ФОТО: Џенифер Лопез се здебели- се појави на улица со мрсна коса и бeз шминка

Додека чекорат по црвениот тепих, многу од ѕвездите изгледаат речиси совршено, но кога папараците ќе ги уловат далеку од сјајот и гламурот, во приватниот живот, без шминки и рефлектори, дури тогаш има што да се види.

Таков е случајот со популарната пејачка и актерка Џенифер Лопез, која е видена со своето момче Алекс  Родригез како излегува од една клиника.

Таа е облечена во тесни хеланки кои ги истакнаа нејзините облини, а се чини дека Џеј Ло во псоледно време се здебелила.

На себе немаше ни трошка шминка, што вешто го прикри со очилата, а кога фризурата е во прашање, очигледно не стигнала да ја измие косата.

Џенифер Лопез важи за една од најсексапилните дами во Америка, па веќе започнаа критиките дека ова воопшто нема да им се допаѓа на нејзините фанови, додека други истакнуваат дека овој нејзин потег е исклучутелно храбар, бидејќи ги поттикнува жените да бидат свои и посакувани без модни додатоци, скапа гардероба и козметика.

ФОТО: Кејт Мидлтон кошулата ја облече наопаку

Војвотката Кејт Мидлтон повторно го привлече вниманието на модните критичари во Британија. Тие нејзиниот стил го нарекоа „беспрекорен“, но открија дека војвотката од Кембриџ првпат направила моден гаф, а кошулата ја облекла наопаку.

„Свилената виолетова кошула со копчиња со потпис на „Гучи“ се закопчува на грбот, а не напред. Дали сопругата на принцот Вилијам ја облече кошулата намерно погрешно или никој не ѝ кажал како се носи овој модел?“, велат тие.

За споредба, тие го покажаа оригиналниот модел на познатиот бренд, но додадоа дека заради големата панделка копчињата напред скоро и да не се забележуваат, па ефектот е совршен.

ФОТО: Ким Кардашијан го копира стајлингот на Наоми Кембел од 90-те

Иако веќе неколкупати (официјално и неофицијално) е прогласена за највлијателна светска трендсетерка, Ким Кардашијан Вест овој пат е обвинета за копирање на туѓ стајлинг.

Обожавателите на легендарната манекенка Наоми Кембел воочиле дека Ким низ годините копирала неколку нејзини стајлинзи и тоа многу детално.

Една Твитер корисничка објавила видео во кое ги споредува Наоми и Ким, а во описот додала: „Еднаш е несреќа. Двапати е случајност. Трипати е примерок.“

Но, освен во облеката, некои се надоврзале дека Ким постојано наоѓа инспирација во Наоми и за фризурата и шминката.

Иако повеќето ја критикувале старлетата, некои нејзини обожаватели истакнале дека Наоми била манекенка чија работа ѝ била промовирање на модни трендови, за што била платена.

Што мислите вие, случајност или „примерок“?

Џесика Алба открива која е тајната на нејзиниот долг и среќен брак

Актерката Џесика Алба е во брак со продуцентот Кеш Варен од 2008-ма гоина, а имаат и три деца, две девојчиња и еден син.

Иако холивудските бракови често немаат многу надеж, бидејќи многумина веруваат дека екстравагантниот начин на живот на актерите, продуцентите, пејачите и другите често не издржуваат долготрајни љубовни врски, но убавата Џесика и нејзиниот сопруг се вистински исклучок.

Во недамнешно интервју, актерката ја прашале според неа кој е рецептот за среќен брак, на што таа одговорила дека тоа е пријателството. „Ние и понатаму сме заљубени. Со текот на времето научивме да комуницираме и да ги решаваме несогласувањата, пред расправијата да прерасне во карање. Ние пред сè сме пријатели и имаме многу голема почит еден кон друг“, додала Џесика.

Таа исто така открила дека сопругот ѝ е голема поддршка во секој момент и дека тие секогаш се трудат да најдат време само за нив, што е клучно за опстанување на добар и здрав брак.

Популарно