Сведочењето на Нинџа ги разоткри функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои давале наредби за упадот во Собранието

Во својот исказ денеска пред судот обвинетиот Александар Василевски Нинџа ги разоткри поранешните функционери на ВМРО ДПМНЕ кои давале насоки за упадот и настаните во Собранието на 27 април, од седиштето на партијата, односно од белата палата.

Како што рече тој, во просторија на осмиот спрат од белата палата се давале наредбите. Таму се наоѓале Билјана Бришковска, Спиро Ристовски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Митко Чавков.

-Влегов внатре и седнав на една маса, како се движеше толпата така се даваа наредбите. Бришковска комуницираше со Трајко Вељановски, истиот и даваше насоки за состојбата внатре. Миле Јанакиески мислам и тврдам за Спиро Ристовски комуницираа со Бетмен Велит. Кирил Божиновски ги викаше сите општински комитети од цела Македонија најитно да дојдат во Скопје со директива од партијата. Сакам да нагласам дека од тука се координираше сето тоа што се случи на 27 април – рече Нинџа.

Тој понатаму продолжи: -Билјана Бришковска кажуваше дека првото сценарио не успеало, дека пратениците не си ја завршиле својата работа, не предизвикале инциденти и немало тепачки меѓу пратениците, од неа дојде насока му се јави на Вељановски и му рече да се отворат вратите на Собранието – посочи тој.

Како што рече Нинџа, потоа тогашниот шеф на тајната полиција Владимир Атанасовски, му дал наредба да оди на терен, односно пред Собранието и од таму да известува што се случува. Василевски потоа раскажа како пред Собранието го сретнал Горан Грујевски и како се очекувало претседателот да прогласи воена состојба, но до тоа не дошло.

Оперирана Катица Јанева

Стилот и животот на специјалната јавна обвинителка во оставка, Катица Јанева, се имаат променето по запознавањето со Боки 13. Како што дознаваме, пред неколку недели врз неа се спровела хируршка интервенција во една од болниците во Македонија во која ѝ било поставен прстен за намалување на желудникот за да почне процедура за слабеење.

Според податоците, еден таков зафат варира од 7.000 – 10.000 евра, но не се знае колку точно е платено за интервенцијата.

Истиот зафат го има направено и Боки 13, три месеци претходно.

Меѓутоа, оваа интервенција не се поврзува со боледувањето што таа го отворила деновиве.

(ВИДЕО) Прашање до Љупчо Николовски: Дали „Фрики“ и „Кики“ присуствувале на Централниот одбор на СДСМ?

На прашањето поставено од страна на главниот и одговорен уредник на Инфомакс, Александар Митовски, дали Кики и Фрики биле присутни на Централниот одбор на СДСМ, Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски одговори:

-Веќе одговорив на прашањето дека Централниот одбор на оваа политичка партија, за разлика од многу други кои што ги блокиpaат институциите кои што се бopат пpoтив пpaвдата. Кои што сакаат да дојдат на преговарачка маса само поради одбpaна на kpиминалот кој што го правеле, ние сме целосно pacтеретени, и целосно даваме поддршка на бopбата пpoтив кopупцијата и kpиминалот во било кој еден случај, вели Николовски.

-Значи ова е потврда дека била на состанокот Кики и Фрики, праша Митовски.

-Одговорив на прашањето кое што е суштински, а едел од декларацијата која Централниот одбор денес ја донесе, која што се однесува на сите институции за бopба пpoтив kpиминалот на било кој во државата.

Рамиз Мерко: НЕ сакам да сакам да сум градоначалник на Струга

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, откако добил вербална закана по животот, денеска писмено соопшти дека се откажува од ингеренциите врз Општината и бара од Владата таа да го преземе раководењето со градот Струга.

Мерко потврди дека добил закана која ја пријавил во полиција, но за став околу писмото кое излезе во јавноста адресирано до премиерот Заев остана недостапен.

Во писмото Мерко го информира премиерот Заев дека со намера спроведување на Законите, сите надлежности на Општината за урбанистичко планирање градежни дозволи и давање на концесии како и во делот на спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО и ги предава на Владата. Ви писмото меѓу другото пишува дека ваквата одлука е резултат на последните случувања и долгорочната кампања која се води против градот Струга и градоначалникот на оваа Општина.

Од МВР потврдиле дека има пријава за вербална закана кон градоначалникот на Струга, но случајот е веќе расчистен.

Претходно некои медиуми објавија за инцидентот

Граѓанин на Струга предпладнево влегол во просториите на општина Струга и се заканувал дека ќе ги убие градоначалникот Рамиз Мерко и уште еден општински функционер.

Очевидци тврдат дека атмосферата била застрашувачка затоа што не се знаело дали лицето било вооружено и во кој правец може да се развијат заканите.

Граѓанинот бил незадоволен од одлука на струшките локални власти.

Предходно барал да се промени одлука на општината но кога бил одбиен отишол и директно се заканил по животот на градоначалникот и уште еден вработен во градската администрација на Струга.

Популарно