само затоа што е толку познат. Ништо не ме прашуваат за мојот поранешен сопруг, иако тоа секако е многу позначајна врска бидејќи сепак бевме во брак“, изјави актерката.

Џулиет Луис беше во брак од 1999 до 2003 година со професионалниот скејтбордер Стив Бур.

Дневен хороскоп

Овен

Овни, ќе имате многу енергија да работите и да ги постигнете своите цели. Бидете отворени за нови идеи и соработка со колегите. Денеска вашата спонтаност и храброст ќе бидат клучни во вашиот љубовен живот. Можни се возбудувања и неочекувани пресврти. Физичката активност ќе ви донесе чувство на задоволство и рамнотежа. Обрнете внимание на исхраната.

Бик

Фокусирајте се на практични задачи и организација на работата. Поставете реални цели и работете трпеливо за да ги постигнете. Стабилноста е клучна за вашиот љубовен живот денес. Посветете се на партнерот и уживајте во заедничките моменти. Ви треба повеќе одмор и релаксација. Посветете се на хоби и активности кои ве исполнуваат.

Близнаци

Близнаци, креативноста ќе ви биде сојузник во бизнисот. Користете ги вашите идеи и иновации за да постигнете успех. Комуникацијата ќе биде клучна за вашиот љубовен живот. Бидете отворени и искрени со партнерот. Одржувајте ментална рамнотежа преку медитација или други техники за релаксација. Внимавајте на исхраната и внесот на течности.

Рак

Ракови, бидете внимателни со новите проекти и соработници. Внимавајте на деталите и бидете организирани. Емоционалното поврзување со партнерот ќе ви донесе голема радост. Посветете се на заеднички активности и разговори. Важно е да се грижите за вашето емоционално здравје. Разговарајте со саканите за вашите чувства.

Лав

Изразете ја вашата креативност и доверба во деловното опкружување. Бидете лидер во тимските проекти. Денеска вашата страст и ентузијазам ќе привлечат внимание. Уживајте во романтичните моменти со саканата личност. Физичката активност ќе ви донесе чувство на моќ и енергија. Јадете храна богата со витамини и минерали.

Девица

Организацијата е клучна за деловниот успех. Поставете приоритети и следете го вашиот работен план. Да се ​​биде аналитички може да ви помогне подобро да го разберете вашиот партнер. Бидете внимателни на нивните потреби и желби. Редовните здравствени проверки се важни. Внимавајте на исхраната и физичката активност.

Вага

Дипломатијата ќе ви помогне во деловните ситуации. Размислете за различни опции пред да донесете одлуки. Хармонијата и рамнотежата се клучни за вашиот љубовен живот денес. Посветете се на заеднички интереси и компромиси. Грижете се за вашето ментално здравје преку релаксација и разговор со саканите. Одржувајте рамнотежа помеѓу работата и одморот.

Скорпија

Скорпии, фокусирајте се на истражување и наоѓање скриени ресурси. Бидете трпеливи во остварувањето на деловните цели. Денеска во вашиот љубовен живот ќе биде присутен интензитетот. Бидете отворени за длабоки емоции и интимни моменти. Одржувајте емоционална рамнотежа преку медитација или други техники за релаксација. Внимавајте на вашите навики во исхраната.

Стрелец

Бидете подготвени за промени и нови предизвици во работата. Искористете ги можностите за учење и напредување. Отвореноста за нови искуства ќе го збогати вашиот љубовен живот. Размислете за авантури со вашиот партнер. Физичката активност во природа ќе ви донесе ментална и емоционална стабилност. Не заборавајте да имате диета со свежа храна.

Јарец

Јарци, посветете се на долгорочни цели и стратегии. Бидете дисциплинирани и упорни во остварувањето на вашите деловни планови. Стабилноста ќе биде клучна за вашиот љубовен живот. Покажете му на партнерот дека можете да бидете поддршка. Грижете се за вашите коски и зглобови преку редовна физичка активност. Ќе одржувате рамнотежа помеѓу работните обврски и одморот за да го зачувате вашето здравје.

Водолија

Иновативноста ќе ви помогне да се истакнете во деловното опкружување. Размислете за нови пристапи и технологии. Оригиналноста и неконвенционалноста ќе го збогатат вашиот љубовен живот. Бидете отворени за нови идеи и авантури со партнерот. Внимавајте на вашето ментално здравје преку дружење со пријателите и хобија кои ве исполнуваат.

Риби

Креативноста ќе ви донесе успех на работните места за кои е потребна имагинација. Бидете инспирирани и работете со страст. Интуицијата ќе биде важна во вашиот љубовен живот. Слушајте го своето срце и внимавајте на чувствата на партнерот. Грижете се за вашата емоционална состојба преку медитација. Одржувајте рамнотежа помеѓу деловните обврски и времето за релаксација.

Никол Кидман ги изненади фановите со промена на имиџот

Оскаровката Никол Кидман се пофали со својата промена на имиџот на својот инстаграм-профил.

56-годишната актерка ја покажа својата нова боб-фризура заменувајќи ги препознатливите долги кадрици.

Обожавателите во коментарите го пофалија нејзиниот нов изглед, а многумина напишаа дека актерката изгледа помладо.

„Безвременски“, „Ја сакам твојата коса“, „Време беше“, „Изгледаш фантастично“, се дел од коментарите.

Сепак, имаше и такви што беа разочарани од новата фризура.

„Каде ти се локните?“, „Извини, но воопшто не личиш на себе“, „Никогаш не би помислил дека ова е Никол“, напишале тие.

Популарно