Грчки медиуми: Нова офанзива на Грција - Македонија освен името ќе го изгуби и јазикот!

По големата бура што во Грција ја предизвикаа изјавите во Собранието на премиерот Зоран Заев за учењето на македонскиот јазик во Грција, за неговата употреба, за „Егејска Македонија“, според грчките медиуми, Атина ќе ја префрли битката на меѓународно тло.

Како што објаснува весникот „Естиа“, грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе побара ООН да одобри дополнителен протокол кој ќе го допрецизира Преспанскиот договор во смисла дека ќе дава многу ограничен простор за наведувањата на јазикот и нацијата.

Според весникот, протоколот ќе биде амандман на Договорот од Преспа, односно ќе стане негов интегрален дел.

Според пишувањата на грчките весници, за подготовката на овој амандман бил ангажиран Евангелос Калпадакис, советник на грчкиот премиер.

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос веќе побара од Генералниот секретар на НАТО да се спротивстави на интерпретациите на Преспанскиот договор во Македонија за да се оневозможи признавање „македонски народ“ и да се потенцира дека јазикот во грчката северен сосед е словенски.

Според медиумите, Грција ги информирала и САД дека Преспанскиот договор нема да биде ратификуван во грчкиот парламент без такви гаранции.

Хелсиншки: Не е јасно како дошло до тепачката во Шутка кога притворениците и осудените лица се сосема одвоени

Се чека официјалната истрага да покаже што се случувало вчера во затворот во Шутка, но она што е јасно е дека учесниците во инцидентот имаат различен затворски статус.

ПресингТВ побара одговор од Хелсиншкиот комитет за човекови права од каде кажаа дека уште вчера стапиле во контакт со директорот на затворот и укажале дека мора да се води сметка, особено затоа што станува збор за деликатни случаи за кои што целата јавност е запозната и може да се очекува да дојде до такви инциденти.

- И за нас остана нејасно како настанала тепачката во затворот во Шутка кога притворениците и осудените лица се сосема одвоени. Затворот има осуденички дел, има и притворенички дел. Тие се одвоени бидејќи имаат различен статус“, изјавила за ПресингТВ, Уранија Пировска извршен директор на Хелсиншки.

Пировска додава дека од директорот на затворот добиле информација дека инцидентот е испровоциран, но таа вели, тоа не го менува ставот дека безбедноста на затвроениците мора да биде приоритет за установата и мора да се води сметка за оние случаи кои знаат и свесни се дека може да предизвикаат револт и обид за насилство кај другите затвореници.

- Од затворот во Шутка побаравме дополнително писмена изјава за случајот. Дотогаш ќе продолжиме да ја следиме состојбата и што всушност се случило. Отворени сме да ги посетиме двајцата поранешни министри доколку тие тоа го побараат од мене“, вели Пировска.

Директорката на Хелсиншки за ПресингТВ открива дека затворот во Шутка не е установа од каде добиваат многу преставки од притвореници или осуденици и дека никогаш немало никаков проблем со нечовечко однесување од страна на стражарските служби. За разлика од Шутка, од Идризово на адреса на Хелсишнкиот комитет често пристигнувале вакви претставки.

Командант Малишева им честиташе на напаѓачите на Јанакиевски и Ристoвски и упати нови закани

Мухамед Красниќи познат под прекарот Командант Малишева на својот Фејсбук профил објави статус во кој ги откри напаѓачите на Мили Јанакиевски и Спиро Ристевски, но и упати нови закани до сите кои ќе дојдат во иднина во затворот.

-Секој политичар кој е вмешан во оваа стапица…и кој ќе ни падне во раце ќе биде истепан и ќе биде скршен од ќотек од страна на било кој член од нашата група. Браво за денес другари, покажавте кој сте. Спиро Ристoвски беше боксуван од Лирим Крашниќи, браво братучед. Миле Јанакиевски беше боксуван од Есат Кафеѓоли. Образот ми го обеливте денес. Ние нема да престанеме во оваа битка. Ниту еден Албанец не се освети за нас до денес и затоа ние сами ќе се осветуваме бидејќи сите ќе ни дојдат тука во затворот, стои во заканата на Красниќи.

Инаку тој е познат како еден од водечките лидери за настаните од Диво Насеље, при што беа убиени осум полицајци, а 38 беа повредени. Во дводневната престрелка беа убиени и 10 припадници на групата за која се смета дека ја предводел токму тој.

Синот на Нано Ружин на имотен лист пријавил часовник поскап од просечен автомобил

Синот на некогашниот амбасадот на Македонија во НАТО, Нано Ружин, Александар Ружин пишуваше статуси на социјалните мрежи и објаснуваше како треба да оди вработувањето во државната администрација ужива во луксузни предмети и автомобили.

Часовник вреден 10 000 евра во својот имотен лист пријавил Александар Ружин, кој е член на надзорниот одбор на Јавното петпријатие за државни патишта. Синот на Нано Ружин, е веројатно носителот на јавна функција кој има пријавено најскап часовник. Покрај Ролексот Сабмаринер тој пријавил и накит вредени 300 000 евра.

Симптоматично е што помладиот Ружин постојано постира слики од луксузен џип од марката Порше, a во имотниот лист го навел само „скромното“ Ауди А3  кое е 200 000 денари поскапо од часовникот кој го има на рака.

Популарно