ВИДЕО: Револуционерниот дрон ќе ги чисти прозорите на висококатниците, а ќе може да гаси и пожари

Летонска компанија разви беспилотно летало кое што прозорците на висококатниците ќе може да ги исчисти за 20 пати побрзо време од луѓето, а покрај тоа, целиот процес ќе биде далеку побезбеден.

Со оглед на тоа што чистењето на прозорците на висококатниците е комплексна и ризична работа за работниците, летонската компанија доби идеја да развие дрон кој што ќе ја извршува таа работа.

Станува збор за дрон кој што е широк 3 метри и има 12 ротори, а доколку дојде до некој проблем, дронот нема да се сруши на земјата, туку ќе остане да виси затоа што ќе биде закачен на кабел. Тоа значи дека нема да има ниту потешкотии со капацитетот на батериите, затоа што кабелот ќе доставува и електрична енергија, а исто така преку кабелот ќе се дистрибуира и водата за чистење на прозорците.

Актуелниот модел може да чисти прозорци на висина и до 350 метри, а начинот на кој што ќе работи, иако ќе биде поврзан со кабли и црева, е прикажан на видеата подолу.

Покрај тоа што дронот ќе може да чисти прозори, од “Aerones” развиваат и друга верзија на овој дрон која што ќе биде наменета за пожарникарите, односно за гасење на пожари.


Дали овој телефон е „најдобар“

Наградата за најдобар  паметен телефон во светот од EISA (Expert Imaging and Sound Association) му беше доделена на Huawei .  Телефонот е прогласен за најдобар паметен телефон за 2019-2020 година, а компанијата ја освојува оваа награда втора година по ред.

Експертите од EISA ја истакнаа можноста за фотографирање во услови со слабо осветлување на Huawei P30 Pro како далеку најдобра која моментално може да се добие на паметен телефон. Исто така, пофалби доби и широкиот објектив, портретниот начин на снимање и перископскиот 5X телефотообјектив, со што Huawei го надминува секој конкурент.

Huawei P30 Pro направи неверојатен чекор напред во мобилната фотографија со претставувањето на SuperSpectrum сензорот, оптичкиот SuperZoom објектив и новата ToF (Time-of-Flight) камера, како и со подобрувањето на технологијата за оптичка и AI стабилизација на сликата.

Ненадминливиот систем од Leica камери се состои од 40 MP главна камера, 20 MP ултра камера со широк агол, 8 MP телефото и ToF (Time-of-Flight) камери. Новиот перископски телефото објектив дава повеќе можности за оптичко зумирање во компактното куќиште без губење на квалитетот на фотографијата. P30 Pro исто така има и најдобра батерија во категоријата со капацитет од 4200 mAh, која со едно полнење овозможува до два дена постојано користење на телефонот.

Наградата на Huawei официјално ќе му биде доделена во текот на Саемот за потрошувачка електроника во Берлин (IFA) на 6 септември за време на свеченото отворање.

ВИДЕО: Инстаграм активираше нова опција за сите

Андроид и iOS корисниците на апликацијата Инстаграм отсега имаат можност да користат нова опција „Quiz“ во склоп на Инстаграм стори опцијата.

„Quiz“ е можност за поставувае прашања и однапред дефинирање одговор, од кој гласачот бира еден. На крајот е можно да се видат резултатите на квизот, а најдолго до 24 часа, колку што траае Инстаграм стори објавата.

Како Инстаграм Квиз опцијата се користи и како изгледа погледнете во официјалната објава на Инстаграм на мрежата Твитер.

Претходно, минатата недела се појави шпекулацијата дека Инстаграм тестира промени кои ја вклучуваат и можноста самата централа да ги скрие „лајковите“ од вашата публика.

Тие ги прават најбрзите мобилни телефони

Од страна на Кинескиот бенчмарк тест AnTuTu  неодамна е објавена листа на најбрзи андроид паметни телефони за март.На врвот на оваа листа се уреди кои се базираат на процесорот Snapdragon 855. Меѓу првите десет има и неколку телефони опремени со Snapdragon 845 и Kirin 980.

На листата се застапени компаниите Huawei, Samsung, Xiaomi, Lenovo и Vivo. Седум од десетте уреди користат Snapdragon 855, два Kirin 980 и еден Snapdragon 845.

На прво место се најде водечкиот модел на Xiaomi, Mi 9 во неговата Transparent Edition верзија која постигна 372.072 поени на AnTuTu тестот. Веднаш зад него е стандардниот Mi 9 со 371.878 поени.

Третото место му припаѓа на телефонот Vivo iQOO Monster, кој освои 365.430 поени.

На четвртото и петтото место се најдоа моделите од Samsung Galaxy S10 серијата. S10 + освои 359.987 поени, а стандардниот S10 – 359.217.

Шестото и седмото место гi заземаат Vivo iQOO и Lenovo Z5 Pro GT, со освоени 356.510 и 348.591 поени.

Натрапници на листата се Nubia Red Magic Mars, Honor V20 и Mate 20X. Овие телефони немаат Snapdragon 855 процесор, туку Snapdragon 845 (Nubia) и Kirin 980 (Honor и Huawei).

На нив им припаѓаат последните места на листата, а сите три телефони освоиле помалку од 320.000 поени.

Популарно