Комити тука ли сме?

По неколку месечна тишина, навивачката група „Комити“ најавува будење. Со Фејсбук статус на нивната најголема фан страна, Комитите најавија многу активности.

„Комити тука ли сме?

Не прашуваат многу каде сме, па да одговориме...

Тука сме..."Коските ни кршат, крвта ни пијат, а ние смели сме, горди умираме" - НЕ СЕ ПРЕДАВАМЕ!!!

Знаете, ова на сликава сме ние лани, ова време.

Колку е само актуелно се...

Спремни ли сме за многу активности?

Готови ли сме да бидеме тоа што сме?

Смели ли сме да ги испочитуваме оние кои не се повеќе помеѓу нас? САЗДО...Отсутните...

Решени ли сме неговиот лик да стане симбол за нашата борба? Доследни, да го испратиме како јунак паднат за да нашата кауза биде вечна?

Јане Сандански...Еден од великаните, еден од најголемите...Еден од нас. 

Ќе врие ли салата која го носи неговото име од Комити викендов со Барса?

А Македонија роди ли други, кои ќе ја ослободат?

И повторно ве прашувам КОМИТИ ТУКА ЛИ СМЕ?

#ПравдаЗаСаздо #СледетеГиАктивностите#ЦрвеноЦрнаРеволуција“


 

Вардар поразен од Шкупи

Иако екипата на Шкупи се наоѓаше пред самото дно на табелата во ПМФЛ, но во скопското дерби со Вардар освои значајни три бода (1-0), со што го напушти „фенерот“ и направи чекор напред во борбата за опстанок.

Мечот на „Чаир“ го одбележа Суат Зендели, кој го играше последниот меч за тимот и замина во пензија. На натпреварот немаше многу шанси, а победата за домашните ја донесе еден погодок кој падна во средината на второто полувреме. 

Мечот чекаше на својата прва шанса повеќе од половина полувреме, затоа што во 38. минута домаќинот имаше прв прилика за гол, но Филип Гачевски одлично го одбрани шутот на Рон Броја. Неколку минути подоцна првпат се закани и Вардар, преку најистурениот Лира, но Алексовски беше на висината на задачата.

На паузата се замина без голови, а се играше мирно се до 54. минута, кога Лира повторно имаше шанса за Вардар, но не ја искористи. Казната за пропуштеното дојде во 57. минута, кога Броја нафрли од десната страна, а Сержињо налета на топката со глава и го совлада Гачевски, за радост на „Чаир“ (1-0).

Што вели менаџерката на Шумахер за состојбата на поранешниот возач на Формула 1

Менаџерката на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер – Сабина Ким им се заблагодари на сите негови фанови за поддршката што му ја даваат на пилотот, кој се опоравува по тешката повреда со која се здоби при скијање.

– Ви благодариме на сите за поддршката. Многу е пријатно да видам плакати и постери во чест на Шумахер. Секоја помош е пријатна за нас. Здравјето на пилотот? Не сакам да зборувам на оваа тема, не можам да дискутирам за лична семејна тајна, вели Ким, цитирана од „Мирор“.

На 29 декември 2013 година, Михаел Шумахер заработи тешка повреда на черепот и падна во кома, откако доживеа несреќа при скијање на француските Алпи. Во јуни 2014 година Германецот излезе од кома и почна рехабилитација во Швајцарија, но речиси воопшто нема информации околу неговата здравствена состојба.

Популарно