Еве колку пати ви следуваат по основ К-15

И годинава вработените во приватниот сектор едвај го чекаат декември за кај нив да легне регресот за годишен одмор познат како К15.

Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари (40 отсто од износот на просечната нето плата во последните три месеци) до 14.090 денари (40 отсто од износот на просечната бруто плата во последните три месеци), пренесе Букефал.

Тоа значи дека вработените ќе добијат минимални 9.610 денари.

Драматично поскапувања!

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 3,21%, информираат од Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 денари/литар, односно за 2,50 денари/литар, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.04.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 денари/литар.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денари/литар, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.04.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 денари/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,00 денар/литар.

Ова се најатрактивните огласи за работа за оваа недела

Месечна нето плата од 26.000 денари. Отворени се повеќе работни позиции во Триглав Осигурување: Аплицирајте ТУКА

Доколку имате одлично познавање на англискиот јазик - Аплицирајте за ДИСПЕЧЕР во Американската транспортна индустрија: Аплицирајте ТУКА

Атрактивна плата и бонуси за СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА УСОГЛАСЕНОСТ СО ПРОПИСИ во Иуте Кредит: Аплицирајте ТУКА

Одлични услови за работа како SALES REPRESENTATIVE - ENGLISH LANGUAGE: Аплицирајте ТУКА

Високо образование со завршен ФЕИТ, Машински Факултет, ПМФ - Институт за математика, за кариера во ЕВН: Аплицирајте ТУКА

Еден на Еден е во потрага по СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ: Аплицирајте ТУКА

Отворени се 2 работни места за МАГАЦИНСКИ ОПЕРАТОРИ: Аплицирајте ТУКА

Нептун за својот продажен салон во РЕСЕН вработува ПРОДАВАЧ/КА: Аплицирајте ТУКА

Големо поскапување на горивата

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 до три денари за литар, а цената на дизел горивата се зголемува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,39, односно за 2,09 отсто.

Малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,5 денари и ќе изнесува 68,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за три денари и ќе чини 70,5 денари за литар.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за половина денар и ќе изнесуваат 61, односно 49,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,677 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 33,375 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 3,53 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,03 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот. 

Популарно