Ние не го убивме - виновна е метланта кутија на ЕВН!

Двајцата обвинети за убиството на Саздовски се изјаснија како невини, малолетничка ќе сведочи без присуство на јавност.

Бесим Беља и Скендер Демири двајцата обвинети за убиството на младиот Никола Саздовски, денеска во Кривичниот суд се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за убиството, објави ТВ 21.

Во воведниот говор адвокатот на Беља истакнал дека немал никаква намера да го лиши од живот сега веќе починатиот, и истакна дека смртта настапила поради метална кутија на ЕВН која се наоѓала на постојката за автобуси.

Асир Исмаиловиќ, бранителот на Демири рече дека ќе докажат дека ваквото обвинение не е основано, бидејќи ако обвинетите му побарале лична карта и почнале да го тепаат, зошто Обвинителството не навело какви дејствија презел. Според него, не е споменато дали делото е извршено со умисла или кој е мотивот. Адвокатите посочија дека ќе докажат дека правната квалификација на делото е погрешна.

ФОТО: Иван си ја убил невенчаната сопруга

Поради убиството на својата 39-годишна невенчана сопруга Анита, Иван Краљ е осуден на 18 години затвор.

-Жал ми е, засекогаш ќе ми биде во срцето, изјавил тој.

Пред убиството, тие имале расправија, па им било забрането да се приближуваат еден на друг.

Сепак, на 20-ти мај се сретнале, а тоа завршило кобно за Анита кога ја избодел со нож.

-Ја убив својата љубов, биле неговите зборови по злосторството, штом се јавил во полиција.

Утрово почина Љубиша Георгиевски

Утрово на 81 година почина театарскиот и филмски режисер, драмски писател, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра ,претседател на Собранието и амбасадор на Република Македонија, Љубиша Георгиевски.

Тој е роден во Битола на 30 мај 1937-та година.

На македонската јавност и е познат и како кандидат за претседател во 1994-та година, беше амбасадор во Бугарија од 2000-2004 и претседател на Собранието на Република Македонија од 2006-2008.

Веста за смртта на Георгиевски на социјалните мрежи ја објави актерот Роберт Вељановски.

-Утринава Македонија се збогува со еден од најголемите нејзини синови! На 81 годишна возраст, почина најголемиот македонски театарски режисер, еден од најголемите умови што се родиле под македонското сонце, професорот Љубиша Георгиевски!!! Утринава почина мојот театарски татко!!!

Бог да те прости професоре и да ти подари царство небесно!!!, напиша Вељановски.

ВИДЕО: Малолетната Елма крвнички убиена од мигрант

Германските медиуми открија нови детали од најновото брутално убиство на малолетна девојка од страна на мигрант.

17-годишната Елма Ц. имала српско потекло и била убиена во бегалски камп во градот Санкт Аугустин во близина на Бон на западот на Германија.

19-годишниот Кениец, Брајан С. го признал злосторството и открил дека ја убил девојката после расправа. Истрагата утврдила дека несреќната девојка најпрвин била силувана, а потоа и претепана до смрт.

Мртвото тело на Елма било чувано два дена во соба во бегалскиот центар.

Родителите на девојката го пријавиле нејзиното исчезнување во петокот. Таа на родителите им рекла дека ќе оди во Бон да се сретне со некоја пријателка. Меѓутоа, според полицискиот извештај, таа заминала да се види со обвинетиот. Откако била пронајдена кеса со нејзината облека и документи, германската полиција организираше опсежна истрага и потрага по тинејџерката.

Елма наводно го запознала осомничениот во кафетерија неколку седмици порано и наводно биле во врска. Полицијата со помош на заедничките фотографии на Фејсбук ја поврзале жртвата и Брајан, па така набрзо го разрешиле мистериозното исчезнување на Србинката.

Уапсениот Кениец имал германско државјанство, а поседувал и документи од својата земја. Тој чекал да му доделат стан и најчесто престојувал кај својата сестра во Бон, соопштија од полицијата.

Брајан од претходно ѝ бил познат на полицијата затоа што во неколку наврати бил приведуван поради кражби, ширење на порнографија и сексуално злоставување на дете.

Популарно