ФОТО: Гранчната полиција го застанала поради необично заоблени делови во панталоните

На граничниот премин помеѓу Малезија и Сингапур, цариниците забележале маж кој во панталоните имал необично заоблени делови во неговите пантолони од каде пак се слушало мјаукање, па им станало јасно за што се работи.

Имено мажот се обидувал преку граница да пренесе четири мали мачиња. Полицијата овој необичен обид за криумчарење го сподели и на социјалните мрежи.

Пренесување животни преку граница е недозволено поради можно ширење на болести.

Поради овој обид за криумчарење, 45-годишниот маж можел да добие казна од 10 илјади долари, да заврши во затвор една година, или двете, истакнале тие. 

ФОТО: Миленко Неделковски со навреди до Заев и сопругата

Новинарот Миленко Неделковски, повторно посвети два ФБ поста на Зоран Заев. Овој пат мета на неговите критики, освен премиерот беше и неговата сопруга Зорица Заева.

„На таа пара вака сељачки да се облечеш!!! Ај тој со каишот си го знаеме, ама таа, бе?

Ко торта за свадба у Сисојевац кај Парачин.“

ОГЛАС за работа: „Дормео“ ви плаќа 10.000 денари да спиете!

И годинава, Дормео повторно бара 3 талентирани спијачи, кои ќе сакаат да спијат еден цел работен ден и кои ќе уживаат во паузата за појадок во кревет. Тие ќе бидат платени по 10.000 ден. за работата од соништата. Го имаш ли тој талент?

КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИШ?

Пријавувањето трае до 1ви април. Избраните спијачи ќе бидат контактирани на оставените тел. броеви. Спијачкиот ангажман ќе биде во периодот од 18ти до 23ти април. Со пријавувањето се согласуваваш со Правилата, прочитај ги ТУКА!

Од наредната недела нови авиолинии на „Визер“

По цени од 20 евра до Малме и Милано ќе се лета од понеделник.

Директните авиолинии до шведскиот град Малме и градот на модата Милано стартуваат за три дена.

Со овие авиолинии ќе оперира Визер а покрај тоа што станува збор за нискобуџетни летови, билетите ќе бидат уште поевтини, затоа што се работи за нивно субвенционирање, откако „Виз ер“ го доби новиот оглас на Министерството за транспорт и врски, а услов да се добијат петте милиони евра во наредните три години беше воведувањето на нови линии, особено од Охрид.

Од „Виз ер“ денеска објавија дека во јули ќе биде донесен и уште еден петти авион.

Популарно