Исповед на проститутка: Договорила секс, дошле тројца и започнал пеколот...

Иако проституцијата во повеќето земји во светот е забранета, очигледно е дека на овој „најстар занает во светот“ никој не може да му стави крај. Иако не ги гледаме често на улиците и ретко се зборува за тоа, проституцијата во последно време стана голем проблем во светот. Состаноците се договараат преку телефон или преку посредник (макро) кој добива поголем дел од заработката на девојката.

Поради големата криза и финансиските проблеми се` повеќе девојки и жени се одлучуваат на ваков потег од очај. Многу од нив имаат семејство што треба да го хранат и работат повеќе работи.

Голем дел од девојките кои влегуваат во тој свет имаат во план да останат во „бизнисот“ некое кратко време, но тоа речиси никогаш не се случува. Обично остануваат многу подолго, се губат во тој свет, се чувствуваат должни на макрото кој обично ги држи во рака. Директорката на НВО Црногорското женско лоби одлучила да сподели со светот неколку шокантни приказни.

„Мамецот за влез во тој суров свет обично е работата на го-го танчерка или келнерка“, објасни директорката на НВО Црногорското женско лоби Аида Петровиќ, пренесува Блиц.рс.

„Имавме случка од една девојка која стопирала и била запрена од некој човек со кој договорила сексуална услуга за 20 евра. Подоцна на патот во автомобилот им се придружиле уште двајца мажи и и` рекле дека ќе и` дадат 50 евра доколку спие со сите тројца. Кога се согласила ја однеле во некој стан и ја силувале. Потоа ја претепале, ја однеле во некоја шума блиску Подгорица и ја врзале за дрво. Кога утрото се разбудила и дошла при свест, не` побара нас и бараше да и` помогнеме. Тогаш ни раскажа дека и` ги зеле и парите што и` ги дале порано таа ноќ“, раскажа Петровиќ.

Девојките кои ги раскажале нивните потресни приказни рекле дека некои клиенти се толку настрани, што морале да трпат работи како гасење на цигари од нивното тело, прекривање со храна, а една девојка раскажала дека некој дури и` одгризал дел од телото.

„Не станува збор за луѓе кои во општеството се познати како манијаци или психопати. Најчесто тоа се угледни личности со добра работа и семејство, а плаќаат за да се изживуваат врз некој. Проститутките ретко говорат за своите клиенти и никогаш не кажуваат кои се и што работат иако најчесто го знаат тоа“, вели Петровиќ.

Петровиќ вели дека на Црногорското приморје моментално има над сто проститутки кои се кријат под изговор дека работат нешто друго. „Проблемот е во тоа што тие не знаат каде се наоѓаат. Обично се пијани и под дејство на наркотици, па не знаат во кој град се, а некогаш ни со кого се.“

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.

Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат.

Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов.

„Ова го правам за твое добро“

Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист.

„Дали вака ми враќаш?

Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака.

„Очекував повеќе од тебе“

Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.

Што се случува во телото на мажот кој подолго време нема секс?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно?

Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

Популарно