ВИДЕО: Учителка влече болно детенце низ ходник

Учителка доби отказ од училиште во американската држава Кентаки, откако се појави видео снимка на која може да се забележи како таа низ ходник влече 9-годишно дете со аутизам. Локалните органи соопштија дека таа добила отказ во понеделникот, иако инцидентот се случил во октомври минатата година.

Учителката е отстранета од училиштето по формална истрага, а случајот е пријавен до надлежните органи”, изјавија надлежните во училиштето.

Мајката на момчето Енџел Нелсон изјавила за Си-ен-ен дека нејзиниот син бил извлечен од училницата откако имал ,,испад”. Таа на Фејсбук објави видео од сигурносните камери во училиштето на кои се забележува како учителката го држи детето за зглобот на раката и го влече низ ходникот.


ФОТО: Змија се пикнала во количка додека бебето спиело

Жител на Нови Сад во понеделникот бил шокиран од глетката на познатото капалиште Штранд. Таму се појавијала змија кои прилично ги вознемирија жителите на Нови Сад.

Тој изјави дека една змија се пикнала во количката на неговото бебе кое има само 4 месеци.

– Змијата се пикна додека бебето спиеше во количката. Вистинска среќа е што сопругата ја забележала на време и веднаш го извадила бебето – раскажа овој Новосаѓанец.

Тој рече дека потоа веднаш ги повикал надлежните служби.

Инаку, горештината ги „измами“ влекачите на градските улици, па тројца пациенти се наоѓаат на лекување во лесковачката болница поради каснување од змии отровници, додека еден жител на Ниш е згрижен во тамошниот Клинички центар исто така каснат од змија.

ВИДЕО: Морничаво предвидување на Нострадамус

Британскиот таблоид објаснува дека глобалните тензии и природни катастрофи може да бидат знаци за катастрофата која Нострадамус ја предвидел пред 500 години.

Францускиот астролог Нострадамус, најпознатиот светски пророк,во своите запасиси ги споменал и „вулканскиот оган“ и земјотресите во „Новиот град“ кои ќе се почувствуваат ширум светот, тврди британскиот таблоид Дејли екпрес. Некои во тоа гледаат најава за катастрофа во САД.

Теоретичарите на завери ова го толкуваат како предупредување на претстојната разорна ерупција и земјотресот во Сверна Америка, тврди британскиот весник. Потсетуваат и на француските средновековни астролошки стихови, пренесувајќи ја приказната за „земјотресот кој посебно ќе се однесува на западниот дел од Новиот град“.

Се вели дека тој ќе удри со толкава сила, „која ќе се почувствува во земјите ширум светот“, и „вулканскиот оган од средината на земјата која ќе го протресе Новиот град“.

Весникот наведува дека „Новиот град“ претставува континент кој Колумбо го открил пред Нострадамус да го запише своето мрачно пророштво. Британскиот таблоид објаснува дека глобалните тензии и природни катастрофи може да бидат знаци на катастрофата која Нсотрадамус ја предивдел пред 500 години.

Тој, предвидувајќи го крајот на светот, зборувал за огромна планина, која во пламен била фрлена во море, а „третина од морето претворено во  крв“.

Според толкувањата тоа може да се однесува на Јелоустоун. Ако вулканот во познатиот национален парк проработи, емисиите на сумпор-диоксид може да убијат 87.000 луѓе и голем дел од САД да биде нпогоден за живот.

Силуваната тинејџерка си го одзеде животот со законска евтаназија

По долгогодишна борба со депресијата и менталното заболување, 17 -годишна тинејџерка од Холандија која била жртва на сексуална злоупотреба, си го одзеде животот со помош на државната програма за евтаназија, пренесува РТ.

Тинејџерката Ноа Потовен си го одзеде животот во својот дом во Арнхем во неделата со помош на клиниката за евтаназија.

Аистираното самоубиство е легално во земјата од 2001 година, за кое е потребно одобрение од лекар кој мора да заклучи дека болката на пациентот е неиздржлива.

На денот пред нејзината смрт, Потовен ја сподели својата одлука со повеќе од 10.000 следбеници на Инстаграм.

-Во рок од 10 дена ќе умрам, напиша таа и додаде: По неколку години борба се е готово. Јас веќе престанав да јадам и пијам некое време, а по многу разговори и критики беше одлучено да ме „ослободат“ бидејќи моето страдање е неподносливо. Завршено е.

Потовен пишуваше за својата битка со депресија во наградената автобиографија. Во книгата, тинејџерката детално ги опишува искуствата со сексуална злоупотреба и силување, поради кои таа со години се криела од срам.

Популарно