ФОТО: Тамара само по гаѓички го покажа трудничкото тело

Пејачката Тамара Тодевска и нејзиниот сопруг го очекуваат нивното второ дете, за кое соопштија дека е момче и ќе се вика Дарен. Тамара одбројува денови до породувањето, а сега одлучи да сподели и како изгледа при крајот на нејзината бременост..

На фотографијата, македонската музичка ѕвезда позира во црна долна облека и ролка.

ХАОС: Го фатив сопругот во кревет со друга, ја исфрлив гола на улица

Лепа Лукиќ се развела од вториот сопруг откако го фатила со љубовница во кревет. Пејачката се развела веднаш, а нејзиниот сопруг се оженил со пејачката и водителка Сузана Перовиќ која е во Задруга 2 каде го изневери.

- Реков одм десет дена да пејам во странство, ме однесе на аеродром и се бакнавме. Јас демек одам, а се вратив вечерта и го фатив на дело. Ја фатив неа и ја избркав гола. Ме молеше да и ја дадам облеката, само и ја фрлив по скали, призна пејачката Лепа.

ФОТО: Погледнете како изгледа мајката на Сека Алексиќ

Вака изгледа мајката на Сека Алексиќ, Ибрахима Алексиќ.

Таа е нејзина најголема потрепа во живото.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Seka Aleksić | Artist (@seka_aleksic) on

ФОТО: Водителот Жанко „З’ш“ Голабоски бара девојка… „по хроно“!

Охридскиот радио и ТВ водител Жанко „З’ш“ Голабоски важи за голем љубител на природата, ама и за голем шегаџија. Познат по неговите „З’ш“ авантури на возење велосипед, пешачење, планинарење… на себесвојствен начин ја развива еко културата во Македонија и е еден од ретките кај нас што го прави тоа:  ужива во природата, а при тоа  ја пази, чува и негува.

Патем, не ја пропушта можноста некоја од своите шеги да не ги интегрира и кога е во акција, на пат, на терен во некоја од своите еко авантури.

Арно ама, спортскиот живот бара и специфична, здрава исхрана. Па како што на Жанко му летаат „пеперутки во стомак“ кога е на некоја од своите авантури во природа, така му влезе и чивијата дека треба  да го промени и својот начин на исхрана.

А пустото, сам ниту се јаде, ниту се пие, па затоа Жанко наш, решил да си најде друштво. И тоа не било какво, туку женско. Девојка „за озбилно“… За дружба при јадење… За оброци во двојка!

Девојка за кркање во двојка – ДА, ама не било каква. Жанко бара „девојка по хроно“!  Па на социјалните мрежи пуштил оглас. И сега понудите ги чека во инбокс.

Во меѓувреме веќе има две пријави: Едната е ќерка на касапот од  „Даљан“…

…А другата е моторџика… на оној, мајсторон за ауспуси од „Рача“!

Засега изборот е тесен, ама има време… Конкурсот е отворен.  Останатите пријави се очекуваат до Нова година во инбокс. Дотогаш, охридскиот радио и ТВ шегаџија ќе мора да се храни – соло! И тоа како ќе му дојде! З’ш таке морат! Епа, наздравје!

Популарно