Заврши гласањето: Дали собранието му го одзема мандатот на Никола Груевски?

Денеска на седница во Собранието на Република Македонија, беше гласан предлогот од Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски.

За одземање на мандатот гласаа 58 пратеници, воздржани немаше, против беа 29 пратеници. Со тоа претседателот Талат Џафери констатираше дека не му одземен пратеничкиот мандат на Никола Груевски.

Претходно немаше пријавено ниту еден пратеник за расправа на оваа точка, и затоа веднаш се премина на гласање.

Некаде „СЕВЕРНА“: Што ќе пишува на гласачките ливчиња?

Претставниците на Државната изборна комисија, под силно полициско обезбедување, денеска од битолската печатница го подигнаа доверливиот гласачки материјал. Истите потоа се упатија до осумдесетте општински изборни комисии.

На гласачките ливчиња ја нема придавката „Северна“.

-Гласачкото ливче го содржи знамето на нашата држава, редните броеви на кандидатите, имињата и презимињата на кандидатите и симболите на политичките партии кои дадоа согласност да стојат тие симболи. Никакви други ознаки на гласачкото ливче нема и да не се доведува во заблуда јавноста дека има какви било други додатоци, рече Дерковски.

Овие ливчиња имаат 21 заштита.

-Не е возможно да се фалсификува ниту едно ливче, а оригиналните записници се направени на заштитна хартија со неможност да се копираат, нема можност да се преправаат и на специјална хартија има генерирарни податоци за секое гласачко место, рече директорот на печатницата “Киро Дандаро“ Драги Милошевски.

За претседателските избори, на избирачкиот список се запишани 1.808 131 гласач

Катимерини: Северна Македонија ќе добир вето за во НАТО

Турција наводно се зaкaнyва дека ќе ја одложи ратификацијата на протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, доколку земјата не ги екcтpaдира 15 турски државјани на Анкара кои се oбвинeти за вмешаност во неуспешниот државен yдаp во Турција во 2016 година, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Според весникот, Анкара инсистира на екcтpaдиција на 15 турски државјани за кои властите во Турција сметаат дека се членови на мрежата на иcламcкиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого турските власти го обвинуваат за организирање обид за пyч.

Ова прашање го отвори и турскиот министер за одбрана Хулуси Акар за време на неговата официјална посета на Скопје на 3 април. Исто така, Акар при посетата на Косово побара екcтpaдиција и на други турски државјани, за кои смета дека се наоѓаат на територија на Косово и дека се дел од мрежата на Ѓулен.

„Катимерини“ пишува дека премиерот на Македонија Зоран Заев ги отфрлил барањата на Анкара и за тоа добил поддршка од страна на официјални претставници на ЕУ, кои, исто така, ја повикале Владата во Скопје да ги почитува човековите права на тие 15 турски државјани.

Меѓутоа, како што наведува грчкиот весник, министерката за одбрана на Македонија, Радмила Шекеринска во телевизиско интервју изјавила дека е потребна и Турција за ратификување на протоколот за членство во Алијансата.

Анкара, исто така, од 2016 година преговара со Атина во врска со cyдбината на осум вojници кои Турција ги обвинува за учество во државниот yдap, а на кои Грција им одобри азил.

Во февруари оваа година, турската државна новинска агенција Анадолија објави дека турската Влада понудила 5,6 милиони евра за враќање на турските офицери.

Јоци: Да имав 28 милиони евра државни пари, ќе го згазев СДСМ како шлепер жаба!

Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци ја коментира одлуката на Антикорупциска комисија за отворање истрага за предизборното офајдување на лозарите и на тутунарите со субвенции од државата.

„На 2.000 лозари, во предизбирен период, им исплатиле 1,3 милиони евра субвенции, а на околу 26.000 тутунари им исплатиле 27 милиони ЕВРА субвенции за реколта 2014/15.

А, за 10 дена бензинот поскапе 5 денари. Од наш џеб, во буџет, па за субвенции.

ЈЕБОТЕ ! И ова си врви како нормална активност, без никој да сноси одговорност за ништо.

А, некогаш се поткупуваше со шеќер и зејтин.

Па, како да ги наречеме избориве, уште непочнати, освен коруптивни и незаконски со нелегална инфузија од Буџет на 28.000 семејства , чии и членови од фамилија ќе гласаат , па тоа се претпоставени минимум 60.000 гласови за СДСМ !?

И тоа со пари од даночни обврзници си играат за да останат на власт.

Па, ја да имав 28 мил.евра државни пари на располагање ќе го згазев цело СДСМ ко шлепер жаба на избориве!“, напиша Јоци на својот профил на Фејсбук.

Популарно