ФОТО: Карлеуша се огласи по веста дека се разведува

Јелена Карлеуша се огласи по натписите дека се скарала со сопругот и дека наводно ќе се разведувале, како што пишуваа српските медиуми.

Таа објави фотографија со Душко на која напиша дека се е во ред со нејзиниот брак, дека е среќна и дека тоа се само лоши луѓе со лоши намери.

ФОТО: Каролина сподели фотографија од минатото

Македонската пејачка Каролина Гочева сподели стара фотографија на Инстаграм, а фановите ја искритукуваа.

Преубава беше тогаш, еве и самата слика кажува, а сега си премногу слаба и таквата светла боја на коса не ти стои воопшто, гласи еден од коментарите.

Сепак има и коментари кои се восхитуваат на Каролина и нејзината убавина низ годините.

ФОТО: Елена Велевска го прослави роденденот на својот татко

Елена Велевска познатата македонска пејачка последните неколку месеци беше во центарот на вниманието поради нејзиниот развод со сопругот.

И додека кружат шпекулациите дали е разведена, Елена деновиве имаше убав повод за славење.

Имено, таткото на пејачката, Љупчо Велевски наполни 65 години.

- „Со љубов за најдбориот татко.Биди жив и здрав“ напиша Велевска на социјалните мрежи.

ФОТО: Ноне во прегратка на ново момче

Ноне Неделковска е повторно во центарот на вниманието. Имено таа на својот профил на Фејсбук објави фотографија со ново момче. Станува збор за Урош Терзија, а Ноне под фотографијата стави емотикон „срце“.

Коментарите на пријателите се дека изгледаат преубаво, а дали станува збор за момче или само за пријател, останува да видиме.

- Веќе речиси осум години работам на брод, само што сега имам поголема одговорност како менаџер, не е лесно различни националности и култури да усогласиш да работат со иста енергија, разбирање и почит. Денот ми завршува исто како што ми почнува, се трудам да ја намалам динамичноста кон крајот на денот и да ја поминам вечерта во мирна и тивка атмосфера- раскажа Ноне за Женски Магазин.

Популарно