Дали купувањето кондоми е фрлање пари?

И покрај тоа што  е  шармантен, секси и неодолив, ако партнерот одбива да стави кондом пред сексуален однос, најдобриот ваш избор е да му одолеете да искушението и да ја одложите интимната игра, особено ако се работи за партнер со кого не сте заедно долго време.

И покрај тоа што е јасно дека кондомите се најдобриот начин за заштита од инфекции, сексуално преносливи болести и несакана бременост, многу мажи пронаоѓаат најразлични изговори за да ја избегнат употребата на презерватив. „Скапи се“, „Го намалуваат задоволството“, „Ја уништуваат спонтаноста“, „Ќе излезам пред да свршам“... изговори колку и да сакате. Во една таква ситуација кога мажот одбива безбеден секс, останува на вас да застанете цврсто на ставот дека не треба да продолжите без заштита.

[Пар во кревет] Кондомите се најефективен метод за заштита од несакана бременост и СПБ

Еве кои се најчестите машки изговори за неупотребување на кондом, како и потенцијални одговори од ваша страна:

1 Тој: „Кондомите се скапи. Зошто да фрламе пари за ништо?“

Вие: „Тоа не се фрлени пари. Здравјето е поважно од сè и знам и дека не сме спремни за дете. Х денари не се ништо, а така ќе ми биде помирна главата и нема секогаш да паничам кога ќе ми доцни.“

Кондомите се многу поевтини од посетите на гинеколог за лекување на инфекција или болест, а уште поевтини од растењето на бебе. Наредниот пат кога ќе бидете излезени, напијте се една пијачка помалку и ќе заштедите доволно. Ако сепак финансиите се главниот проблем, искористете ги акциите кои се организираат, а за време на кои бесплатно се делат кондоми.

2 Тој: „Не ми веруваш дека немам болест? Здрав сум.“

Вие: „Не станува збор за доверба. Многу луѓе имаат инфекција или СПБ, а не се свесни за тоа бидејќи немаат симптоми. Освен тоа, не се работи само за болести. Бременоста исто така ме плаши.“

Ако вашиот партнер изгледа здрав, тоа не значи дека навистина не носи некоја инфекција. Кај 50% од мажите и над 70% од жените кои имаат хламидија не се појавуваат никакви симптоми и најголем дел од нив не знаат дека имаат таков проблем. Не заборавајте дека довербата не се гради со некористење на кондом. Кондомите отпаѓаат од игра дури откако ќе биде изградена силна доверба во врската. А и во тој случај, останува ризикот од несакана бременост.

3 Тој: „Со кондом ништо не чувствувам. Се губи задоволството.“ / „Кондомот ми влијае негативно на ерекцијата.“

Вие: „Кондомите се неопходно „зло“. И мене ми се уништува задоволството ако цело време размислувам дали ќе забременам. Со кондом ќе бидам порелаксирана и верувај дека и тебе ќе ти биде поубаво ако сум поопуштена.“

Денес постојат најразлични марки кои нудат кондоми со различни големини, дебелини, вкусови... Ако вашиот партнер се жали дека гумичката му го убива задоволството, побарајте ултра-тенки кондоми. Доколку вашиот партнер има проблем да ја одржи ерекцијата кога носи кондом, помогнете му со визуелна, рачна или орална стимулација. Бонус за мажите е што многумина со кондом издржуваат подолго и полесно можат да ја контролираат ејакулацијата, па сексуалниот однос трае подолго.

4 Тој: „Само еднаш. Ќе купам наредниот пат, ветувам.“

Вие: „Еднаш слатко, цел живот татко.“

Доволно е само еднаш да го прескокнете безбедниот секс за да станете родители или да добиете некоја инфекција. Не „паѓајте“ на изговорот „само еднаш и нема повеќе“.

5 Тој: „Кондомите ја убиваат спонтаноста и го уништуваат моментот.“

Вие: „Ставањето на кондомот не мора да е непријатно искуство. Ќе го направиме забавно.“

За да не се чувствувате „прекинати“, чувајте кондом на дофат на рака. Додека тој го става кондомот, вие можете да потанцувате пред него, да се допирате заводливо или да го бакнувате страсно. Така нема да гледате на ставањето на кондомот како на несексапилна активност.

6 Тој: „И онака може да пукне. Зошто да се мачиме?“

Вие: „И сепак, кондомите се најефективниот метод за заштита од бременост и СПБ и во најголем дел од случаите не се кинат ако се употребуваат правилно.“

7 Тој: „Не ни треба кондом. Ќе излезам пред да свршам.“

Вие: „Да, но јас цело време ќе бидам напната и нема целосно да можам да му се предадам на задоволството. Освен тоа, сигурно знаеш дека може да се забремени и од предсемената течност.“

8 Тој: „Кондомите ме стегаат.“

Вие: „Можеби не си навикнат. Ако ти е проблем, ќе пробаме со друга марка.“

Навистина, ако кондомот е мал, на вашиот партнер ќе му биде многу непријатно и тешко да ја одржи ерекцијата. Но, затоа денес има кондоми со различни модели и големини. Сепак, ова е машки изговор кој често не држи вода, бидејќи кондомите многу се растегнуваат.

Креативниот машки ум може да смисли најразлични изговори. Може да се случи да слушнете и:

„Алергичен сум на кондоми“ – ова е вистина само за мал процент од мажите, другите едноставно си ја пробуваат среќата.

„Ако ме сакаше и ми веруваше, немаше да ме принудуваш да ставам кондом.“

„Никој од моите другари не користи, па сè е ОК“ – туѓата неодговорност не треба да ви служи како изговор и вие да се однесувате ризично.

„Не си плодна во овој период од месецот.“

„Свршив пред да излезам, сега е безбедно.“

Не се срамете да разговарате со вашиот партнер за користењето заштита. Сепак, ако го разголувате своето тело пред него, значи сте доволно блиски за да можете да разговарате на таа тема. Тоа не е срамен, туку разумен разговор. Тоа значи дека вие се почитувате себеси и своето тело и дека сакате да останете заштитени и здрави.

Дневен хороскоп

Овен

Овни, ќе имате многу енергија да работите и да ги постигнете своите цели. Бидете отворени за нови идеи и соработка со колегите. Денеска вашата спонтаност и храброст ќе бидат клучни во вашиот љубовен живот. Можни се возбудувања и неочекувани пресврти. Физичката активност ќе ви донесе чувство на задоволство и рамнотежа. Обрнете внимание на исхраната.

Бик

Фокусирајте се на практични задачи и организација на работата. Поставете реални цели и работете трпеливо за да ги постигнете. Стабилноста е клучна за вашиот љубовен живот денес. Посветете се на партнерот и уживајте во заедничките моменти. Ви треба повеќе одмор и релаксација. Посветете се на хоби и активности кои ве исполнуваат.

Близнаци

Близнаци, креативноста ќе ви биде сојузник во бизнисот. Користете ги вашите идеи и иновации за да постигнете успех. Комуникацијата ќе биде клучна за вашиот љубовен живот. Бидете отворени и искрени со партнерот. Одржувајте ментална рамнотежа преку медитација или други техники за релаксација. Внимавајте на исхраната и внесот на течности.

Рак

Ракови, бидете внимателни со новите проекти и соработници. Внимавајте на деталите и бидете организирани. Емоционалното поврзување со партнерот ќе ви донесе голема радост. Посветете се на заеднички активности и разговори. Важно е да се грижите за вашето емоционално здравје. Разговарајте со саканите за вашите чувства.

Лав

Изразете ја вашата креативност и доверба во деловното опкружување. Бидете лидер во тимските проекти. Денеска вашата страст и ентузијазам ќе привлечат внимание. Уживајте во романтичните моменти со саканата личност. Физичката активност ќе ви донесе чувство на моќ и енергија. Јадете храна богата со витамини и минерали.

Девица

Организацијата е клучна за деловниот успех. Поставете приоритети и следете го вашиот работен план. Да се ​​биде аналитички може да ви помогне подобро да го разберете вашиот партнер. Бидете внимателни на нивните потреби и желби. Редовните здравствени проверки се важни. Внимавајте на исхраната и физичката активност.

Вага

Дипломатијата ќе ви помогне во деловните ситуации. Размислете за различни опции пред да донесете одлуки. Хармонијата и рамнотежата се клучни за вашиот љубовен живот денес. Посветете се на заеднички интереси и компромиси. Грижете се за вашето ментално здравје преку релаксација и разговор со саканите. Одржувајте рамнотежа помеѓу работата и одморот.

Скорпија

Скорпии, фокусирајте се на истражување и наоѓање скриени ресурси. Бидете трпеливи во остварувањето на деловните цели. Денеска во вашиот љубовен живот ќе биде присутен интензитетот. Бидете отворени за длабоки емоции и интимни моменти. Одржувајте емоционална рамнотежа преку медитација или други техники за релаксација. Внимавајте на вашите навики во исхраната.

Стрелец

Бидете подготвени за промени и нови предизвици во работата. Искористете ги можностите за учење и напредување. Отвореноста за нови искуства ќе го збогати вашиот љубовен живот. Размислете за авантури со вашиот партнер. Физичката активност во природа ќе ви донесе ментална и емоционална стабилност. Не заборавајте да имате диета со свежа храна.

Јарец

Јарци, посветете се на долгорочни цели и стратегии. Бидете дисциплинирани и упорни во остварувањето на вашите деловни планови. Стабилноста ќе биде клучна за вашиот љубовен живот. Покажете му на партнерот дека можете да бидете поддршка. Грижете се за вашите коски и зглобови преку редовна физичка активност. Ќе одржувате рамнотежа помеѓу работните обврски и одморот за да го зачувате вашето здравје.

Водолија

Иновативноста ќе ви помогне да се истакнете во деловното опкружување. Размислете за нови пристапи и технологии. Оригиналноста и неконвенционалноста ќе го збогатат вашиот љубовен живот. Бидете отворени за нови идеи и авантури со партнерот. Внимавајте на вашето ментално здравје преку дружење со пријателите и хобија кои ве исполнуваат.

Риби

Креативноста ќе ви донесе успех на работните места за кои е потребна имагинација. Бидете инспирирани и работете со страст. Интуицијата ќе биде важна во вашиот љубовен живот. Слушајте го своето срце и внимавајте на чувствата на партнерот. Грижете се за вашата емоционална состојба преку медитација. Одржувајте рамнотежа помеѓу деловните обврски и времето за релаксација.

Никол Кидман ги изненади фановите со промена на имиџот

Оскаровката Никол Кидман се пофали со својата промена на имиџот на својот инстаграм-профил.

56-годишната актерка ја покажа својата нова боб-фризура заменувајќи ги препознатливите долги кадрици.

Обожавателите во коментарите го пофалија нејзиниот нов изглед, а многумина напишаа дека актерката изгледа помладо.

„Безвременски“, „Ја сакам твојата коса“, „Време беше“, „Изгледаш фантастично“, се дел од коментарите.

Сепак, имаше и такви што беа разочарани од новата фризура.

„Каде ти се локните?“, „Извини, но воопшто не личиш на себе“, „Никогаш не би помислил дека ова е Никол“, напишале тие.

Реквизитот од филмот „Титаник“ продаден за 718.000 долари

За познатата сцена од филмот „Титаник“, се води дебата меѓу обожавателите дали дрвената врата била доволно голема да на неа легне Џек, и така да се спаси од ледената смрт.

Дрвениот дел, кој и овозможи на Роуз да го преживее бродоломот, беше продаден на аукција за 718.750 долари.

Оваа разгорена дискусија се одвива уште од периодот кога филмот беше премиерно прикажан во 1997 година.

Во филмот, Џек (игран од Леонардо ди Каприо) вели дека таблата – дел од рамката на вратата – е доволно голема само за жената која ја сака, Роуз (играна од Кејт Винслет). Потоа, Џек умира во ледениот Атлантски океан, а неговото тело потонува на дното.

Во епизодата на телевизиската емисија „Разоткривање на митови“ од 2012 година, режисерот на „Титаник“, Џејмс Камерон, откри дека добива десетици мејлови во кои се тврди дека Роуз е „себична“, а Џек е „идиот“ поради оваа сцена. Камерон, меѓутоа, ја заврши дискусијата со забелешка дека според сценариото, Џек мораше да умре. „Можеби малку згрешивме со пропорциите и можеби таблата требаше да биде малку помала, но момчето мораше да потоне“, додаде тој.

Реквизитот, кој често се смета за врата, е направен според парче од останките на вистинскиот Титаник, откриен по неговата трагедија во 1912 година. Според аукциската куќа Heritage Auctions, реквизитот е приближно 2,4 метри долг и 1 метар широк.

Оваа продажба на реквизити и костими, која заврши во неделата, вклучуваше предмети како костимот на Спајдермен кој го носеше Тоби Мегваер (125.000$), секирата од филмот The Shining (125.000$), како и познатиот камшик на Индијана Џонс (525.000$) вкупно вредни 15,48 милиони долари.

Популарно