Ве боли додека имате секс?

Сексот би требало да претставува нешто на што би требало подеднакво да му се радуваат и мажите и жените. Но, ако се појавува болка, нема уживање во оваа активност.

На некои жени им се случува, наместо да уживаат во водењето љубов, сексот да го сметаат за непријатна активност бидејќи им предизвикува болка. Дознајте кои се најчестите причини за болен сексуален однос, и ако е потребно закажете консултација кај вашиот гинеколог.

Недостаток на возбуда

Ако жената не е расположена за секс, вагината е стегната и сува, што не се најдобри услови за пенетрација на партнеровиот пенис. Најважната работа која тогаш можете да ја направите, што некогаш може да биде и најтешко, е да се опуштите. Секако, и лубрикантот одлично ќе ви помогне. Понекогаш овој проблем не е само од психичка природа. Некои лекови како што се антидепресивите, можат значајно да влијаат на намалување на либидото.

Породување

Болката најчесто се јавува по раѓањето на првото или второто дете, независно од тоа дали жената се породила природно или со царски рез. Таа може да има чувство дека вагината и е „растегната“ заради што не се чувствува секси и посакувано, а смета и дека нема да ужива во сексот како пред породувањето.

Вагинализам

Вагинализмот е сексуална дисфункција за која ретко се зборува. Се работи за непријатно чувство на стегање на вагината при каква било пенетрација. Вагиналните мускули се стегнати што пенетрацијата ја чинат тешка, болна, а во потешки случаи, и невозможна.

Вагинални инфекции

Некои вагинални инфекции како што се кламидијата и херпесот може да предизвикаат болен сексуален однос. Ако во текот на сексот почувствувате болка, а порано тоа не ви се случувало, време е да го посетите својот доктор. По дијагнозата тој ќе ви одреди соодветна терапија.

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.

Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат.

Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов.

„Ова го правам за твое добро“

Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист.

„Дали вака ми враќаш?

Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака.

„Очекував повеќе од тебе“

Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.

Што се случува во телото на мажот кој подолго време нема секс?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно?

Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

Популарно