Автомобил се заби во камион, врие пожарни и Брза помош

Тешка сообраќајна несреќа пред неколку часа се случи кај Ново Село на магистралниот пат Охрид – Кичево.

Според првичните информации, до несреќата дошло при судар на камион и патничко возило „Ауди“ со кавадаречки регистерски таблички, а на самото место се наоѓаат екипи на СВР – Охрид, на Територијалната противпожарна служба и на Службата за итна медицинска помош.

Моментално сообраќајот на патниот правец е во прекин, барем додека не се укаже помош на повредените во несреќата.

Две лица веќе се на пат кон бочлница. Нема информации дали во несреќата има смртно настрадани. 

Ева ја бара мајка си, никој нема храброст да ѝ ја каже вистината

Четиригодишната Ева од гостиварското село Дебреше вчераутро ја побара мајка си веднаш штом се разбуди. Во средата вечерта едвај заспа без неа. Никогаш претходно не спиела сама со татка си и со помалото братче. Вака „Независен весник“ ја започнува репортажата од Гостивар, кој овие денови е како град на духови.

Ева едвај ја убедиле дека нејзината мајка морала да остане на работа и дека ќе дојде штом ќе заврши со обврските.

Сè уште никој нема храброст да ѝ каже дека мајка ѝ Валдете веќе никогаш нема да го пречекори куќниот праг. Животот на 29-годишната жена сурово згасна во автобуската несреќа што се случи завчерапопладне во близина на селото Ласкарци, при што 14 лица загинаа, а триесетина се здобија со повреди.

Валдете Хамити е од селото Дебреше, кое е практично споено со Гостивар. Всушност, таа е со потекло од Тетово, но љубовта ја натера да се пресели триесетина километри подалеку. Била вработена на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Била среќно мажена, горда мајка на две деца: малата Ева и десетмесечниот Лавдим.

Потресното сведоштво на семејствата и пријателите на трагично загинатите патници прочитајте го на „Независен весник“.

Возачот крвав излетал од автобусот пред да се преврти

Со повреди и во крв возачот на автобусот излетал од автобусот пред тој да падне во ендекот на локалниот пат и да се преврти на покрив. Очевидци на местото на несреќата раскажаа дека возачот со автомобил го носеле во болница заедно со уште неколку повредени патници.

.

- „Возачот на автобусот и уште неколку патници ги носев во болница. Тој губеше свест неколку пати, а го најдовме на локалниот пат. Најверојатно испаднал од автобусот кога тој се превртувал“, раскажа очевидец на трагедијата.

По анализите се покажало дека нема алкохол и други супстанци во крвта и урината.

Младиот Онур се враќал од испит кога загинал кај карпалак

Четиринаесет животи однесе автобусот на смртта на патот Скопје-Тетово кај селото Ласкарци, кога излета од патот, ја проби оградата, влета на стариот пат и падна во провалија.

Тројца најмлади загинати се студенти, Онур Садику наредниот месец требало да наполни 20 години, а се враќал од испит на Медицинскиот факултет. Денеска неговите колеги кажаа дека го положил. 21 –годишната Бејза Узеири студирала архитектура и се враќала во родната Долна Белица. Бобан Аврамовски загина на 22 години и незавршени студии по дизајн на ФОН, пренесе Република.

30-годишната Ваљдета Хамити била асистентка на информатика на универзитетот Мајка Тереза. Дома остави 7-месечно бебе и постарото 4-годишно дете. Вчера по пауза поради болеста на детето повторно се вратила на работното место.

Популарно