"Spice Girls" не се откажуваат

Популарните "Спајсици" по шест години повторно ќе се соберат поради турнеја.

"Spice Girls" наводно закажале и седми концерт на турнејата, за да им се приклучи и Викторија Бекам. 

Откако "Spice Girls" неодамна и официјално ги објавиле датумите на концертите на турнејата низ Велика Британија, која стартува во јуни 2019. година, поради која се собираат повторно по шест години, Викторија Бекам им ја посакала сета среќа, но и кажала дека нема да учествува на истата поради обврските кои ги има околу модната линија.

Било предвидено турнејата да опфати шест концерти, меѓутоа, наводно бил закажан и седми, за Викторија да може да им се приклучи на девојките на сцена барем на еден настап.

"Ќе ни се приклучи на 14. јули", рекла Мелани, која истакнува дека без Викторија тоа не би било тоа.

Од друга страна, од ПР тимот на Викторија рекле дека таа останува при својот став и дека нема намера повторно да настапи со девојките.

Потсетуваме, "Spice Girls" последен пат биле на собир во 2012. година на церемонијата на затворањето на Олимписките игри во Лондон.

Пукано на вилата во која биле Канје Вест и Текаши69

Медиумите пренеле дека во вилата требало да биде и пејачката Ники Минаж.

Американските медиуми пренесуваат дека најмалку осум куршуми биле испукани во насока на вилата во која се наоѓале музичарите Канје Вест и Текаши69. 

Како што се наведува, инцидентот се случил во вила на Беверли Хилс, која била изнајмена за потребите на снимањето на музичко видео.

Медиумите пренеле дека во вилата требало да биде и пејачката Ники Минаж.

Се додава и дека полицијата утврдила дека немало повредени во инцидентот, но констатирано е дека еден куршум го пробил прозорот на една од спалните соби.

Медиумите навеле дека Текаши69, една од ѕвездите на новиот бран рап музика, бил на мета на напад и за време на снимањето на спотот со 50 сент во август оваа година, пренесува "B92".

ВИДЕО: Џеј Ло мами воздишки во новиот спот

Џенифер Лопез објави нов видео спот, а луѓето не можат да поверуваат колку добро изгледа пејачката, иако има речиси 50 години.

Во новиот спот за песната "Te Guste" која ја снимила заедно со Bad Bunny, Џеј Ло се соблекла во жолт костим за капење, а на радост на своите бројни обожаватели, видеото е преполно со нејзини разголени сцени.

 

Спотот предизвика бројни позитивни реакции, а за само 24 часа бил прегледан повеќе од 6 милиони пати.

"Изгледа како да има 25 години. Каква кралица" и "Оваа жена не старее" се само дел од коментарите кои се појавија под видеото.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

December 2018 @instylemagazine

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

Џенифер Лопез ја започна својата кариера во деведесеттите години и отсекогаш била сметана за вистинска убавица, но се чини дека таа станува се' поубава со текот на годините. Освен во музичката индустрија, Џеј Ло има и филмска кариера во која исто така мами воздишки.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

And we’re off... ✈️ 📸 by: @steviemackey

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🐰🐰🐰 #jloxbadbunny #teguste #musicanueva #malibubarbie

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

Елтон Џон сподели приказна од последните денови на Фреди Меркјури

"Bohemian Rhapsody" ги освојува гледачите ширум светот, а Фреди Меркјури е повторно во центарот на вниманието.

Животот на легендарниот пејач влијаел на многу луѓе, а неговиот близок пријател Елтон Џон во својата книга "Love is the Cure: On Life, Loss, and the End of AIDS" споделил детали од неговите последни денови. 

Сер Елтон Џон во книгата од 2012 година говори за трагичните настани кои довеле до смртта на Меркјури, по што истакнал колку била несебична оваа рок легенда. Џон вели дека Меркјури, иако знаел дека умира, и понатаму пробувал да им помогне на другите колку што можел.

"Фреди никогаш јавно не призна дека боледува од сида се до денот пред смртта во 1991 година. Иако беше "електричен" на сцена, надвор од неа не оддаваше многу приватни детали. Но, Фреди ми призна дека е болен веднаш откако беше дијагностициран во 1987 година. Бев скршен. Видов што таа болест им стори на многу мои пријатели, а знаев што точно ќе му стори и на Фреди... како што знаеше и тој. Знаеше дека смртта, болната смрт доаѓа. Но, беше храбар. Го одржуваше својот имиџ, продолжи да настапува со "Queen" и остана великодушна личност каква што отсекогаш беше.

Кон доцните 80-ти и раните 90-ти години, Фреди пропаѓаше, тоа беше премногу за една личност. Ми се скрши срцето кога видов колку болеста му го опустошила животот. На крајот телото му беше прекриено со Капосиев сарком, злокобен тумор. Беше речиси слеп и преслаб за да може да стои на нозе.

Беше фер да ги помине последните денови, грижејќи се за сопствената удобност. Но, тоа не беше тој. Навистина живееше за другите. Фреди почина на 24-ти ноември 1991 година и неколку недели по погребот се уште тагував. На Божиќ дознав дека тој го оставил последниот доказ за својата несебичност. Тагував кога еден пријател се појави на мојата врата и ми донесе нешто замотано во навлака од перница. Внатре се наоѓаше сликата на еден од моите омилени уметници, британскиот сликар Хенри Скот Туке, со порака од Фреди. Години претходно, јас и тој смисливме прекари за себе, јас бев Шерон, а тој Мелина. Во неговата порака пишуваше: "Драга Шерон, мислам дека ова би ти се допаѓало. Со љубов, Мелина. Среќен Божиќ".

Бев преплавен со емоции, имав 44 години и плачев како дете. Тој прекрасен човек во своите последни денови некако успеал да пронајде прекрасен божиќен подарок за мене. Колку и да беше тажен тој момент, често се сеќавам на него кога размислувам за Фреди бидејќи таа постапка го одразува неговиот карактер. Тоа ме потсетува што го правеше толку посебен во животот", напишал Елтон Џон.

Популарно