Како и зошто го славиме Божик?

Православните христијани во Македонија денеска го слават Рождеството Христово-Божиќ. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат божикни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи литургија на Св.Василиј Велики.

По повод Божиќ, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упатија Божикно послание во кое им пожелуваат мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со величествениот торжествен поздрав – Христос се роди! во кое се вели:

Возљубени чеда во Господа, многубројни се тајните преку кои Бог се грижи за светот и човекот. Преку тие тајни созданието се облагодатува и воздигнува и е во единство со Бога. Нив Бог ги објавил и преку Црквата ги оставил заради спасение на човечкиот род. А најголема тајна во исто­ри­јата на светот и човекот е таа дека – Бог се јави во тело, дека Бог постана – Бого­човек.

Токму празникот Рождество Христово е денот во кој се исполни таа најголема тајна, ветена од Бога – денот без кој ќе беше невозможно спасе­нието на човечкиот род. Овој празник е денот на исполнетото време, на остварените пророштва и очекувања, празник – матица на сите празници. Без Рождеството немаше да го има Воскресението, но и без Воскресението немаше да се исполни Божјото вочовечување. Затоа Божик е празник на небоземната радост – денот кога сите битија Го слават Бога и се радуваат на спасоносниот настан!

Тој е највеличествениот ден, денот на неповторливата радост за севкупното создание: анге­лите го објавија спасоносното рождество на Синот Божји и Му прине­соа славословие; не­бесата – со бол­скотот на ѕвездата Му се покло­ни на Царот над царевите, а земјата Му дари пештера; муд­реците од Исток и пастирите од Витлеем со радост Го просла­вија и Го даруваа Богомладенецот, а човечката при­рода Му ја дару­ва Пречистата Богородица – Неговата Мајка. Затоа, нашиот свети Климент, Охридскиот Чудотворец, така поучува: „Милостивиот Господ Бог наш…, Кој се облече во нашето тело сакајќи да го обожи со Своето Божество, денес се раѓа од чиста Дева и како дете се повива во пелени… и во јасли како сиромав човек се положува”.

Возљубени празникољупци, празникот на Христовото рождество е празник на богославењето, празник на мирот и на добрата волја. Тој е денот кога, според предвечната одлука, се родил Најкрот­киот и Нај­сми­рениот, денот во кој Бог му дарува мир на сиот свет. Тој е денот кога луѓето, кои во себе Го носат Христа Миротво­рецот, се придружуваат на светоангелската пес­на: Слава на Бога во висините, а на земјата мир, меѓу луѓето добра вол­ја.

Свети Јован Златоуст, објаснувајќи ги значењето и улогата на мирот, истакнува: „Мирот е мајка на сите добрини, темел на секоја радост и извор на сека­ков успех”. А ние ќе се покажеме како вистински христијани и миротворци – само ако мирот Божји владее во срцата наши и доколку градиме и го чуваме мирот, и во себе и околу нас. Таму каде што нема вистински мир со Бога, таму нема ни мир ни добра волја меѓу луѓето. Затоа, на овој ден, но и во сите денови од нашиот живот, за миг да се пренесеме во витлеемската пештера – која е симбол на Божјото смирение и на Божјата љубов, и да твориме и возвраќаме со богољубие и со човекољубие. Всушност, колку повеќе растеме, живеејќи ја верата во Бога, толку повеќе ќе имаме љубов и кон Него и кон луѓето!

Меѓутоа, во какви меѓучовечки и меѓународни односи живееме денес, како сѐ уште да не е слушната ангелската песна, како да не е разбрана пораката за мир на земјата и како да не допрел повикот за добра волја меѓу луѓето. Денес многумина зборуваат за мир, а сѐ повеќе тежнеат кон војна, зборуваат за благосостојба, а сејат кризи меѓу земјите и народите. Па има ли денешнава генерација морални и мудри луѓе, кои човештвото ќе го насочат кон искрено и вистинско човекољубие? Има ли денешново човештво пастири, кои народите ќе ги упатат по патот на вистината и животот? И има ли некаде, па и меѓу нас, слични на оние витлеемци, кои во срцата и душите свои ќе најдат место и ќе Му подарат пештера на Господа? Конечно, ќе го најде ли современото човештво вистинскиот пат, патот на мирот Божји што надвишува секој ум, или, пак, ќе продолжи кон бездната на злото и гревот, кон раздори и војни?!

Возљубени чеда во Христа Спасителот, личноста на Богомладенецот, никогаш не му била попотребна на човечкиот род и на светот како денес. Тој прекрасен небесен Гостин дојде меѓу нас луѓето, за да влезе под покривот на нашите души, да почука на вратата од нашите срца и да влезе во секој дом. Бог постана Богочовек, за човекот да тргне по патот кој води кон Него, да ги разбере вистината, правдата и љубовта и вистински да живее според заповедите и законот Божји. И ова наше време е вистинско време за конечно да го најдеме и да тргнеме по патот Господов. А тоа ќе можеме да го направиме само доколку најпрво се помириме со Бога, потоа со самите себе и со сите околу нас. „Со ништо не можеме толку да Го подражаваме Христа, како со грижата за ближните“, вели свети Јован Златоуст. Тоа ќе го направиме ако вистински се покаеме за нашите гревови, ако стариот грешен човек го замениме со нов – охристовен и облагодатен. А токму во личноста на Господ Исус Христос даден ни е пример и во Него имаме образец как­ви треба да бидеме. Преку Него ни се даде можност како да се преобразиме во нов човек, како да Го придобиеме Светиот Дух и како духовно да се издигнеме.

Возљубени во Господа, патот кон вечниот живот, води преку нашата борба со гревот. Секој грев оддалечува од Бога, па, затоа, пот­реб­но е да се спротивставуваме на секое зло, трудејќи се преку вера и добри дела да ја возоб­новиме заедницата со нашиот Создател. Бог го очекува нашето поправање, очекува да го отфрлиме гревот, па преку покајанието духовно да се препородуваме и воздигнуваме. Бог постојано чука на дверите од нашите срца и ни порачува: pо примерот на Светиот кој ве повика, и вие бидете свети во сите ваши постапки. Зашто „не постои грев од кој не можеме да се поправиме преку покајанието…“. „Покајанието е лекарство кое го уништува гревот; тоа е небесен дар, чудес­на сила… Тоа сѐ поправа и сѐ пре­обра­зува! Тоа не го одбегнува и не го осудува грешникот, туку го преобразува, затоа што тоа лекува од сите гревови”.

Господ Исус Христос ни порачал: Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бога. Па, само со такви, охристовени срца, ќе можеме да постанеме вистински благовесници на мирот и љубовта, трудејќи се да го запазиме единството на Духот преку врските на мирот и тежнејќи кон заемно обединување со сите богољубиви и човекољубиви луѓе и народи. Впрочем, „на Бога се уподобуваме тогаш кога постапуваме во согласност со вистината, кога сме човекољубиви, кога покажуваме милосрдие кон ближните и кога сме исполнети со добродетели“.

Возљубени чеда на мајката Македонска Црква, во годината во која зачекоруваме, ќе одбележиме некои годишнини за настани и личности од нашето поблиско и подалечно минато, меѓу кои: 1150 години од упокојувањето на сесловенскиот просветител и рамноапостол, свети Кирил Солунски; 700 години од живописувањето на манастирот Зрзе; 200 години од раѓањето на Дичо Зограф; 60 години од хиротонијата на блаженоупокоените епископи, Преспанско-битолскиот Климент и Злетовско-струмичкиот Наум – членови на првиот Синод на возобновената Охридска архиепископија во лицето на Македонската православна црква…

Веќе 2000 години чекориме по нашата богоблагословена земја и ја следиме ѕвездата од Исток. Како чеда на Македонската православната црква, повикани сме да учествуваме во сеопштата Божикна радост со сите благочестиви христијани ширум светот. Без разлика каде и да живееме, во татковината или населени по светот, треба да ги примиме спасоносните пораки и да бидеме градители на мирот и добрата волја. И оваа наша генерација треба да се угледа на доблесните наши татковци и дедовци и да покаже достојна грижа за националните вредности и посебности што како народ ни се дарувани од Бога и оставени како аманет од нашите претходници. Да си ги чуваме верата православна и Црквата Светиклиментова, нашето духовно и национално единство, како и нашата татковина Македонија – за и тие да нѐ зачуваат нас. Амин! Честит Божик и од Бога благословено Новото лето Господово! Христос се роди!, стои во Божикното послание на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА.

Како и зошто го славиме Божик?

На Божик се сеќаваме на Христовото раѓање. Го славиме Господа Исуса Христа. Го славиме Неговиот роденден.

Бог постанал човек. Бог дошол на земјава. Христос е Син Божји Којшто е роден како човек од Дева Марија. Он е во сè еднаков со нас луѓето, освен во гревот – нема грев, безгрешен е.

Каде се родил Исус и зошто?

Една ноќ, во градот Витлеем – во пештера, се родил Господ Исус Христос.

Он е Спасител. Дошол за да нè спаси. Дошол за да можеме ние да бидеме како Него во своите животи. Да бидеме добри, како што е добар Бог – добри секогаш, со секого и секаде.

Раѓањето на Господ Исус Христос

Богородица живеела со Јосиф во Назарет. Таа година, дошла наредба од римскиот цар Август да се изврши попис на населението. Според законот за пописот, требало секој да отиде во родното место на неговите родители и дедовци, од каде што потекнувал, и таму да се попише. Потеклото на Јосиф и Марија било од Витлеем, од родното место на царот Давид, бидејќи и тие биле од неговиот род.

Уште во Назарет Јосиф знаел дека Марија ќе постане мајка. Нему му се јавил ангел Господов и му кажал дека зачнатото во неа е од Светиот Дух. Му го кажал и тоа дека таа ќе роди Син и му рекол: – Ќе Му ставиш име Исус, што значи Спасител, бидејќи Он ќе го спаси народот.

Сето тоа било предвидено и претскажано со векови порано. Во Библијата било запишано тоа што го рекол пророкот Исаија и се исполнило. А тој рекол: И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе Го наречат Емануил – што значи: со нас е Бог!

Тие тргнале кон Витлеем. Патот бил долг и тежок. Многуброен народ одел кон царскиот град – кон градот Давидов. Кога стигнале таму, веќе немало место каде да ноќеваат. Затоа се сместиле во една пештера, близу до градот. Таму пастирите, во невреме, ги засолнувале своите стада.

Во таа ноќ се случил најзначајниот настан во животот на човештвото. Таа света ноќ, пресветата Дева Марија Го роди Богочовекот, Спасителот на светот, Го роди Христа Господа. Таму, в пештера, Го роди Богомладенецот. Самата Го пови и Го стави во јаслите, како во лулка. А таму се става храната – слама или сено, за да се нахранат кравата, магаренцето, јагнето. Синот Божји не се роди во царска палата, туку во пештера.

Кој прв ја дозна веста за раѓањето?

Пораката до пастирите ја открива важноста на Христовото раѓање за сите луѓе

Ноќта таму, на падините крај пештерата, пастирите ги чувале своите стада. Наеднаш, ги осветлила силна небесна светлина и ангел Божји им рекол: Ви соопштувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе; зашто денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, Кој е Христос Господ.

Потоа, веднаш, на небеската бесконечност се појавиле безброј ангели и сите, гласно, како најдобар хор запеале:

Слава на Бога во висините,

а на земјата мир

и меѓу луѓето добра волја!

Во овие три пораки е содржана целата порака за спасение на луѓето:

1. Слава на Бога во висините, значи: Бог не е од овој свет и не Го барајте Бога меѓу созданијата. Ништо одовде и никого не обожувајте (а до доаѓањето на Христа, луѓето сметале дека се богови некои природни појави, па имале „богови“ животни од сите видови и „богови“ луѓе). Бог е дух и во духовните сфери, во висините. Тој Бог прославувајте Го, а не лажните богови. Имајте вистинска вера во вистинскиот Бог, за да се спасите!

2. А на земјата мир градете со сите и со сè. Прво, бидете во мир со себеси, внатре имајте мир, бидете смирени, а не вознемирени; а потоа, ширете го тој мир, па бидете во мир и со природата и не се однесувајте како злосторници кон неа, оти од неа живееме; и трето, бидете во мир со луѓето, за да бидете измирени и со Бога и да има мир на земјава.

3. И тогаш, меѓу луѓето ќе има постојано добра волја – секој секому ќе му прави добро. Тоа е почеток на рајот на земјава. Такво е спасението. Само толку е потребно!

Пастирите – први очевидци и први гости кај Господа

Пастирите, не чекале многу. Светлината ја виделе и гласот го чуле. Разбрале сè. Сè им било јасно. Во нивната пештера се случило најважното чудо Божјо – Бог станал Човек. Бог дошол на земјава, меѓу нас луѓето, за да биде со нас, та и ние да бидеме со Бога.

Пастирите први отишле кај Господа. Отрчале во пештерата и таму Го нашле Спасителот. Му се поклониле. Тие биле први посетители – првите Негови гости.

Гледате, за Христа не дознале први големите и силните од овој свет, туку безначајните пастири. Зошто? Затоа што тие биле луѓе смирени и кротки, луѓе со добра душа и со чисто срце. Таквите ќе Го видат Бога!

Потоа, тие кажувале на секого и секаде, за тоа што го виделе и чуле.

Истрајноста на мудреците да Го најдат новородениот Спасител.

Но, не биле само пастирите што посакале да Го видат Господа. И други луѓе, од далечни земји, добиле знак за раѓањето на Спасителот на светот, и веднаш тргнале да Го видат Бога. Од далечниот Исток, пристигнале тројца мудреци коишто на небото забележале нова и многу сјајна ѕвезда. Тие биле многу учени луѓе – мудреци, важни научници и проучувачи на пројавите на земајава и на небото. Луѓе што ги проучувале и ѕвездите на небото. На тој начин дознаеле дека една необична ѕвезда го најавила раѓањето на Спасителот. И не чекале, туку тргнале по ѕвездата, од нивната далечна земја – од Персија и дошле да Му се поклонат на Богомладенецот. Ѕвездата ги водела до таму: таа светела и дење и ноќе и ги довела до пештерата. Тројцата мудреци Му подариле на Господа три дара: злато – како на Цар; ливан (темјан) – како Бог и смирна – како човек, Којшто ќе пострада и ќе умре на крст, заради нас и заради нашето спесение.

Ѕвездата значи дека Христос е светлина на светот. Светлина којашто никогаш нема да престане.

Радост заради Божјата близина

Како што тогаш се радувале пастирите, мудреците и сите луѓе, затоа што се родил Спасителот на светот, така и ние се радуваме секој Бадник и Божиќ, прославувајќи го Христовото раѓање. Тоа е празник на целото христијанско семејство. На Бадник сите заедно вечераме, а утредента – на Божик, одиме в црква. Најмногу се радуваат децата, со најискрена радост за новороденото Дете – Богомладенецот Христос. И Бог најмногу ги сака децата, бидејќи се најчисти и безгрешни. Затоа рекол дека треба да станеме како деца, за да влеземе во царството небесно, а децата се: добри, незлобиви, радосни, чесни, чисти и полни со љубов. Тоа ја прави голема Божикната радост во семејствата.

Честит Божиќ и од Бога благословено Новото Лето Господово.

Христос се роди! Вистина се роди!

Од утре почнува најстрогиот пост - Трае 48 дена, од Прочка до Велигден

По Прочка, почнува Велигденскиот пост посветен за подготовка и во чест и спомен на Воскресението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.

Имиња на постот

Тоа е пост со повеќе имиња – повеќеимен пост. Се нарекува:

Велигденски пост – затоа што завршува на Велигден и значи подготовка за Празникот.

Воскресенски пост – заради празникот на Христовото воскресение.

Пасхален пост – бидејќи е пост пред Пасха, како што се нарекува Велигден – Новата Пасха или Новозаветна Пасха.

Велики пост – заради големото значење на постот и на празникот Велигден.

Четириесетница – Велика или Света Четириесетница – затоа што трае четириесет дена (од Чист понеделник до Лазарова сабота). И Господ Исус Христос постел 40 дена (Матеј 4,2; Лука 4,2).

Чесен пост – бидејќи го опфаќа времето на Христовото распнување на Чесниот крст.

Најдолг пост – според должината на постењето. Тоа е најдолгиот пост.

Најголем пост – според важноста, во однос на другите повеќедневни пости.

Најстрог пост – меѓу останатите постења – најстрог според исхраната и воздржувањето, а и според богослужбите.

Историјат

Првпат Велигденски пост или пост за Велигден се спомнува на крајот од II век. Тој траел само три дена, вели свети Иринеј Лионски (+202г.) и сите го постеле. Така се постело во III век, во „спомен на Христовите страдања“, вели и Тертулијан (+220г.).

Кон крајот на III век, во Сирија се спомнува Велигденски пост којшто траел една седмица.

А во средината на IV век, веќе се спомнува Велигденски пост од 40 дена. За тоа пишува историчарот Евсевиј Кесариски (+340г.) и свети Атанасиј Велики (+373г.) во Велигденските посланија.

Дури во V век е оформен сегашниов Велигденски пост – Велика Четириесетница.

Времетраење на постот

Велигденскиот пост опфаќа 7 недели, односно 7 седмици. Трае 48 дена, од Прочка до Велигден. Тогаш, зошто се нарекува Четириесетница? Затоа што по 40 дена од постот, продолжува последната седмица пред Велигден, дополнителен строг пост, заради деновите на предавството, страдањата, распнувањето на крстот и погребението на Господа Исуса Христа. Таа се нарекува Страдална или Страстна седмица.

Севкупно Велигденскиот пост ги опфаќа Четириесетницата и Страстната седмица.

Велигденскиот пост нема свој постојан датум, туку зависи од определениот датум на Велигден. Тој е негова претходница и подготовка.

Првата недела на постот се вика Недела на Православието. Втората е Недела на свети Григориј Палама. Третата е Крстопоклона – Недела на Чесниот Крст, кога вернициите се поклонуваат и го целивааат изнесениот крст на богослужбата. Четвртата е на свети Јован Лествичник и во неа се преминува средината на постот. Петтата е на света Марија Египќанка. Шестата седмица е Цветна (Цветници), наречена така според цвеќето и зелените гранчиња што ги фрлале децата и луѓето пред Христа при Неговото влегување во Ерусалим. Седмата е последна седмица пред Велигден, наречена Страдална, Страстна или Велика недела.

Веќе се најавува блискоста на Велигден. Деновите во таа седмица се именуваат како Велики: Од Велики понеделник, до Велика сабота. Секој ден е поврзан со настаните од последните дни на Господа Исус Христос. Особено се значајни последните три дена:

Велики четврток, кога бил фатен по Тајната вечера.

Велики петок, кога бил суден, тепан, мачен, распнат, умрел и бил погребан. Единствено тогаш пред луѓето се изнесува Плаштеницата со која било обвиткано и погребано Христовото тело.

Велика сабота е последниот ден и последната подготовка за Празникот над празниците, а Христос е во гробот од каде ќе воскресне.

Причина и цел на постот

Велигденскиот пост започнал од две причини и со две цели:

1. Да се подготват оние што требало да бидат крстени на Велигден, а кои во текот на постот биле поучувани во верата и во христијанскиот живот и биле огласени за крштение.

2. Крстените, пак, да се подготват за Велигден – за Воскресението Христово, за Празникот што претставува основа на верата. Христијанската вера е вера во воскресението. Тоа му дава смисла и цел на христијанскиот живот.

А Велигден е празник на Воскресението и на Животот. Нова Пасха. Премин од привременото во вечното живеење. Тие што се со Христа овде, ќе бидат со Него и во вечноста.

Постот е време на соединување со Бога – Причестување, Заедничарење, Благодарење – Евхаристија.

Начин на постење и исхрана

Постот е како човекот: телесен и духовен. Со две природи: за телото и за душата. Постиме од гревовноста и од мрсноста.

Се пости на вода, освен во сабота и недела, кога се дозволува масло (зејтин) и вино. Масло и вино се допушта и на празниците: Упокоение на свети Кирил Солунски, Наоѓање на главата на свети Јован Крстител, свети Агатангел Битолски, Младенци Собор на свети архангел Гаврил, света Лидија Македонска, Упокение на свети Методиј Солунски и на храмов или домашен празник. Масло се допушта и на „преполовение“ на постот и на Велики Четврток заради Тајната вечера.

Риба се јаде само на Благовец и на Цветници. На Лазарева сабота се јаде икра.

Првите три дана – тримери (понеделник, вторник и среда) не јадат ништо, оние што доброволно одлучиле да не јадат, а не е обврска за сите. Таквите, во средата, по Литургијата, најпрво вкусуваат една лажичка светена вода на Водици (агјазма), а потоа Причест.

Велигденскиот пост е најстрогата форма на постење. А постот значи воздржување телесно и духовно: воздржување од мрсна храна и од гревовност. Во постот ние му даваме предност и поткрепа на духовното пред телесното. Тоа е време за повеќе молитва и за повеќе добри дела. Време за откажување од гревот и за покајание.

Во Велигденскиот пост не се прават свадби, ниту се дозволува венчавање.

Телесниот пост значи во сите дни воздржување од месо, млеко, јајца и производи со нив, односно од сè што содржи месо, млеко и јајца, а во одредените денови, воздржување и од масло и од вино. Храната доминантно е од растително потекло.

Иако, само во сабота и недела е дозволена храна со масло (зејтин), а во другите денови без масло, сепак, има и ублажување на постот, кога е тоа потребно. Ако е човекот болен, слаб и немоќен, може да добие благослов, да пости со зејтин, млеко и риба. Тоа се однесува и на малите деца до 7 години, но и на длабоката старост, како и за луѓето во посебни услови и состојби, како што се болестите, затворите, армијата, војните, бремените, леунките, доилките, патниците и сл.

Во таквите случаи постот може да се ублажи. Благословот за тоа се добива од православен свештенослужител. Од постот не се ослободува, туку тој се олеснува. Никако не се допушта месо.

Светите отци постот го нарекуваат мајка на здравјето, а и современиот начин на исхрана сè повеќе му придава значење на постот, односно на откажувањето од храната со животинско потекло.

Постот е потреба и за телесното и за духовното здравје. И најважно, постот не е само воздржување и одрекување од храна, туку е важен и духовниот пост – одрекувањето и воздржувањето од секое зло и грев. Во тие дни треба да се испитаме себеси, да се воздржиме од лошите мисли, зборови и дела, да се покаеме и да се исповедаме. Да се измириме и да се очистиме. Духовно да се зајакнеме и да се збогатиме. Да правиме добри дела и да покажеме љубов кон Бога и кон луѓето.

Од телесниот пост може да бидеме и ослободени, но од духовниот пост – никако и никој, од никого, па дури ни ангел од небото не може да нè ослободи.

Свети Јован Златоуст вели: „Кога ќе слушнете за постот не плашете се од него. Тој не е страшен за нас, туку за лошите духови.“

Затоа и Исус Христос рекол: „Овој род се истерува само со пост и со молитва“ (Матеј 17, 21).

Постот на Страстната седмица

Велигденскиот пост завршува пред Страстната седмица која се издвојува во посебна седмица на страданијата. Постот, според поставениот ред, ги завршува своите 40 дена во петокот пред Лазарева сабота (во VI седмица).

Тие последни денови пред Велигден се поминуваат во строго постење, според зборовите на Господ Исус Христос, којшто рекол: „Но, ќе дојдат дни, кога ќе се оддели од нив младоженецот и тогаш, во тие дни, ќе постат“ (Лука 5,35; Марко 2,19-20; Матеј 9,15).

Апостолските правила, Велигденскиот пост го нарекуваат Велика/Голема Четириесетница на која се надоврзува Страстната седмица, постејќи со страв и трепет.

„Четириесетница е до седумте дена пред Пасха. Потоа, шесте дни до Пасха целиот народ ги поминува во сувојадење“, вели свети Епифаниј Кипарски.

На Велики Четврток, се јаде еднаш дневно и тоа по завршувањето на Светата Литургија.

На Велики Петoк, по своја волја, некои верници не јадат ништо до зајдисонце.

Велика Сабота е единствената сабота во која се пости со пост на вода, а оние што можат, остануваат цел ден на суво јадење.

Богослужбениот живот во постот

Богослужението во Велигденскиот пост е различно од секојдневното, вон постот. Тие дни се денови на пост, покајание и проштевање. Богослужбите не се свечени, раскошни и славни. Свештениците се облечени во темни и црни одежди.

Се прават поклони со наведнување на главата до појасот – мали (допојасни) поклони, кога со десната рака ја допираш земјата или големи поклони кога се наведнува главата до земја (доземни поклони) на колена. На богослужбите има многу читање, а не само пеење, како обично.

Секојдневниот богослужен ред е подолг од вообичаеното. Сите служби во текот на денот се збогатени со дополнителни молитви за покајание и со повеќе метании – поклони до земја.

Секоја среда и петок се служи Литургија на предосветените дарови, напишана Литургија од свети Григориј Двоеслов, папа Римски. Таа се служи за да можат верниците почесто да се причестуваат во постот.

Секој петок попладне, во црква се чита Акатист на Пресвета Богородица, а оној што не може да појде в црква, може да го прочита Акатистот и дома, но подобро е в црква.

Во саботите и неделите не се прават поклони до земја и се служи Литургија на свети Василиј Велики.

Последната недела пред Страстната седмица, Неделата Цветна (на Цветници), се служи Златоустова литургија.

Секој ден од Страстната седмица се служи Литургија, освен на Велики Петок, кога Христос е распнат, умрел и бил погребан.

На Велики Понеделник, Велики Вторник и Велика Среда се служи Литургија на предосветените дарови.

А на Велики Четврток и на Велика Сабота – Василиева литургија. Овие два дена се причестуваат најмногу верници. Затоа што тие се последните две литургии во постот и затоа што на Велики Четврток е востановена Светата причест, на Тајната Вечера, а Велика Сабота е единствената сабота што се пости строг пост и затоа што сакаат верниците причестени да го пречекаат Христовото воскресение – Велигден.

Пост и диета. Се слабее ли со постење?

Постот не е диета. Неговата цел и задача е друга. Не се пости за да се слабее, туку за да се зајакне духот и за да се претпочита духовното над телесното. Но, се разбира, тоа воздржување во текот на постот може да придонесе и за зацврстување на волјата и за решеноста да се храниме поумерено и поздраво.

Добро е да се користи разновидна храна и за време на постот. Сите сме различни во односот кон храната и во односот на храната кон нас и кон нашиот организам. За некого храната се лепи веднаш, а за друг не. Важно е и воздржувањето од количината во исхраната. Таа навика ќе помогне.

Сигурно е дека постењето е здраво и корисно.

Поуки и препораки за христијанскиот живот во текот на постот

Постењето не е само воздржување од мрсна храна или нејадење, оти и ѓаволот воопшто не јаде, ама јаде души човечки и е полн со злоба, па не може да се спаси.

Затоа, кога постиш, не завидувај, туку радувај се; не осудувај, туку проштевај; не прави неправда, туку помагај; не отфрлај, туку поткрепувај; не скарувај, туку смирувај; не навредувај, туку пофалувај итн. Зашто, каква е ползата што не јадеш месо, ако го јадеш брата си?

Постот е време на духовна будност, очистување, покајание, молитва, подвизи и добри дела. Тој е неразделно поврзан со молитва, со читање духовни книги, со дела на милост и љубов кон ближниот, духовни разговори, посета на богослужби, читање и проучување на Светото писмо, посета на часови по веронаука и верски поуки и правење добро.

Најдобро е така христијански да живееме постојано, но ако во тоа не успеваме, тогаш постот е најдобар период за вежбање во доброто и придржување кон тоа, за да ни постане доброто навика и да биде наш начин на живеење. Добро е во тој период да се воздржиме од вообичаените лоши навики, недостатоци и пороци.

Да ги контролираме страстите. Да не говориме неумесни зборови, пцости и шеги; да не гледаме премногу телевизија, особено, она што е непотребно, непристојно и соблазнително; да одбегнуваме кавги и расправии; да го отфрламе гневот и злобата; да го оставиме пушењето или да го смалиме; да се воздржиме од алкохолни пијалoци или да се ползуваат умерено; да се одбегнува секое зломислие, злочувство и злодело. Да мислиме повеќе на духовното, отколку на телесното – повеќе за душата, отколку за телото.

Народот вели: Кој пости, душата ја гости!

Според МПЦ денес се празнуваат овие светители

Преподобен Јован Касијан

Овој голем духовник се роди во Рим од угледни родители. Во младоста ги изучи сите светски науки, особено философијата и астрономијата. Потоа сиот се предаде на изучување на Светото Писмо. Вдавајќи се од добро на подобро и сакајќи с ? поголем степен на совршенство, Касијан замина од Рим за Цариград за лично да го види и чуе Свети Јован Златоуст. Златоуст го поучи и го посвети за ѓакон. Откако многу се исползува со мудроста на Светиот Златоуст, се упати понатаму на Исток за уште повеќе да се поучува и усовршува. Најмногу се задржа во Мисир, во Нитрија, меѓу прочуените духовни атлети, од кои се научи на вежбање во сите добродетели. Најпосле повторно се врати на Запад и се насели во градот Марсеј. Овде основа два манастири, еден машки и еден женски. На молба на монасите напиша повеќе списи од кои особено полезен за љубителите на духовниот живот е: „Осум книги за борбата против осумте главни страсти“. Особено важен е неговиот спис против еретикот Несториј. Касијан го напиша тој спис на молба на архиѓаконот Лав. Му послужи верно на Господ и се пресели во вечниот живот во 435 година. Моштите на Свети Касијан и денес почиваат во Марсеј.

Тропар

Преподобноста со труд добродетелен ја задоби, благодатта Божја те преисполни, о свет оче Јоване Касијане, патеводител ти беше Јован Велики, ученик Лав смирени, а ти кој си пофалба на Јован Лествичник. Бестрасноста твоја до престолот Божји те возвиси, оттаму на нас ти погледни, и моли ја Светлината да н? прими при Себе очистени.

Преподобен Варсонуфиј

Родум од Палестина. Роден како незнабожец, а се крсти во својата осумнаесетта година и веднаш се замонаши и го доби името Јован. Кога се прочу со својот добродетелен живот, го избраа за архиепископ на Дамаск. Но не остана долго на таа положба. Жеднеејќи по осамен духовен подвиг тајно го напушти Дамаск и отиде во Нитриската пустина. Овде се пријави под името монах Варсонуфиј и веднаш го доби послушанието на манастирски водоносец. Некогашниот архиепископ ова послушание го прими со радост. Со своето расудување и со другите вредни добродетели наскоро им стана пример на сите монаси. Дури пред смртта на монасите им беше откриено кој е тој. И така овој светител послужи со својот пример за укор на гордите и властољубивите, а за утеха на смирените и кротките. Се упокои мирно во 457 година.

Еве што ќе се случи со тие што ќе се венчаваат во престапна година

Бра­кот склу­чен во пре­стап­на го­ди­на кра­тко ќе трае – ве­ру­ва­ње што по­стои тол­ку одам­на, што ни­кој не знае зо­што и од ка­де про­из­ле­гу­ва. Ве­ро­јат­но, ста­ри­те Ма­ке­дон­ци ва­ка са­ка­ле да си ја об­јас­нат или да ѝ да­дат зна­че­ње на го­ди­на­та со еден ден по­ве­ќе.

Спо­ред ед­но пре­да­ние, пак, су­е­ве­ри­е­то што и де­нес им пра­ви шу­бе на ид­ни­те не­ве­сти, го поч­на­ла мај­ка што са­ка­ла уште ед­на го­ди­на да си ја чу­ва ќер­ка­та до­ма.

Во ми­на­то­то, за вен­ча­вки или за свад­би се че­ка­ло до след­на­та го­ди­на, а до­кол­ку мла­до­жен­ци­те не­ма­ле вре­ме за че­ка­ње, ка­ко што бил слу­ча­јот со пе­чал­ба­ри­те, за да не ги бие ма­лер на свад­ба­та при­не­су­ва­ле леб или по­га­ча ме­се­ни со браш­но од ми­на­та­та го­ди­на.

За цр­ква­та ова су­е­ве­рие отсе­ко­гаш би­ло са­мо тоа – су­е­ве­рие. Отец Бо­бан од Ма­ке­дон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква ве­ли де­ка пре­стап­на­та го­ди­на е та­ква са­мо по­ра­ди бро­јот на де­но­ви­те, ни­што по­ве­ќе и не­ма ни­ка­кви имп­ли­ка­ции врз ос­но­ва на цр­ков­ни­от или на ду­хов­ни­от жи­вот.

– Си­те ра­бо­ти си се пра­ват нор­мал­но, ка­ко и во си­те дру­ги го­ди­ни. Тоа е су­е­ве­рен став, кој про­из­ле­гу­ва од су­е­ве­ри­е­то на лу­ѓе­то. Во пре­стап­на­та го­ди­на и се вен­ча­ва и се кр­шта­ва и се пра­ват си­те ра­бо­ти што ги пра­ви­ме и во го­ди­ни­те што не се пре­стап­ни. Ако оди­ме по таа ло­ги­ка, зо­што би се од­зе­ла са­мо вен­ча­вка­та и кр­штен­ка­та, зо­што не би се од­зе­ле и не­кои дру­ги све­ти тај­ни, кои ги из­вр­шу­ва­ме или не­кои дру­ги чи­но­дејс­тви­ја. На при­мер, ка­ко опе­ло­то, по­гре­бе­ни­е­то на мир­ја­ни­те, то­гаш се­то тоа би тре­ба­ло да се ско­ка и да не се пра­ви– ве­ли отец Бо­бан.

Но, и по­крај тоа што све­ште­ни­ци­те на се­ко­ја ид­на брач­на двој­ка ѝ об­јас­ну­ва­ат де­ка тоа е чи­сто су­е­ве­рен став, кој не­ма ни­ка­ква вр­ска, ни­ка­ков кон­текст со пре­да­ни­е­то, уче­ње­то и ве­ру­ва­ње­то на цр­ква­та, и де­нес се гле­да пад на бро­јот на вен­ча­вки­те во пре­стап­на го­ди­на.

Спо­ред Др­жав­ни­от за­вод за ста­ти­сти­ка, бро­јот на ве­нча­вки­те во две­те прет­ход­ни пре­стап­ни го­ди­ни 2008 и 2012 го­ди­на, за­бе­ле­жал пад од 5,1 про­цен­ти и во два­та слу­ча­ја. Ако во 2007 го­ди­на има­ло 15.490 вен­ча­вки, во 2008 го­ди­на тој број пад­нал на 14.695, за ве­ќе во след­на­та го­ди­на, по­втор­но за­бе­ле­жал по­ка­чу­ва­ње. Исти­от слу­чај се бе­ле­жи и по че­ти­ри го­ди­ни. Во 2011 го­ди­на би­ле склу­че­ни 14.736 бра­ка, за во след­на­та (пре­стап­на) го­ди­на, тој број да пад­не на 13.991.

Популарно