Починато лице доби пратенички мандат

Граѓаните од округ во Невада, каде традиционално се симпатизери на републиканците, на вчерашните избори го избраа за пратеник покојниот Денис Хоф, сопственик на неколку јавни куќи.

Хоф, кој почина минатиот месец, ја доби поддршката од 63 отсто избирачи во својата изборна единица. Со оглед на тоа дека гласачките ливчиња веќе биле отпечатени во моментот на негоата смрт, тие не можеле да бидат повлечени. Тој беше обвинет за силување од страна на две жени, но ги негираше таквите тврдења.

Неговото пратеничко место сега се смета за испразнето, па посебна комисија од таа изборна единица ќе го одреди неговиот наследник, јави ДПА.

Богатиот сопственик на бордели, почина во еден од нив на 16 октомври, каде претходната ноќ со раскошна забава го прославил својот 72. роденден.

Фото: Тој „плати“ за неа 38 милјарди долари

 Лорен Санчез е жената поради која Џеф Безос  најбогатиот човек во светот ја остави сопругата со која беше 25 години во брак. Безос одлучи финалето на Вимблдон помеѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер да биде првиот настан на кој тие ќе се  појават заедно.

Тие разменуваа нежности пред фотографите само неколку дена откако овој милијардер го заврши разводот вреден 38 милијарди долари со неговата сопруга Макензи С. Безос, и седум месеци откако беше откриена нивната афера.

Џеф и Лорен седеа само три реда зад принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Тие се бакнуваа и се смешкаа еден на друг, без да се грижат за туѓите коментари.

Киднапирана е старлетата Сораја

Една од најпопуларните Балкански старлети Сораја Вучелиќ очигледно го живее животот  на „висока нога“. Таа на своите фанови на социјалните мрежи постојано им споделува фотографии на кои се гледа како ужива на егзотични дестинации. Старлетата летово се забавува и проведува со своите исто така секси пријателки во Марбеља, Шпанија.

Со последната објава на Инстаграм, многумина насмеа, ама само навидум, зашто кој знае да чита меѓу редови бргу ќе сфати што сакала да каже старлетата.

Се претспоставува дека некој од блиските пријатели на Сораја ја запрашал, каде тоа таа и нејзините пријателки исчезнаа рано утрината, а Сораја му одговорила на „својствен“ начин:

„Не грабнаа вонземјани, замисли?!“

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Savršenstvo❣️❣️❣️❣️❣️❣️❣️❣️❣️ #sorajavucelic @sorajavucelic

A post shared by 👑 Soraja Sara Vucelic 👑 (@soraja_fanclub) on

Годинава оваа земја е идеална за живот

Според резултатите од спроведена анкета  80% од испитаниците  се задоволни со економската клима во земјата додека дури 86% од нив  се задоволни и од политичката ситуација.

Швајцарија е прогласена за најдобра земја за живеење и работа. Швајцарија според листата на банкарската корпорација на Хонгконг и Шангај го симнала Сингапур од тронот кој цели пет години ја носел титулата за најдобра земја.

Високиот животен стандард, конкурентните плати, но и стабилната политичка и економска слика на државата во голема мера ѝ помогнале да се искачи за седум места во ова време на глобална несигурност.

Околу 82% од луѓето кои се преселиле во Швајцарија поради работа изјавиле дека уживале во подобар животен стандард споредено со нивната држава.

Имено, дури седум од десет од оние кои се преселиле таму сега уживаат во поголемо ниво на расположлив доход со годишна просечна плата од 111.87 долари – што е многу поголема бројка од глобалниот просек од 75.966 долари.

Покрај Швајцарија и Сингапур на врвот се сместени и Канада, Шпанија, Нов Зеланд, Австралија, Турција, Германија, Обединетите Арапски Емирати и Виетнам.

Популарно