Убиен српскиот бизнисмен

Познатиот српски бизнисмен, сопственикот на една од најпознатите белградски коцкарници, Владо Поповиќ, бил убиен синоќа во Белград.

Група маскирани насилници го пречекале пред кафулето каде седел и испукале повеќе рафали, при што е повредено и 23 годишно момче.

По убиството на белградскиот бизнисмен познат под прекарот Влада поп, полицијата почнала акција „Виор“. 

ВИДЕО: Специјалци упаднаа во тајно легло на проституција во Белград

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Србија, Службата за борба против организиран криминал, во координација со обвинителството за оганизиран криминал и Вишото јавно обвинителство во Белград, уапсиле 8 лица поради трговија со луѓе.

Во соопштението од МВР се наведува дека уапсени се Ј.Н. (44), Г.Н. (50), К.Н. (24), Б.Д. (46) поради постоење основи за сомнение дека од август 2018 година до мај 2019 година извршиле продолжено кривично дело трговија со луѓе, во периодот од септември до ноември 2018 година здружување поради вршење кривично дело, како и дека извршиле посредување и вршење проституција.

Исто така уапсен е 19-годишнио М.Н. кој се товари за кривично дело трговија со луѓе.

Погледнете ја акцијата на полицијата ТУКА

За прв пат Македонец ќе биде пратеник во албанскиот Парламент

Васил Стерјовски, генерален секретар на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ) ќе биде пратеник во албанскиот Парламент.

-По известувањето од Централната изборна комисија на Албанија, Извршниот комитет на МАЕИ донесе одлука Стерјовски да го прифати пратеничкиот мандат и во парламентот да ја претставува програмата на Македонска алијанса за европска интеграција како дел од парламентарната опозиција, соопштија од партијата.

На последните парламентарни избори одржани во јуни 2017 година МАЕИ беше дел од изборната коалиција предводена од Социјалистичкото движење за интеграција. Тогаш лидер на партијата беше Илир Мета, актуелинот претседател на Албанија. Врз основа на договорот Васил Стерјовски беше петти на кандидатската листа за округот Корча.

Стерјовски,на првата седница на албанскиот законодавен дом, најверојатно следниот четврток, ќе седне во собранската сала и ќе даде заклетва.

Тој ќе биде првиот пратеник во албанскиот Парламент во плурална Албанија, кој доаѓа од македонска партија, но и воопшто како пратеник кој јавно се декларира како Македонец.

Васил Стерјовски е познат активист за правата на Македонија во Албанија. Запишан е на докторските студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија, на Институтот за национална историја на студиската програма на хуманистички науки, подпрограма Историја на Македонија, со потесна област на истражување Македонците во Албанија.

На ред е „Голема Албанија“

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ предупредува дека е во тек процесот на формирање на Голема Албанија и тоа пред очите на Европската унија.

Дачиќ нагласува дека веќе не е збор за отворање на Пандорината кутија бидејќи таа е веќе отворена со признавањето на Косово и нарушувањето на принципот на непроменливост на границите.

Ова е промоција на „Голема Албанија на кога никој не реагира.Каде се сите кои ја критикуваа Србија поради некоја идеја за разграничување. Ние немаме тајни туку јавен план, а тоа е непризнавање на едностраната независност на Косово – оценува Дачиќ.

Популарно