Гинекологот Николче сепак нема да ги лекува Бугарките

Управата  на Медицински центар „Мајчин дом“ во Софија се обрати до Агенцијата за медицинска ревизија при Министерството за здравство на Бугарија да изврши проверка во врска со гинекологот Николче Дамчевски, кој има потврдена казна затвор од две години од Апелацискиот суд во Скопје, објави бугарската агенција БГНЕС.

До утврдување на околностите во случајот, на докторот му се забранува да извршува медицинска дејност, изјавија од софискиот Медицински центар „Мајчин дом“ за агенцијата.

Дамчевски девет месеци лажел пациентка во Македонија дека е бремена. Тој во Македонија има осумгодишна забрана за работа како доктор и е во бегство. Во меѓувреме, станал член и на Бугарскиот лекарски сојуз, а работел во една приватна болница во бугарскиот главен град. Во пресудата против Дамчевски пишува дека „како гинеколог тој има вина за тешки злосторства извршени врз здравјето на луѓето и фалсификување документи”. Пред судот тој ја признал вината и по двете обвиненија – фалсификување на медицински документи и несовесно извршување на лекарската професија.

Раководството на Медицинскиот центар е подготвено да соработува целосно со истражните и надзорните органи за да се разјаснат околностите на случајот, наведува БГНЕС. 

Хороскопски знаци кои најмногу ги зафаќа божиќното "лудило"

Иако поголемиот дел од луѓето уживаат во божиќните празници и во се' што носи празничното расположение, постојат и такви кои живеат за декември.

Тие не чекаат со украсувањето на елката, божиќните филмови се единствени на нивниот моментален репертоар, а не ги забораваат ниту празничните напитоци како грееното вино и топлото чоколадо. Личностите родени во овие хороскопски знаци се вистински "божиќни манијаци". 

Бик

Биковите работат со полна пареа во текот на целиот месец. Тие потполно уживаат во божиќната атмосфера, па затоа во нивниот дом честопати можете да ги затекнете како печат колачиња со божиќна музика во позадина.

Рак

Фамилијарно настроените Ракови се огромни љубители на празниците. Тие купуваат подароци кога никој и не размислува на нив, а се помеѓу првите кои ги вклучуваат празничните светилки. Ова е нивниот омилен период во годината и целта им е да направат да трае што е можно подолго.

Риби

Романтичните Риби најмногу уживаат во ова доба од годината. Нивниот дом веќе одамна е украсен, а тие ќе ве натераат да ги слушате популарните божиќни песни со нив, кои според нивното мислење треба да се слушаат во текот на целата година. Многу се посветени кон купувањето подароци за кои добро промислуваат пред да се одлучат.

Лав

Лицата родени во знакот на Лав уживаат во божиќното расположение, најмногу поради динамичноста кое тоа го носи со себе, како и постојаното дружење и активности. Лавовите обожуваат да разменуваат подароци со саканите личности, а што се однесува до готвењето и декорирањето во домот, тоа им го препуштаат на покреативните раце.

ВИДЕО: Саша Поповиќ на Шерифовиќ и подари коза за роденден – еве ја нејзината реакција

Секоја сабота на Канал 5 телевизија се емитува емисијата „Ѕвездите на Гранд“, а во последната имаше неочекувано изненадување.

Имено, во претходната емисија на Марија Шерифовиќ и беше роденден и таа побара подарок од Саша Поповиќ, а директорот на „Гранд“ одлучи да и ја исполни желбата.

Саша одлучи на Марија да и подари коза која се вика Бијонсе. Марија кога ја виде го праша што планира да прави со животното, a Саша и објасни на пејачката дека може да ја чува козата пред зграда за да им помага на соседите.

Марија констатираше дека овој подарок треба да биде на Јелена бидејќи таа секојдневно се бори за правата на животните.

Карлеуша дури му се закани на Поповиќ доколку нешто и се случи на козата ќе одговара тој лично.

Елена Китиќ се огласи по шпекулациите дека таа е причината за разводот на Ана и Раста

Елена Китиќ се огласи по шпекулациите дека таа е причината за разводот на Ана Николиќ и Стефан Ѓуришиќ Раста.

Имено, се пишуваше дека Раста бил со Елена пред бракот со Ана Николиќ, но и дека нивната врска продолжила по бракот.

На сите овие пишување Китиќ го даде својот коментар на „Инстаграм“.

„Мојот однос со Раста беше професионален од првиот ден, па се до моментот кога ја прекинавме соработката. Единствена причина поради која ја прекинавме соработката е тоа што имавме различни размислувања во која насока треба да оди мојата кариера“, напиша ќерката на пејачот.

Инаку, Раста не сакал да ги наплати песните кои ги направил за Китиќ.

„Раста е наш пријател и не сакаше да наплати тоа што работи со Елена, но ние ќе му се одолжиме. Тој е супер момче и што се однесува до парите, ние не разговаме за тоа“ во една прилика изјави Миле Китиќ.

Популарно