Се бараат 1.5 милиони работници во Германија

На Германија моментално и недостигаат околу 1.5 милиони работници, покажуваат последните податоци на германската служба за вработување, а освен за кадри без квалификации, на листата се наоѓаат и голем број непополнети позиции за кои е потребно високо образование.

Статистиката покажува дека најголем дел од отворените работни места се однесуваат на кандидати со средна и виша стручна спрема – дури 60 проценти, а потоа следуваат работните места за кои не се потребни квалификации (22 проценти). На крајот се професиите за кои е потребно високо образование (17 проценти).

Работниците од земјите надвор од ЕУ од 2020 година ќе можат полесно и подолго да бараат работа во Германија, па затоа уште од сега заинтересираните кандидати ги тријат рацете на овие податоци. Инаку, германскиот пазар на работна сила со години наназад се соочува со недостаток на стручни и квалификувани кадри и раст на бројот на пензионери, па затоа германската влада настојува минусот да го компензира со увоз на странска работна сила.

Либерализацијата која е донесена со новиот Закон подразбира сите квалификувани работници, без разлика на тоа дали имаат факултетска диплома или средно образование, да можат да влезат во Германија, па дури тогаш да бараат работа, односно да добијат работна дозвола во времетраење од шест месеци. Кога станува збор за признавањето на дипломата, работниците ќе можат да влезат во земјата, а во некои случаеви и да почнат со работа додека трае процесот на признавање на нивната диплома и квалификации.

И не само тоа. Од оваа година цената на работниот час во Германија ќе биде поголем и ќе изнесува 9,19 евра, а од 2020 година ќе се зголеми на 9,35 евра. Тоа значи дека нашите луѓе кои што работат во оваа земја за минимална плата, ќе заработуваат околу 1.550 евра месечно. Од друга страна пак, оние кои работат на висококвалификувани работни места може да заработат и над 4.000 евра.

Платата за доктор се движи од 2.500 до 4.000 евра, за возач околу 2.000 евра, а за ИТ професионалец може да биде многу повисока.

Најголемиот дел од слободните работни позиции се со полно работно време. Како што се очекуваше, најголем недостиг на работна сила има во Берлин, а голема побарувачка за работна сила има и во Штутгарт, Келн и Дизелдорф. Значајно помалку работни места има во Минхен каде што трошоците за живот се значително поголеми во однос на останатите градови од земјата.

Податоците покажуваат дека во изминатите 2 години, од балканските земји најмногу биле барани медицински работници и возачи со Ц категорија.

Иако на прв поглед ви се чини дека нашите луѓе кои заминуваат да работат во оваа западна земја може да бидат перачи на садови, негуватели или возачи, изгледа дека работите се менуваат, бидејќи побарувачката за странска работна сила за висококвалификувани позиции не била никогаш поголема.

ЛИСТА НА СЛОБОДНИ ПОЗИЦИИ ПО СЕКТОРИ КОИ МОМЕНТАЛНО СЕ СЛОБОДНИ ВО ГЕРМАНИЈА: Банки, осигурување, недвижности – 18.839, Градежништво, архитектура – 135.451, Рударство, Обработка на камен и стакло, Керамика – 26.276, Административни работници, економисти – 152.000, Хемичари, биолози, фармацевти – 48.487, Електричари – 139.066, Туризам, угостителство – 60.715, Социјална работа, педагогија – 77.840, Медицина, негувателки – 119.059, Трговија – 130.736, Индустрија со дрво, хартија и пластика – 72.612, ИТ сектор – 66.398, Земјоделство – 16.347, Менаџмент, консалтинг – 34.800, Маркетинг, PR – 39.332, Медиуми, култура – 23.330, Метална индустрија, машинство, конструкција на возила – 282.436, Храна – 53.593, Право, даноци и финансии – 34.600, Текстил, кожа – 27.559 и Превоз, магацини и логистика – 134.247 слободни места.

Тинејџер во Германија ги заклал родителите и братот, од смрт ја поштедил сестра си

Деветнаесетгодишник со нож ги убил братот и родителите и тешко си ја повредил сестрата во Хохентенген на германско-швајцарската граница, соопшти државното правобранителство во сојузната покраина Баден-Виртемберг. 19-годишникот со нож ги убил родителите на возраст од 58 и 61 година, а потоа и 34-годишниот брат. Сестрата, чија возраст не е објавена, била повредена и со хеликоптер била пренесена во блиската болница. Таа наводно се здобила со сериозни убодни рани, но нејзиниот живот не е во опасност.

Инцидентот се случил вчера вечерта, соопштија од полицијата и од државното правобранителство. Осомничениот е уапсен. Според полициското соопштение, целото семејство живеело во куќата во која се случил масакрот. Убиецот има германско и италијанско државјанство. Мотивот за нападот се уште е нејасен.

Според информациите од државното правобранителство, 19-годишникот се товари за тројно убиство без умисла и обид за убиство, а во текот на денот треба да биде изведен пред судија кој треба да одреди мерка притвор.

Во истата област, пред два месеци, 32-годишен син ги убил своите родители, а на крајот и себеси

Ни трага, ни глас од 100 лица по масакрот од Москва

Деведесет и пет лица се уште се водат како исчезнати по минатонеделниот терористички напад во Москва, јавија денеска руските медиуми.

Официјалниот биланс на загинати во нападот во Crocus City Hall сега е 140 мртви и 182 ранети.

Порталот База, кој има добри врски со руските безбедносни служби, објави дека на списокот се појавиле уште 95 лица кои нивните семејства ги пријавиле за исчезнати.

Руските истражители велат дека акцијата ја извршиле четворица напаѓачи со калашникови. Пукањето започна непосредно пред рок групата „Пикник“ да настапи пред 6.200 гледачи.

Оттогаш руските социјални мрежи се преплавени со повици за помош во пронаоѓањето на исчезнатите.

Собрани во чат на Телеграм, пријателите и семејствата ги споделуваат имињата на луѓето кои сè уште се бараат и нудат поддршка еден на друг.

Евакуиран трговски центар во Москва поради дојава за поставена експлозивна направа

Посетителите и персоналот на трговско-забавниот центар „Мозаик“, во југоисточниот дел на Москва, се евакуирани поради анонимна закана за поставена експлозивна направа, изјави за руската државна новинска агенција, претставник на Итната служба на главниот град.

„Анонимен повик со закана за бомба имаше во трговскиот центар „Мозаик“ на улица Кожуховскаја бр. 7, зграда 9“, рекол соговорникот на руската агенција.

Според него, при безбедносната проверка сите посетители и персоналот биле евакуирани од зградата.

Претходно, како што јави рускиот портал Маш, поради закана за поставени бомби денеска во Москва се евакуирани  700 лица од болницата „Пирогов“, во која се сместени настраданите од терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“.

Порталот објавува дека до Националниот медицинско-хируршки центар „Пирогов“ било испратено писмо за можна експлозија.

Во известувањето се наведува дека станува збор за импровизирани експлозивни направи од фосфор со 40-минутен тајмер, кои наводно се сместени во четири ранци на неколку ката од медицинската установа.

Пациентите и персоналот се евакуирани од зградата, а на лице место пристигнала и итната помош. Во терористичкиот напад на 22 март во концертната сала „Крокус Сити Хол“ во Подмосковље загинаа 137 лица.

Популарно