Внимавајте доколку оваа година одите во Банско

Скијачкиот центар Банско влегува во историјата, како прв каде  веќе нема да се употребуваат пластични производи за еднократна употреба, соопшти денеска концесионерот на скијачкиот центар „Јулен“.

Пластичните шишиња во рестораните ќе бидат заменети со стакло, а чашите за кафе со картонски. Линиите за јадење ќе бидат од материјал кој може да се разложи 100, а сламките и мешалките ќе бидат од бамбус.

– Сите промени се дел од еколошката стратегија на „Јулен“. Уште од 2012 година во ски зоната воведовме систем за одделно собирање на отпадот. Сега сме цврсто решени да се вклучиме во светската битка со пластиката, изјави Радослав Дурчов од „Јулен”. Тој соопшти дека само од почетокот на годината во центарот се собрани и предадени над 1,3 тони пластичен отпад.

– Целта ни е овој штетен отпад да биде максимално намален и поради тоа ја отстрануваме пластиката од употреба, истакна Дурчов .

Посебни контејнери за собирање на отпад, со јасни ознаки, веќе се поставени во одморалиштето.

– Употребата на стаклена амбалажа ќе ги зголеми нашите трошоци, но категорични сме дека заслужува поради битката со пластиката, рече претставник на „Јулен“.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно