Ова се четирите најпопуларни модели на очила за сонце оваа сезона

Дизајнерката Викторија Бекам  во едно интервју изјави “Добар пар очила за сонце и високи потпетици може да ја преобразат речиси секоја комбинација“ и таа изјава ќе влезе во историјата на стилот.

Оваа есен, модните дизајнери ја насочија креативната фантазија токму на очилата за сонце како фокусна точка на целосниот изглед.

Како трендови се издвојуваат овие четири модели на очила за сонце што ќе ја збогатат вашата модна комбинација и ќе направат да се издвоите од толпата.

Ако направите комбинација од два модели во еден, тогаш веќе се издвојувате во категоријата жени со стил кои вешто ги следат трендовите.

Правоаголни рамки

Овој ретро модел што го популаризираше Софија Лорен во 70-тите ќе им ја даде потребната доза на холивудски гламур и на наједноставните модни комбинации. Женствени и елегантни, гломазните правоаголни очила за сонце прилегаат на речиси секој облик на лице.

 Рамки со животински дезен

Животинскиот дезен е голем хит оваа сезона за сите модни парчиња, а очилата за сонце не се исклучок. Изберете го вашиот омилен дезен – леопард точки, тигрести пруги, змиска шара… и блеснете во секоја прилика. Ако на тоа додадете и форма на „мачкини очи“ на рамката, имате полн погодок.

Обоени стакла

Овој тренд е идеален за љубителите на футуристичкиот изглед, но секој може да се обиде да го износи со вистинската нијанса на бојата на стаклото.

Бели рамки

Трендот од ова лето продолжува. Белата боја веќе не е карактеристична само за летната сезона. Одберете и наједноставна комбинација и со очила за сонце со бели рамки сигурно ќе бидете забележани.

Спиела со околу 10.000 мажи и научила МНОГУ

Гвинет Монтенегро уште од својата 21. година се "занимава со мажи" со паричен надомест. “Лесно возбудливо кученце", "Лојално млитаво детиште", "Ултимативна сродна душа", "Освојувач", се само некои од категориите во кои таа ги вбројувала своите клиенти.

Поранешната елитна ескорт дама открила зошто мажите ги изневеруваат своите сопруги, но и советувала што можат жените да направат за тоа да го спречат, пишува Daily Mail.Гвинет Монтенегро доаѓа од Мелбурн, а прв пат за секс наплатила 21. година. Тоа го претворила во своја професија, а кога го споделила своето искуство со медиумите и самата станала ѕвезда. Успехот во својата работа Гвинет го мерела со дизајнерска облека, скапи автомобили и патувања на места од кои застанува здивот.

За медиумите изјавила дека спиела со околу 10.000 мажи, и со тоа ги заработила сите насловни страни на големите медиуми. Сите мажи ги поделила во неколку категории "Лојално млитаво детиште", го нарекла типот на маж чиј сон е жената да доминира над него.

"Неконформист" е маж со кој ќе пробате секакви луди работи."Оштетен" маж е оној на кој треба да му посветите многу време и внимание за да го доведете во ред, а ако сте токсични, подобро веднаш да заминете од него.Тука е и типот кој само сака да ја задоволи својата жена. Сите тие мажи, вели Гвинет, минале низ нејзиниот кревет и сите ги прашала зошто дошле кај неа, а нивните одговори и помогнале да ги категоризира."Важно е да знаете што го мотивира мажот да изневерува, бидејќи само со таа информација можете и да го спречите. Мажите се како жените, и тие имаат чувства. Сакаат да се заљубат и да почувствуваат блискост, сакаат да се чувствуваат посакувано. Не изневеруваат затоа што можат, ниту изневеруваат затоа што размислуваат со долната глава. Тие сакаат да се почувствуваат како вистински мажи и се преплашуваат кога ќе помислат дека ќе ја изгубат машката енергија. Тоа што најмногу ме изненади е фактот дека не се чувствуваат посакувано за време на секс, туку кога знаат дека можат да задоволат жена", открива Гвинет.Како што таа открива, секој маж кој имал секс со неа, имал само еден мотив – да ја задоволи."Не доаѓаа само по секс на брзина. Доаѓаа да почувствуваат интима и посветеност и се обидуваа да ме задоволат. За нив можноста да предизвикаат оргазам кај жената е потврда за машкоста. Кога не можат да ја задоволат својата жена, одат кај друга", рекла Гвинет, и додала дека најдобар секс имала со мажи со кои се гледала надвор од работа, бидејќи покрај физичката имале и ментална поврзаност. "Добар секс е во главата. Кога ќе ја изгубите менталната поврзаност никогаш повеќе нема да биде толку добар. Денес е тешко да се разговара очи во очи, сите комуницираме преку пораки. Не мора да го менувате тоа што сте, само испијте неколку пијалаци со сопругот, и кажете го тоа што ви лежи на душа, за повторно да се поврзете. Не наседнувајте на приказната дека сето тоа може да се најде и преку апликација. Страста која сте ја виделе во очите на сопругот, не може да се најде на апликација", заклучила Гвинет

Што јадат бебињата кои се во тренд

Во анкетата спроведена меѓу 1.500 родители децата јадат егзотични храна од рана возраст,

Едно од седум бебиња сака хумус и едно од дваесет – киноа. Другите бебиња уживаат во кускус, а некои дури и во лимон.

Анкетираните родители откриле дека на нивните бебиња им е најмалку омилен прокељот.

73 отсто од родителите признаа дека се збунети и не се сигурни кои продукти да им ги понудат на бебињата во првите месеци на дополнителна исхрана, а 67 отсто наидоа на сосема различни совети за тоа кога треба да започнат со воведување цврста храна.

„Бебињата на милениумците сакаат необични јадења и возбудливи вкусови. Денес, егзотичните производи се повеќе достапни и првата храна за бебињата полека се менува“, вели Дејвид Лаулор, кој го нарача истражувањето.

Просечната возраст на која испитаниците почнуваат да воведуваат цврста храна за бебињата е шест месеци. Додека 55 отсто од родителите им готват посебни оброци на своите бебиња, 30 отсто од нив им нудат сопствен оброк, а 15 отсто им нудат готови кашички.

Според студијата, децата сакаат јогурт, банани, тестенини, сладок компир, варен зеленчук, јаболка, меко сирење, манго, тиква, домати, путер од кикиритки, авокадо, лосос, хумус, кускус, супа од тиква и леќа.

А најмногу мразат прокељ, лимон, печурки, јајца, брокула, грејпфрут, месо и риба.

Популарно