ФОТО: Ова е момчето кое почина во големи маки

Остоја Гагиќ загина на 29-години во Србија откако се тркал со своите другари со мотор, тие го прегазиле кога случајно загубил контрола и паднал и побегнале.

Несреќата се случила во саботата, а дошло до неа кога тој налетал на паркиран автомобил и загубил контрола, паднал од моторот, а го удриле по тоа уште два автомобили.

- Младото момче лежеше и едвај дишеше, сцената беше ужасна, го слушнав ударот и истрчав, вели сведок.

Трагедијата да биде поголема, го прегазиле другарите со кои се тркал, па побегнале.

Момчето починало и покрај напорите на Итната помош.

Почина познатиот македонски моторџија

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи.

– Почина Тони Шипка, човек кој имаше големо срце и беше голем другар. Тони беше член на LOWLANDERS MC MACEDONIA. Сочувство до семејството и клубот, до неговите пријатели и блиски. Ќе ни фалиш Тони! Почивај во Мир, стои во објавата.

Погребот ќе се одржи утре на гробиштата во Ѓорче Петров.

Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани

Педесет и деветгодишниот Усеин Р. од Кочани, кој во септември лани ѝ нанесе десетици убодни рани од нож на 46-годишната Танкица Младеновска од Кочани и ја уби, денеска е осуден на казна доживотен затвор. Тој се сомничеше дека на 25 септември лани, на свиреп начин ја лиши од живот Танкица, нанесувајќи ѝ многубројни убоди со нож. Таа почина на местото на настанот.

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за кривично дело – Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин, при што за сторителот е изречена казна – доживотен затвор.

Во обвинението, Основното јавно обвинителство Кочани го товареше обвинетиот и за кривично дело – Уцена кон истата оштетена, сторено пред убиството. Меѓутоа тоа дело обвинетиот не го призна, постапката е раздвоена и за тој дел од обвинението ќе продолжи судска постапка.

Платформата за родова еднаквост лани реагираше до Јавното обвинителство со барање ова убиство да биде квалификувано како фемицид при вршење на родово базирано насилство истакнувајќи дека институциите не го препознаваат родово базираното насилство, и овој случај го водат како убиство на свиреп начин.

-Случајот на фемицид, најтешкиот вид на родово базирано насилство, кога во Кочани жена беше избодена до смрт, иако претходно го пријавувала сторителот за уцена и барала заштита, Основното јавно обвинителство Кочани го квалификуваше како убиство на свиреп начин, со што се потврдува фактот дека институциите сѐ уште не го препознаваат родово базираното насилство. Основното јавно обвинителство Кочани донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело –Убиство според член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик, реагираа оттаму.

21-годишник тешко повреден откако излетал од коловозот

На 15.04.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на регионалниот пат Делчево – Берово, на место викано „Даштица“, атар на село Тработивиште-делчевско, патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од М.У.(21) од Делчево, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увид екипа од ОВР Делчево, соопшти МВР.

Популарно