ВИДЕО: ШТО ИМААТ САМО БРЕНА И АДЕЛ?

Фолк-ѕвездата Лепа Брена денеска е во Скопје за да го најави големиот концерт со кој на 15 декември ќе одбележи 35 години од нејзината кариера. Расположена, на средбата со новинарите таа откри дека и на концертот во арената „Борис Трајковски“ ќе пее на скапиот микрофон што пред неколку месеци ѝ го подари сопругот Боба Живојиновиќ за 58. роденден. „Кога ја слушнав Адел како пее на овој микрофон, каков е звукот што го произведува, знаев дека мора да го имам и јас. Чекав 6-7 месеци производителите да го изработат специјално за мене. Кога ми го донесоа, му се израдував како што мажите се радуваат на скапи автомобили или мотори. Јас сум единствената на Балканот што има таков микрофон“, откри Брена на прес-конференцијата

Пејачката рече дека на почетокот не помислувала дека толку долго време ќе остане во работа што е напорна и бара голема жртва. „Мојата љубовта кон публиката и кон музиката ми ги рашири крилјата да се чувствувам најдобро кога сум на сцената. Пред јубилејот направив документарен филм во три дела ‘Слаткиот грех на Лепа Брена’ за да ги потсетам сите дека една мала девојка со својот талент и амбиции успеала да трае. Сакав и да испратам порака дека не мора да си ниту луд ни гол ни обоен за да успееш во животот, туку дека е важно да си талентиран и вреден. Јас пораснав во Југославија и горда сум на мојата земја. Затоа турнејата и мојот последен албум се викаат ‘Зар е важно дал се пева или пјева’ и тоа е мој одговор како мајка и жена на ова што ни се случува“, додаде Лепа Брена.Организатор на јубилејниот концерт на Брена во Скопје е „Прагма продукција

ЖИВО: Тамата сепак слета во Скопје

 Тамара Тодевска која со песната „Proud“ го освои осмото место на евровизиското финале во Тел Авив, што е најголем успех за земјава досега на Евросонг, вечерва се врати во Скопје.

На Меѓународниот аеродром Скопје, Тамара и нејзиниот тим беа пречекани од членови на нивните семејства, обожаватели и бројни новинарски екипи.

Тамара Тодевска со освоеното осмо место го забалежа најдобриот пласман на земјава откако учествува на Евровизија од 1998 година. Претходно, најуспешен настап имаше Елена Ристеска со „Нинанајна“ во 2006 година кога беше 12-та. Последниот, пак, македонски претставник во финале беше Калиопи со песната „Црно и бело“ пред седум години на 57.Евровизија, што се одржа во Баку, Азербејџан.

Тамара синоќа на финалната вечер на Евровизија во текот на речиси целото гласање беше на врвот на табелата. По гласањето на стручните жирија заврши на второто место со 237 поени, зад Шведска со 239 бодови, но на крајот по пребројувањето на гласовите од публиката се пласираше на осмото место.

Македонија доби максимални 12 поени од Австрија, Велика Британија, Албанија, Молдавија, Србија и Швајцарија.

На годинашниот избор за песна на Евровисија што се одржа во Тел Авив, Израел, победи холандскиот претставник Данкан Лоренс со песната „Arcade“. Второпласирана е Италија, а третото место го освои претставникот на Русија. Четвртото место го освои Швајцарија, а петтото Норвешка. Во финалето настапија 26 земји, а можеа да гласаат сите учесници односно 41 земја.

Тамара четврти пат учествуваше на Евровизија, но првпат како солист.

Aвтори на песната „Proud“ со која настапи во Тел Авив се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а текстот е на Коста Петров и Сања Поповска. Придружни вокали беа Александра Јанева, Антонија Гиговска и Васил Гарванлиев

Фанови ја чекаат Тамара на аеродром, поставена и бина

Македонската претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска која со песната „Proud“ го освои осмото место и највисокиот пласман на земјава досега на Евровизија, вечерва се враќа од Тел Авив во Скопје.

Таа треба да пристигне на Скопскиот аеродром околу 23:00 часот. Се очекува на аеродромот да ја пречекаат многубројни нејзини обожаватели.

Тамара синоќа на финалната вечер на Евровизија во текот на речиси целото гласање беше на врвот на табелата. По гласањето на стручните жирија заврши на второто место со 237 поени, зад Шведска со 239 бодови, но на крајот по пребројувањето на телевоутингот од публиката се пласираше на осмото место.

ВИДЕО: "Многумина заборавија што и се случи во 2008"

Тамара Тодевска денеска е топ тема во медиумите во регионот, па дури и светот, со оглед на тоа дека за неа пишуваше и Би-Би-Си.

Таа го освои осмото место со својата песна „Proud" која упати и силна порака. Иако водеше според гласовите на жирито речиси цела вечер, ситуацијата се промени со гласовите од публиката, па Тамара отиде на 8. место со 58. поени од публиката.

Српскиот портал Блиц денеска објави вест за нашата претставничка на Евровизија Тамара Тодевска која вчера за влакно не победеше на ова шоу, дека ја изненадила Европа и дека многумина заборавиле што и се случило пред 11 години на Евровизија кога настапуваше со Врчак и Гаџа.

Инаку тие се потсетуваат на Евровизијата на која беа домаќин во 2008-та година кога Тамара Тодевска ја претставуваше Македонија заедно со Врчак и Адриан Гаџа, но не успеаја да влезат во финалето поради променетиот систем на гласање, па велат сигурно сега ја научила лекцијата.

Популарно