Искрена исповед на Ирина: Во Македонија немав пари, ама имав мирен живот и бев насмеана

Пред нешто помалку од една деценија побегнавме од Балкан, како и многу други во потрага по подобар живот. Иако сопругот ме убедуваше дека таму не е баш место за мене, цврсто бев убедена дека сакам да одам таму. Не можев да разберам за што зборува.

Додека сите сакаат да се иселат од тука и да пронајдат подобар живот некаде во странство, на Ирина и се случува нешто сосема поинакво. Си ја сака родната земја и слободата на животот тука. Кога кажувам дека од Канада сакам да се вратам во Македонија, луѓето ме гледаат чудно и не ми веруваат.

На своето прво летање преку океанот воопшто и не се сеќавам, бидејќи испив секаква можна таблета за спиење, за летот да помине што побрзо. Се сеќавам само на турбулентното слетување и слики од канадски прерии, од кои се ми се превртуваше во желудникот, дури и од птичја перспектива.

Сфатив дека веќе се наоѓам многу километри далеку од сите. Од својот живот, кој го градев 27 години. Прво што приметив на улиците е дека се константно празни. Нема луѓе, но има автомобили…

Опсесијата со храна е болест. Тоа најубаво се гледа во Канада. Од мали нозе децата ги учат да бидат индивидуалци, па кога ќе дојдат до одредени години, не им останува ништо друго, туку само да јадат. Најевтина забава… Дружењето е многу површно. Ретко до сега сме забележале деца како си играат некаде. Ќе видиш мајки со деца во парк, но секое на своја страна. Никој со никого не зборува, не се држи…

Постепено сфаќав дека канаѓаните немаат вистински пријатели. Тие се интерни ѕверови, живеат од денеска за утре, чекајќи еден ден да умрат. Куќа- дом-соба-кревет, додека се мали, а куќа-работа-телевизор-кревет, во повозрасни години. Патувањата се прескапи, и малку од нив можат тоа да си го дозволат. Но, затоа гардеробата “made in China” им е секогаш достапна.

Но, никогаш од нив нема да слушнеш како први ќе се пожалат од својата држава. Но, кога јас ќе почнам да зборувам за висината на порезот и трошоците за живот, тие сите се незадоволни. Се копаат во долгови и не можат да мрднат никаде од својата хипотека и празните кредитни картички.

Да, и тука има мајки кои немаат доволно пари за да платат забар за своите деца. А јасно е и зошто. За чистење на кариес на четири заби, на четиригодишно дете, дадовме 3.200 долари… Станард е само голема куќа и автомобил и тоа на кредит. За се друго, се, со празни џебови.

За да отидеш на лекар, мораш да чекаш со месеци… За ставање пломба на заб на возрасен човек чини околу 700 долари, за имплант повеѓу 5 и 15.000 долари. Просечна годишна плата во Канада е околу 50.000 долари. Порез за куќа е околу 4.000 долари годишно.

Мултикултурноста им е голем проблем. Не се поднесува никој со никого. Сите сме ние таму, а суштински живееме во својата матична земја. Надвор минус 40 степени. А снег колку сакаш. И копање и чистење секое утро, една иста приказна.

Рестораните без луѓе, а и улиците пусти. Во главниот град на Канада, каде и живеам, летна програма на некој измислен плоштад, веќе седма година по ред ја потполнува еден ист акробат…

Слобода како во Македонија? Ни на сон… Да можеш гласно да се изнасмееш и на среде улица? Не ни помислувај. Да седнеш барем еднаш во неделата во ресторан на ручек? Па после ќе бидеш просјак до наредната плата… Ај моја Македонијо. Едвај побегнав од тебе. Сакав нешто ново, поубаво…

Сакав опуштен живот. Во Македонија да, немав пари, ама имав мирен живот. Имав слобода. Децата се други. Луѓето се сиромашни, ама насмеани.

„Најубава станбена зграда во светот“ се наоѓа во Хрватска

Објектот е изграден во 2021 година, а вкупната негова квадратура е 1.969 квадратни метри. Главен белег на поголемите апартмани се кујните на предната страна, коишто може да се користат како трпезарии. Становите се прилично светли и имаат нетипично богат просторен стандард за современото домување, се наведува во описот.

Приземјето е малку повисоко од станбените катови и е целосно застаклено, поделено со врати, што му дава достоинство на јавен простор. На истото приземје, има и пекара и кафуле споени едно до друго. 

Почина млада српска пејачка

Српската пејачка Хариета Симиќ, позната под прекарот Харина, почина од рак на 13 април во Смедерево, во болница, на 41-годишна возраст. 

Пејачката за страшната дијагноза дознала пред две години, а бидејќи ракот веќе се проширил, и биле отстранети двете дојки и почнала со хемотерапија.

Хариета на својот Инстаграм профил неодамна раскажа за својата тешка судбина и ги замоли сите луѓе со добра волја да ѝ помогнат преку Инстаграм доколку имаат можност.

По операцијата кога ми ја отстранија дојката, одев на хемотерапии и ми рекоа дека сум здрава, меѓутоа, само два месеци подоцна отидов на контрола и докторката ми најде метастази на вратот – раскажала тогаш Хариета, која по операцијата почнала да добива различни симптоми, почнала да кашла и добила антибиотици.

– Ништо не ми помогна, а потоа отидов на снимање на белите дробови и открија дека имам метастази насекаде по белите дробови. Се чувствувам како да имам еден тон на градите, тешко дишам – раскажала пејачката.

Нејзиниот сопруг ја напуштил седум дена по операцијата. И рекол дека има нова жена и дека со неа ќе се венча.

Над 400 приватни специјализанти стапија во штрајк

Над 400 приватни специјализанти изутринава стапија во генерален штрајк и не ги извршуваат работните обврски на скопските клиники и останатите болници и амбуланти низ државава. Тие бараат зголемување на надоместот што им се исплаќа  во изнес од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, здравствено осигурување, како и решавање на статусот што сега им е со договор на дело. Штрајкот ќе го прекинат, како што најавија, само доколку добијат писмена гаранција за исполнување на барањата. 

- За жал, се решивме на овој чекор бидејќи Министерството за здравство нема слух за решавање на нашите проблеми,  изјави доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина, трета година. 

Таа потсети дека по протестот во март, имале средба со министерот за здравство на која им било ветено дека нивните барања ќе се најдат на седница на Влада., но  дека засега немаат никаков одговор. 

Како што соопшти Илиоска Чешлароска, добиле повик од претставник во Министерството за здравство и им било кажано дека денеска во 14 часот  ќе се одржи средба во Влада.

-Петмина наши претставници ќе бидат на таа средба, но, немаме информација кој се ќе присуствува и дали ќе бидат прифатени нашите барања. Штрајкот продолжува, се додека не добиеме писмена официјална гаранција дека барањата ќе бидат исполнети, нагласи Илиоска Чешлароска.

Тамара Пејоска, специјализант на пластична и реконструктивна хирургија, прва година, рече дека работно максимално се посветуваат, а се ставени во разочарувачка деградирачка позиција. На протестот беше нагласено и дискриминирањето при остварување на мајчинство и породилно отсуство, бидејќи тогаш се укинува надоместот. Сите овие луѓе, беше кажано на протестот, имаат желба да останат во државата, да работат и да се грижат за пациентите.

Популарно