Сведочење на Владо Јовановски: Некој лаже - тој или Нинџа

При вкрстеното испрашување на Александар Василевски Нинџа, обвинетиот Владо Јовановски изјави дека не се чувствува како водач на протестите „За заедничка Македонија“, туку дека бил таму како загрижен граѓанин.

– Јас не се третирам како водач. На протестите јас не бев дел од организацијата, бев дојден како граѓанин, човек, актер загрижен за државата, рече Јовановски.

По овој исказ на Јовановски, тој му се обрати на обвинетиот Александар Василевски Нинџа со зборовите „дали ќе се сложите со мене дека никогаш досега не сте ме виделе во штабот на ВМРО-ДПМНЕ“, на што Василевски одговори дека го има видено.

Оперирана Катица Јанева

Стилот и животот на специјалната јавна обвинителка во оставка, Катица Јанева, се имаат променето по запознавањето со Боки 13. Како што дознаваме, пред неколку недели врз неа се спровела хируршка интервенција во една од болниците во Македонија во која ѝ било поставен прстен за намалување на желудникот за да почне процедура за слабеење.

Според податоците, еден таков зафат варира од 7.000 – 10.000 евра, но не се знае колку точно е платено за интервенцијата.

Истиот зафат го има направено и Боки 13, три месеци претходно.

Меѓутоа, оваа интервенција не се поврзува со боледувањето што таа го отворила деновиве.

(ВИДЕО) Прашање до Љупчо Николовски: Дали „Фрики“ и „Кики“ присуствувале на Централниот одбор на СДСМ?

На прашањето поставено од страна на главниот и одговорен уредник на Инфомакс, Александар Митовски, дали Кики и Фрики биле присутни на Централниот одбор на СДСМ, Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски одговори:

-Веќе одговорив на прашањето дека Централниот одбор на оваа политичка партија, за разлика од многу други кои што ги блокиpaат институциите кои што се бopат пpoтив пpaвдата. Кои што сакаат да дојдат на преговарачка маса само поради одбpaна на kpиминалот кој што го правеле, ние сме целосно pacтеретени, и целосно даваме поддршка на бopбата пpoтив кopупцијата и kpиминалот во било кој еден случај, вели Николовски.

-Значи ова е потврда дека била на состанокот Кики и Фрики, праша Митовски.

-Одговорив на прашањето кое што е суштински, а едел од декларацијата која Централниот одбор денес ја донесе, која што се однесува на сите институции за бopба пpoтив kpиминалот на било кој во државата.

Рамиз Мерко: НЕ сакам да сакам да сум градоначалник на Струга

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, откако добил вербална закана по животот, денеска писмено соопшти дека се откажува од ингеренциите врз Општината и бара од Владата таа да го преземе раководењето со градот Струга.

Мерко потврди дека добил закана која ја пријавил во полиција, но за став околу писмото кое излезе во јавноста адресирано до премиерот Заев остана недостапен.

Во писмото Мерко го информира премиерот Заев дека со намера спроведување на Законите, сите надлежности на Општината за урбанистичко планирање градежни дозволи и давање на концесии како и во делот на спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО и ги предава на Владата. Ви писмото меѓу другото пишува дека ваквата одлука е резултат на последните случувања и долгорочната кампања која се води против градот Струга и градоначалникот на оваа Општина.

Од МВР потврдиле дека има пријава за вербална закана кон градоначалникот на Струга, но случајот е веќе расчистен.

Претходно некои медиуми објавија за инцидентот

Граѓанин на Струга предпладнево влегол во просториите на општина Струга и се заканувал дека ќе ги убие градоначалникот Рамиз Мерко и уште еден општински функционер.

Очевидци тврдат дека атмосферата била застрашувачка затоа што не се знаело дали лицето било вооружено и во кој правец може да се развијат заканите.

Граѓанинот бил незадоволен од одлука на струшките локални власти.

Предходно барал да се промени одлука на општината но кога бил одбиен отишол и директно се заканил по животот на градоначалникот и уште еден вработен во градската администрација на Струга.

Популарно