ВИДЕО: Снимката на малиот Давид стана хит

Иако на почетокот сакал видеото да и го прати само на сопругата, таткото на Давид кој се враќал од стоматолог, со ова видео го направил семејството богато.

Само првите три дена има три милиони прегледи, а семејството уште живее од видеото постирано во 2009.

Патник низ времето раскажува што ќе се случи во 2019 - ако се исполни ова....

Момче кое тврди дека доаѓа од 2030 година на Јутјуб објавил видео снимка на која раскажува што ќе се случи во иднината, при што објавил листа за на важни дати и настани кои ќе се случуваат.

Ноа, како што му е надимето, тврди дека "застанал" во 2018 година, а објавил датуми на листа на настани, а 2019 година, кои ќе ги "потврди неговото наводно патување нив времето".

"Тука сум да ви ја раскажам иднината, бидејќи доаѓат доста работи – вонземјани, глобално затоплување и војна".

Во јануари 2019 ќе започне со зголемен број на пријави дека виделе вонземјани и НЛО. "Вонзенмјаните ќе дојдат 2028 година, а во таа година ќе биде откриено патувањето низ време", тврди Ноа.

"Вонземјаните во иднина ќе бидат се поприсутни, а неколку летачки чинии ќе се срушат ширум светот. Важно е да се каже дека со нив ќе бидеме во добри односи. Тие се нешто што неможам доволно да ги опишам со свои зборови.

Ноа вели дека ќе биде забележан пораст на вештачка интелегенција, паметни чипови ќе се вградуваат во мозок, како и глобален конфликт со Северна Кореја. Се запишано на тоа фамозно ливче, првиот е:

Јануари 2019: Пораст на НЛО

Февруари: Најголема и најдолга снежна бура ќе го погодо западниот дел на САД

Април: Прво комерцијално око ќе биде претставено во јавноста и слепите ќе прогледаат

Јуни: Имплантиран чип ќе им овозможи на парализираните луѓе повторно да проодат.

Јануари 2020: Контраврзии околу излегување на Андроид машина А1, големи протести против новата технологија

3 ноември: Доналд Трамп повторно ќе иде избран за претседател на САД.

Вакви коктели не сте пробале!

Во пријатна атмосфера, во срцето на Карпош е сместено маалското кафуле „Крем кафе“ во кое ќе ве маѓепса празничната атмосфера. Покрај топлото чоколадо со повеќе вкусови и  греното вино, во ова кафуле, можете да уживате и во уникатните кафе коктели кои се специјалитет на локалот.

Топло чоколадо, или чаша полна со среќа е целина составена од неколку вкуса по избор, како чоколадо, лешник, ванила, карамела, шумско овошје или јагода одвоени со дробен бисквит меѓу слоевите.

Кафето во "Крем кафе"е нова приказна во вашиот живот. Креатори на уникатни безалкохолни кафиња со вкус по избор, топло или ладно, склопено во чаша со одделени слоеви остава простор сами да изберете какви вкусови и изглед ќе имаат вашите кафиња. Па затоа, разбудете ја вашата имагинација и играјте со боите на вашето кафе!

Покрај несекојдневните кафе кокители во Крем можете да се стоплите и со кафиња како  ‘’Marrocchino”,  “Coko-moko” и  “Argentino” кои ретко ќе ги најдете на мениата низ Скопските кафулиња, а имаат изглед, вкус и мирис кои целосно ќе ве освојат.

Така, омилениот топол пијалак може да го пиете во придружба на новогодишни венци, Дедо Мразовци, зимски поларни ќебенца, како и еден тон светкави сијалички.

Животот во СФРЈ: Кога работникот беше господин

Тогаш никој не прашуваше за националност, материјалниот статус не беше важен, а луѓето се ценеа по карактерните особини.

Не биле ретки приказните за луѓето кои од работници стигнувале до директори на работни организации.

Вработените добивале бонови за топол оброк, па се хранеле во ресторани или на киосци. Во СФРЈ се сметало нормално да на вработените им биде платен топол оброк.

Работното време било од 7 до 15 часот со пауза која обично се поминувала во рестораните. Саботите и неделите биле неработни освен за оние работни организации кај кои природата на работата наложувала да се работи и за викенд.

А за годишните одмори, тука воглавно биле работничките одморалишта во кои се одело во организација на синдикатите. Можело да се плаќа на рати, па семеен одмор била нормална работа и ретки биле оние кои не ги посетувале таканаречените работнички одморалишта.

Платите воглавно биле исплатувани во кеш во самата компанија. Парите биле приложени во специјален коверт на кој биле наведени основните податоци за пресметката на плата. Без поголеми проблеми можеле да се користат неплатени отсуства, боледувања, а систематските лекарски прегледи биле задолжителни и спроведувани во сите претпријатија.

Кога би имало смртен случај, работникот имал право на бесплатен погреб. Доколку смртта го стигнела за време на работниот век, а не во пензија, во истата работна организација веднаш се вработувал некој од членовите на најблиското негово семејство.

Популарно