Уште денеска снег, од утре магла!

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерна облачност и со слаб до умерен северен ветер. Претпладне во западните делови ќе има услови за слаб снег.

Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус два, а дневната од минус четири до три степени.

Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус седум, а дневната ќе достигне до еден степен.

Од утре попладне до недела времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со услови за магла по котлините. Во понеделник во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.

Облачно со дожд и днег, но снежниот бран доаѓа во..

Времето во Македонија ќе биде облачно, претпладне со дожд и снег на пониските места, пообилни ќе бидат во источните делови, а во попладнвните часови постепено ќе престануваат.

Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од нула до осум степени.

Во Скопје слично време, облачно со повремени врнежи од дожд и снег.

Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе достигне до пет степени.

Нов студен и влажен бран ќе има во петок кога ќе има пообилни врнежи, особено во јужните делови. Заради заладувањето врнежи од снег ќе има и во некои пониски места каде што ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 20 сантиметри.

Пристигна циклонот - Македонија под дожд и СНЕГ!

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Повеќе врнежи ќе има попладне и во текот на ноќта кон четврток, особено во јужните делови. Ќе дува умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од два до осум степени.

Во Скопје слично време, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Повеќе врнежи се очекуваат попладне. Ќе дува умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе достигне до шест степени.

Во текот на неделава ќе има повремени врнежи од додж и снег на пониските места и само снег на планините. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните и западните делови каде на планините покривката ќе се зголеми. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Попоски:Циклон МАРКО над Македонија – очекувајте поинтензивни дождови и снегови и зголемување на снежната покривка

Под влијание на изразениот циклон Марко во текот на следните денови времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи и тоа со променлив интензитет, на ниските места ќе бидат од дожд додека на повисоките и планинските места ќе бидат од снег со што ќе има понатамошно зголемување на веќе постоечката снежна покривка.

Повремено врнежи од дожд и од снег ќе има и на некои од пониските места особено на запад и на север од државава.

Локално врнежите ќе бидат поинтензивни и во текот на следниот период се очекува да наврнат над 40 л/м3 воден талог, ќе дува умерен ветер од југоисточен правец кој повремено на некои места ќе засилува на интензитет.

Од четврток поради продор на постуден воздух од север ветерот ќе го промени правецот во северен и веќе од петок врнежи од снег ќе има и на повеќе пониски места со што има услови за формирање на снежна покривка.

Од петок максималните температури ќе опаѓаат и ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 9 во поток и веќе во сабота ќе биде уште постудено со максимални температури од -3 до 5 степени.

Подготви: Славчо Попоски

Популарно