Кој сака да игра за Реал Мадрид?

Следната година ќе се организира вториот фудбалски камп на Реал Мадрид Фондација ќе се реализира од 14 до 18 јануари 2019 во Охрид, на брегот на живописното Охридско езеро, ставајќи ја Македонија на мапата на земји во кои што ќе се едуцираат фудбалери на возраст од 7-17 години. Кампот на Реал Мадрид Фондацијата може да биде вистинското место кое ќе им го трасира патот до фудбалските височини на сите момчиња и девојчиња кои ќе бидат дел од истиот.

Во интервал од пет дена специјално обучени тренери за млади категории од Шпанија, ќе го пренесат своето знаење и ќе бидат дел од мозаикот на кампот. Според програмата и правилата на Фондацијата на кралскиот клуб сите членови на кампот мора да имаат максимални услови, опрема и стручна помош за сопствено усовршување. Сето она што ја комплетира личноста на фудбалерот, во делот на спортот, едукативни предавања на теми кои се реална потреба за здрави спортисти, спортски бон-тон, дружење и многу забава.

Фудбалот се учи на терен, но теоријата ја засилува комплетната личност на фудбалерот. Затоа, на кампот во јануари, тренерите од Шпанија ќе имаат едукативни предавања за 5 суштински точки: респект, иницијатива, почит, самоконтрола и тимска работа.

Кампот како проект е планиран да биде своевидна база за селекција на млади играчи, на кои им е потребна надградба во секоја смисла на зборот.

Комплетната понуда на вториот фудбалски камп „Real Madrid Foundation Campus Experience Macedonia“ може да се најде на следниот линк.

Лиценцираниот партнер на Реал Мадрид Фондација во Македонија „Спорт Арена” првиот камп го направи во јуни оваа година во Скопје. На него поминаа 100-тина учесници, голем дел од Македонија но и учесници надвор од границите на татковината. Насмевката на нивните лица и задовоството кај нивините родители се најголема награда за добро завршената работа. На вториот камп организаторскиот дел е доверен на агенцијата КМГ Спорт, агенција која има големо искуство во делот на организација на кампови и тоа е уште една гаранција дека секој учесник на овој камп ќе има незаборавно „кралско искуство“.

Пријавувањето, за да бидете дел од големото семејство на кралските “бели” е во тек. Истото може да се направи на следниот линк. 

Фудбалската приказна на светскиот гигант во Македонија продолжува во јануари.

Дневен хороскоп

Овен

Овни, имате јасни цели и способни сте да ги постигнете, што ќе ви донесе напредок на работа. Можни се романтични средби, бидете отворени за нови познанства. Енергијата ви е на врвот, затоа искористете го денот за физички активности.

Бик

Фокусирајте се на долгорочни проекти и бидете упорни во остварувањето на целите. Трпението ќе ви биде наградено, особено во стабилните врски. Внимавајте на исхраната и редовно вежбајте за да ја одржите виталноста.

Близнаци

Бидете флексибилни и подготвени за промени, може да се појават нови деловни можности. Комуникацијата е клучна за успехот во љубовта, отворено изразете ги своите емоции. Менталната стимулација е клучна, започнете ново хоби или научете нешто ново.

Рак

Ракови, стабилноста на работа е важна, бидете организирани и ефикасни. Семејните односи се во фокусот, обрнете внимание на најблиските. Емоционалната состојба може да влијае на здравјето, потребно е да се одржува рамнотежа.

Лав

Креативноста ќе ви помогне да се истакнете, да бидете храбри во искажувањето на вашите идеи. Изразете ја својата страст и љубов кон партнерот, бидете романтични. Физичката активност ќе ви донесе добро расположение и енергија.

Девица

Вашите аналитички вештини ќе бидат клучни за решавање на деловните проблеми, бидете ефикасни. Поврзете се со вашиот партнер преку разговор и заеднички интереси. Внимавајте на деталите во секојдневните активности за подобро здравје.

Вага

Ваги, соработката со колегите ќе ви донесе успех, бидете отворени за тимска работа. Важна е хармонијата во врските, работете на мирно решавање на конфликтите. Урамнотежете ги вашите обврски за да избегнете стрес и да одржувате добро здравје.

Скорпија

Вашата упорност ќе биде наградена, бидете упорни во остварувањето на деловните цели. Можни се интензивни емоции, бидете искрени и отворени со партнерот. Фокусирајте се на емоционалното заздравување и ослободување од негативните емоции.

Стрелец

Бидете иновативни и подготвени за нови предизвици, искористете ја вашата креативност. Отворено комуницирајте со партнерот и избегнувајте конфликти. Активностите на отворено ќе ви донесат ментална и физичка ревитализација.

Јарец

Јарци, работете на градење авторитет и зголемување на продуктивноста на работа. Поставете јасни граници во односите за да ја зачувате хармонијата. Организирајте го вашето време и дадете приоритет на одморот за да ја зачувате виталноста.

Водолија

Иновативните идеи ќе ви донесат успех, бидете храбри во експериментирањето. Изразете ја вашата оригиналност и неконвенционалност во вашиот љубовен живот. Одржувајте ментална јасност преку медитација или релаксирачки активности.

Риби

Креативноста ќе ви донесе успех, ќе бидете инспирирани и поврзани со вашите таленти. Емоционалното поврзување со партнерот е клучно, бидете интуитивни во односите. Чувствителноста може да биде изразена, затоа посветете се на релаксација и одмор.

На Хари Стајлс му испратила 8.000 писма, но тоа не е сè: Опседната обожавателка заврши во затвор

Бразилката Мира Карваљо (35) е толку опседната со британскиот пејач, Хари Стајлс (поранешен член на групата „One Direction“) што го оставила партнерот дома и го пропатувала целиот пат до Лондон.

-Но, тоа не е сè. Мира му испраќала на Хари писма, свадбени честитки, а бидејќи за само еден месец испратила дури повеќе од 8.000 писма, Бразилката завршила во затвор, пишува „The Sun“.

Таа е осудена на 14 недели затвор и се изјаснила за виновна за следење.

-Хари беше навистина потресен. Тој само сака да продолжи нормално, но секако дека е загрижувачки за него, неговото семејство и неговиот тим, изјави извор близок до Стајлс.

Таа доби забрана да се приближува до Стајлс дури 10 години и да присуствува на кој било настан, односно концерт, каде што е тој.

Да потсетиме, фановите на споменатата група некогаш беа познати по претерувањето кое се граничело со демнење, па еднаш ги хакираа и безбедносните камери на лондонскиот аеродром за да ги видат своите идоли.

Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти

Танчерки во бели „пачка“ фустанчиња се собраа вчера во њујоршкиот хотел „Плаза“ за да го соборат светскиот рекорд во танцување на прстите.

Меѓу танчерките имаше девојчиња на возраст од девет до 19 години кои се натпреваруваат за стипендии, но и професионални танчерки. На музика од Петар И. Чајковски, балерините се префрлаа од едната нога на другата и обратно - на прсти и со поголема брзина. Тоа движење се нарекува „бурè“ на француски и девојките го правеа тоа цела минута.

Тина Ши, претставничка од „Гинисовата книга на рекорди“, го објави резултатот: „Имаше 353 девојки, тоа е нов Гинисов рекорд. Честитам!“.

Претставата е организирана од американската младинска програма за стипендии за балет „Јут Америка гранд при“, којашто ја прославува својата 25-годишнина со три вечерни изведби во „Линколн центарот“ за изведувачка уметност. 

Популарно