Принцот Хари раскажа која навика ја наследи од својот татко со која Меган се нервира

Екипата на BBC последните 12 месеци ги помина со британскиот принц Чарлс и неговото семејство снимајќи го филмот "Принц, син и наследник: Чарлс во 70", кој ќе го одбележи неговиот 70 роденден на 14 ноември.

Принцот, сопругата Камила и синовите раскажаа за бројните интимни детали од животот", пишува Дејли Меил. 

Чарлс стана престолонаследник кога имал само четири години, откако неговата мајка беше прогласена за кралица.

Неговиот најстар син Вилијам раскажа пред камерите дека неговиот татко завршил одлична работа. Со функцијата која ја имаше, децата ги воспита на начин на кој што никогаш не требаше да им кажува што треба да прават. За време на школските празници во Норфолк, Чарлс синовите ги поттикнувал да собираат отпад.

"Се шетавме со стапови, собирајќи отпад во пластични ќеси. И двајцата си мислевме: "Па добро, ова е сосема нормално, секој мора да го прави тоа", рекол Вилијам и додал дека е горд тоа што неговиот татко ја поттикнал еколошката свест кај него.

Младите принцеви откриле дека наследиле уште една навика од нивниот татко.

"Опседнат сум со исклучување на светло. Мојата сопруга постојано ми приговара "Зошто да исклучуваме светла? Па знаеме дека е мрак", а јас ѝ одговарам дека потребно ни е само едно светло, а не сите 6", вели принцот Хари.

Вилијам додава: "Знам дека имаме сериозно опсесивно компулсивно пореметување со прекидачите за струја што е грозно".

И двајцата велат дека нивниот татко е одличен дедо, но често нема многу време за внуците.

Вилијам, кој има три деца, не е среќен што Чарлс не поминува многу време со своите внуци и смета дека тоа треба да се промени. И кога тој и Хари биле мали, не поминувал многу време со нив.

"Има неверојатна дисциплина и тоа прилично ме фасцинираше во детството. Кога бевме деца во канцеларијата му носеа еден тон документи. Буквално не можевме да се приближиме до неговата работна маса за да се поздравиме за добра ноќ", откри Вилијам.

"Кога е со нив, ползи на колена, испушта чудни звуци и ги смее. Внуците го обожуваат. Посебно сакаат кога им го чита Хари Потер", раскажа Камила.

ФОТО: Славната манекенка веќе една година не пие алкохол погледнете како изгледа

Кејт Мос пред два дена го прослави својот 45 роденден, а помина една година откако не пие повеќе алкохол.

Некогаш познатата манекенка на светот беше позната по разузданиот начин на живот, а пророците ѝ создавале огромни проблеми во работата и животот.

Фотографиите од пијаната и дрогираната Кејт пред неколку години биле вообичаени во медиумите, но поранешната манекенка одлучила сосема да го промени начинот на живот. Денес живее здраво, не пие, не се дрогира, а промената е очигледна и на нејзиниот изглед.

Нејзините фотографии покажуваат дека изгледа свежо и одморено и дека едната година без алкохол ѝ го врати сјајот на лицето.

ФОТО: Убавата Анџелина конечно си најде замена

Убавата Анџелина Џоли сака мултиталентирани уметници, па и нејзиниот избраник е еден од омилените актери и музичари во Холивуд.

Иако разводот од поранешниот сопруг Бред Пит уште не е завршен, Анџелина најде нова љубов.

Џоли, наводно, е во врска со Џаред Лето. А, според странските медиуми, тие веќе со години се добри пријатели. Но, очигледно има и нешто повеќе од пријателство.

Извор близок до актерите вели дека Анџелина сред разводот побарала утеха во својот пријател. А, очигледно ја пронашла кај Џаред и актерот решил да и понуди улога во нов филм.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

✌🏻

A post shared by JARED LETO (@jaredleto) on

Популарно