ФОТО: Голем пожар беснее на Скопска Црна Гора

Големиот пожар кој избувна попладнево во Скопска Црна Гора, беснее и вечерва. Црн чад и оган може да се забележат и вечерва од планината.

Густите облаци чад се гледаат и од централното градско подрачје.

Вака изгледа пожарот од Скопје

Испратено од Коце

ВИДЕО: Бањање во Велешко Езеро сред зима!

YuoTube е се популарен во Македонија, а нови јутјубери има речиси секој ден. Секако, успеваат само најдобрите и најупорните, а дечкиве се тргнати во тој правец. Сепак, цената за популарноста на YouTube некогаш е „солена“. Како на пример, пливање во Велешко Езеро на 10ти Март.

Иако сонцето може да лаже, надвор е сеуште зима!

Испратено од Мако Росс

ФОТО: Млад скопјанец делеша рози на непознати дами бидејќи не може да израдува својата мајка

Никола Славковски младото момче кое минатата година делеше рози, и оваа година ги изненади припадничките на понежниот пол.

Бидејќи неговата мајка за жал е прерано почината и неможе да ја израдува, тој со помош на својот братучед Христијан Тихомировски шеташе низ центарот на главниот град и делеше свежи каранфили, но и вештачки рози со јасна порака дека: Љубовта кон нив ќе престане тогаш кога оваа роза ќе овене!

Испратено од Мако Рос

Популарно