Секси хороскоп: Лавовите се искусни лисици, Јарците и понатаму најпривлечни

Вкрстувањето на Венера и Уран е „згоден аспект“ за експерименталниот секс. Сите оние кои се срамат од разиграниот ерос, ќе дојдат на свое. Оние конзервативните (и верни) со партнерот ќе испробаат нови пози и техники во спалната соба.

Овен

Овните излегуваат од периодот на самоуништување. На хоризонтот можете да видите розови облаци. Вашето его е на високо ниво. Влијанието на Уран и понатаму ја поттикнува вашата креативност. Вртите оргинални филмови во глава. Сексуално ќе се искажете на огнен и експлозивен начин.

Бик

Биковите сакаат да се вратат на старите патеки. Ако тој или таа повеќе не ве сака, залудно е да се трудите. А да се вратите во сегашноста? Вашето либидо совршено функционира. Цврсти сте и исправени. Слатки сте бидејќи сеуште постојат многу работи кои не ги знаете за себе.

Близнаци

На Близнаците им се приближува транзитниот Сатрун во опозиција. Неизбежни се проблеми со авторитетите или со оние кои морате да ги слушате и поднесувате. Сами на себе си забранувате пријатни работи. Уживањето не ви е прво на листата. Па, ни сексуалното.

Рак

Раковите ги трпат и поднесуваат незгодните ситуации на Марс и Плутон. Станавте фатални, но тоа не сте го ни приметиле. Што и да се случи, вие го толкувате како знак на судбината. Ќе се чувствувате подобро доколку се фокусирате на сексот. Потребно ви е уживање, а не мрак.

Лав

Лавовите се „стари лисици“ и знаат мудро да го разбудат сексуалниот интерес кај заинтересираните. И Лавиците се еднакво вешти во привлекување на внимание. Во кревет доминирате на мисионерски начин, но практикувате и дополнителни стимулирачки иновации.

Девица

Девиците имаат завидно ниво на погонско гориво, но имаат проблеми со крајната цел. Вашата увабина најдобро се отсликува во љубовта. Летате од цевт на цвет, но без сексуално опрашување. Ги идеализирате саканите лице, но тоа ќе ви се удри од глава.

Вага

На Вагите многу им недостига, а најмногу добра волја и трпение. Војувате сами со себе и не гледата што околу вас се случува. Имате премногу проблеми и сексуално сте фрустрирани. Не сте се опуштиле и препуштиле на сексот кој знае колку долго време. Оргазмот е ревитализирачки лековит.

Скорпија

Скорпиите не веруваат во пораз се додека да не им се случи. Го сокривате недостатокот на самодоверба. Личноста со која делите се, па и креветот, може да ви раскаже се и сешто. Но, нема да го направи тоа. Опуштете се и сфатете дека поразите им се случуваат и на најдобите.

Стрелец

Стрелците им се радуваат на Сонцето и Венера. Добро им е поставен и Уран кој ги сака. Бројната „планетарна војска“ искористете ја за љубовни цели. Ве привлекуваат екстравагантни лица. Стрелец сте, но сте пожелна еротска мета.

Јарец

Јарците и понатаму се еротски најпривлечни. На многумина сте им „презгодни“ бидејќи и деловно-финансиски добро стоите. Совршени сте за мажење или женење. Ако сеуште не сте подготвени за брачните води, можете слободно да прошетате по околината. Добриот изговор злато вреди.

Водолија

Водолиите сакаат непознати и неоткриени работи. Ако тој или таа постојано гола пред вас, тоа ви пречи, но не сакате да и/му кажете за да не ги навредите. Држете се ладно и закопчано. Сепак, внимавајте да не се соблечете премногу лесно и на тој начин да ви падне вредноста.

Риби

Рибите се премногу возбудени за да можат нормално да мислат и функционираат. Кога ќе ве погоди Аморова стрела во срце, преминувате на повисока фрекфенција на свест и вашата љубов станува бајковита. Ако нема љубов, нема ни бајка ви останува само да се самозадоволувате.

Дневен хороскоп

Овен  

На работа и понатаму добро ќе ви оди. И не само добро, ќе ги зголемите контактите и повеќе ќе се ангажирате околу соработниците. Некои ќе ја отворат вратата на нови личности за работа или пак тие самите ќе бидат повикани да работат на друго место. Предизвиците ќе бидат секојдневни. Направете нешто за оние на кои им треба помош.

Бик

Околината ве повредува. Тоа е причина за крајниот негативен став, кој овие денови ве обзема. Доколку се дистанцирате, постои шанса да го ублажите незадоволството. Материјалната загуба негативно ви влијае на мотивацијата. Чувствувате дека сите ве изневериле, особено соработниците.

Близнаци

Сѐ е во знакот на успешна деловна соработка и прекрасни контакти. Ја имате поддршката на Стрелците, кои единствено во ваше друштво не се незгодни. Со некого се допишувате и ги планирате идните случувања. Бидејќи се уште имате нерешени проблеми, почекајте уште некој ден за да ја донесете конечната одлука.

Рак 

Ќе бидете победник со сите вербални дискусии, бидејќи ќе пронаоѓате солидни аргументи и ќе имате голема моќ за убедување. Искористете ги следните три седмици за преговори, важни презентации или отворени разговори за напредување во кариерата. Внимавајте на здравјето и започнете со важбање.

Лав

Разумот е на прво место. Практично размислувате, вредно работите, коректно се однесувате. Работата бара систематичност, па тоа со леснотија ќе го завршите. За одличното расположение, заблагодарете му се на партнерот и пријателите, тие целосно ве поддржуваат и ви помагаат да истраете во нешто. Планирате кратко патување.

Девица

Имате некои недоразбирања со самите себе. И понатаму сте во фаза на емотивно задоволство, но и на преголеми очекувања. Колку сте подготвени да се жртвувате? Преокупирани сте исклучиво со себе и сопствените потреби. Денот е лош за практични работи и финансиски вложувања, но добар е за уметност и работи што вклучуваат фантазија.

Вага

Идеален ден за се што има врска со партнерството и здружувањето. Надевајте се на успех во сферата на трговијата. Доколку забележите дека во средината во која се движите, односите се нарушени, потрудете се да не бидете баш вие таа личност што ќе ги исправува. Без оглед на успехот, треба да се биде реален во проценката, подготвен и правилно да се однесувате.

Скорпија

Планирате нови деловни и општествени контакти. Се обидувате да организирате средба со лица што долго не сте ги виделе и кои речиси ве заборавиле. На работа успевате да бидете интелектуално надмоќни. Дружењето со Близнаците и Девиците е вистински мелем за душата. Очекувате среќна вест во врска со нешто што ви значи, најверојатно ќе ја добиете.

Стрелец

Денешниов ден ќе ви донесе многу изненадувања. Ако можете, излезете порано од работа и обидете се да го минете денот како што сакате. Ако пак не можете да ги одложите обврските, завршете ги порано, за подоцна да можете да се забавувате. Ќе слушнете среќна вест.

Јарец

Не го полнете вашиот дневен список со многу задачи и обврски затоа што ве очекува еден не толку продуктивен ден. Иако имавте силна желба денес да расчистите голем дел од задачите кои ве очекуваат оваа недела, најверојатно ќе треба малку да ги одложите плановите. Добра вест е што ќе бидете многу креативни, па искористете го тоа до максимум.

Водолија

Обидете се да работите повеќе, некако во последно време се обидувате да се извлечете од работата. Секојдневните бесмислени разговори ви стануваат здодевни. Затоа, кога разговарате со пријателите, изберете посериозни теми. Денес обидете се да пронајдете инспирација во туѓите зборови и не се плашете да се спротивставите.

Риби

Денес може да одлучите да и се посветите на работата многу повеќе отколку вообичаено. Тоа нема да биде нешто посебно туку обично средување на документите, кои сепак, некогаш мора да се средат. На крајот од денот ќе бидете задоволни од постигнатото. Ако по завршувањето на оваа обврска немате повеќе обврски ќе имате многу време за работите кои ве интересираат вас.

Дневен хороскоп

Овен 

Вагите од од втората декада ќе имаат шанса на деловен план да направат чекор повеќе. Оние кои се занимаваат со приватна дејност ќе дојдат во ситуација да вложат поголема количина на пари во опрема за работа или некои проекти, но тоа нема да го направат со трпение и преиспитување, па најверојатно ќе погрешат.

Бик

Напнат ден. Бидете внимателни во комуникациите со претпоставените и колегите. Околината нама да биде многу задоволна со вас и може да ви подготви непријатни изненадувања. Во амбициозните планови и работи ќе имате успех иако не е најдобар момент да ги остварите.

Близнаци

Дел од планетите ви се наклонети но истовремено трпите и влијание на другите планети кои ви ги отежнуваат вашите постапки. Со околината нема да имате никакви пролеми, а особено ќе се сложувате со вашите претпоставени. Некои долготрјани проблеми ќе се активираат и ќе ве присилуваат на потези кои нема да ви бидат пријатни за вас

Рак

Работата ви стагнира, а на успех можат да се надеваат само Јарците кои се занимаваат со приватна дејност или планираат патување. Амбициите ќе бидат нешто послабо изразени и наместо нови почетоци денот ќе биде поволен само за работите кои ги приведувате кон крај и не бараат вложување на голем напор.

Лав

Длабоко ќе размислувате. Бројните обврски нема да ви дозволат многу простор да се осамите иако тишината ќе ви биде потребна повеќе од обично. Дилемите кои ве измачуваат од порано сега ќе бидат поинтензивни и ќе се најдете во ситуација брзо да повлечете конкретни потези.

Девица

Односите со соработниците и претпоставените нема да бидат задоволителни, бидејќи ќе се соочите со некои меѓусебни недоразбирања. Ќе се обидете набрзина да го остварите она што сте го наумиле без обзир на другите. Но треба да ве предупредиме дека тоа нема да ви успее.

Вага

На работното место нема да имате разбирање особено за идеите на соработниците, па затоа ќе морате да работите сами и не очекувајте некој да ви помогне. Што се однесува до финансиите не би требало да очекувате некои поголеми добивки.

Скорпија

Односите со околината не се стабилни, можни се недоразбирања со колегите и претпоставените. Ако сакате да постигнете резултати во тоа што го работите најмногу ќе ви користи упорната работа добрата организација на работните задачи.

Стрелец

Помалку ќе бидете напнати, а ќе имате повеќе комуникации, движење и ведрина. Тоа значи дека вашите односи со околината значително ќе се подобрат, па ќе имате повеќе успех во работите кои се поврзани со комуникации.

Јарец

Монотоните работи на работното место ве оптеретуваат. Не располагате со многу енергија, и доста сте нервозни. За подолгорочни планови не размислувајте, подобро е да се занимавате само со моменталната состојба, настојувајќи во најголема мера да искористите се што е во неа добро.

Водолија

На работното место вообичаена атмосфера. Лавовите кои се во брак или во стабилна врска ги очекуваат расправии. Работите брзо можат да се доведат во ред доколку бидете подготвени отворено да го изразите тоа што ве прави незадоволни. Вашата потреба да ги потискате проблемите и ситуацијата да ја прикажувате во розова боја може да биде многу штетна врз вашата љубов.

Риби

Искористете го денешниот ден за склопување на поважни договори. Долготрајните работи ви се добро аспектирани. Затоа најповеќе внимание треба да и посветите на работата. Со недвижнините ќе имате успех особено ако планирате купување или продавање.

Внимавајте кој хороскопски знак ќе биде вашиот партнер

Вообичаено некои комбинации на хороскопски знаци се идеални за пријателство, некои за љубов, додека други идеални деловни партнери и заедно ќе заработат еден куп пари. Но некои едноставно не се поднесуваат – и би било подобро да не се во врска…

Стрелец и Бик

Бикот едноставно не може да ги исполни високите очекувања на Стрелецот. Додека постојаниот Бик сака да биде смирено и пријатно, Стрелецот постојано бара авантура и промени. Малку е веројатно дека овие два хороскопски знаци ќе бидат среќни заедно – еден на друг – за жал – многу брзо почнува да му смета.

Девица и Вага

Помеѓу Девица и Вага никогаш нема да биде како што треба. Нивните ставови и мислења се сосема различни. Заради тоа тие се расправаат постојатно.

Рак и Водолија

Теоретски, овие два хороскопски знаци може да бидат добар љубовен пар – затоа што се и многу чувствителни суштества. Сепак, Водолија многу ја сака слободата и се чувствува напнато од Ракот – кој постојано е желен за љубов и внимание.

Популарно